GGP Italy SPA Chainsaw 71501055_0 Operators Manual
Have a look at the manual GGP Italy SPA Chainsaw 71501055_0 Operators Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 893 GGP Italy SPA manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.
2MK1. За ваша сигурносв 1.Не ја користете моторната пила доколку сте уморни, болни или раздразнети, доколку сте под дејство на лекарства кои ве успиваат или доколку сте под дејство на дрога и алкохол. 2.Користете безбедносни обувки, соодветна облека и заштита за очите, ушите и главата. Користете анти вибрирачки ракавици. 3.Одржувајте ги ланецот и моторната пила секогаш наострени, како и Анти - Вибрирачкиот систем (АВ), секогаш во добра состојба. Ненаострениот ланец ќе го зголеми времето на сечење и ќе ги зголеми вибрациите кои се пренесуваат на рацете на операторот за време на сечењето. Моторна пила со успорени компоненти или со излижани или оштетени анти - вибрирачки перничиња, ќе го зголемат степенот на вибрирање. 4.Сите горенаведени мерки за безб едност не гарантираат заштита од ризикот на феноменот Рајнауд и синдромот на масивен тунел. Оној кој долго ја користи оваа машина се препорачува одвреме навреме да направи контрола на рацете и прстите. Доколу некои од горенаве- дените симптоми се појават, веднаш консултирајте лекар. 5.Запаливоста третирајте ја со задолжително внимание. Ако го натопите моторот со гориво, исушете го пред да го запалите и моторната пила оддалечете ја најмалку 3 метри од точката на полнење на горивото. 6.Отстранете ги сите извори на искрење или оган (на пример цигари, пламен или апарати кои можат да предизвикаат искрење) од местото кадешто горивото се меша, истура или складира. 7.Не пушете додека полните гориво ниту пак додека моторната пила раб оти. 8.Не дозволувајте никој да се приб- лижува додека моторната пила раб- оти. Држете ги подалеку луѓето и животните од местото каде што раб- отите. Децата, животните и возрасни- те луѓе би требало да бидат оддалечени најмалку 10 м од моторната пила додека таа работи. 9.Не започнувајте со работа доколку претходно не сте го исчистиле местото каде што ќе работите, доколку не сте се осигурале дека имате потпора за нозете и доколку не сте направиле простор за дрвото кое што паѓа. 10 .Кога моторот е вклучен држете ја моторната пила со двете раце. Со палецот и другите прсти цврсто фатете ги рачките и смирено стискајте ги. 11.Додека работите, држете ја моторната пила далеку од вашето тело. 12.Пред да ја вклучите моторната пила, проверете острицата да не биде во контакт со други предмети. 13.Транспортирајте ја моторната пила само кога моторот е исклучен, со водечкиот лост и ланецот наназад и со пригушувачот далеку од вас. 14.Пред да започнете со работа, проверете дали ланецот е лабав, оштетен или употребуван. Никогаш не употребувајте ланец кој што е оштетен, поправан на несоодветен начин и нецелосно и несигурно наместен. Проверете дали ланецот запира кога командното копче за заб рзување ќе се исклучи. 15.Сите интервенции на моторната пила, освен оние кои се наведени во овој прирачник, треба да бидат извршувани само од страна на стручни лица (во спротивно, доколку на пример замаецот се извади или се 1. За ваша сигурност
3MK1. За ваша сигурност блокира за да се извади квачилото, а притоа се користи несоодветен алат, замаецот може да се оштети, а во тој случај би можел да се раздели за време на работата). 16.Пред да ја спуштите моторната пила, исклучете ја. 17.Внимавајте додека сечете грмушки и сл., бидејќи ланецот може да се заплетка и да ги исфрли истите накај вас, и притоа може да изгубите рамнотежа. 18.Кога сечете густи гранки, бидете внимателни да не ве удрат кога ќе снема притисок. 19.Не сечете кога дува ветер, кога времето е лошо и кога не се гледа, кога температурите се многу ниски или многу високи. Осигурете се дека нема суви гранки кои можат да паднат 20.Одржувајте ги рачките чисти, суви и чисти од масло и гориво. 21.Работете само во добро проветерени простори. Не ја користете моторната пила во затворени простори. Издувните гасови содржат отровен карбон моноксид. 22.Не работете во внатрешноста на крошната на дрвото, освен ако не сте обучени за таквото работење. 23.Внимавајте на против-ударите. Против-ударите се случуваат кога водечкиот лост ќе отскокне нагоре и со врвот ќе се судри со некој предмет. Ова може да предизвика да изгубите контрола врз моторната пила. 24.Кога ја транспортирате моторната пила, покријте го ланецот со соодветна заштита. ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПРОТИВ-УДАР ПРИ РАБОТА СО МОТОРНА ПИЛА Против-удар се добива кога крајните точки на ланецот се судруваат со предмет или кога дрвото го притиска или блокира ланецот на сечивото. Кога врвот на ланецот ќе дојде во контакт со предмети понекогаш предизвикува многу брзо отскокнување во спротивна насока на начин на кој го притиска водечкиот лост нагоре и накај вас. Доколку ланецот се блокира долж повисоката страна на водечкиот лост истиот би можел да се насочи накај вас. И во двата случаи можете да изгубите контролата врз моторната пила, со можни тешки последици. • Не се потпирајте само врз предодрените мерки на безбедност, приложени со моторната пила. Преземете ги сите можни безбедносни мерки за да избегнете секаков можен инцидент. 1.Откако ќе разберете како дејствува против- ударот можете целосно да го елиминирате елементот изненадување. Ова претставува голема опасност во случај на несреќа. 2. Доколку моторната пила е вклучена секогаш држете ја со двете раце, и тоа десната рака на задната рачка а левата на предната рачка. Фатете ги рачките со палците и прстите и силно притиснете. Така ќе го намалите против-ударот и ќе ја оддржите контролата врз моторната пила. 3. Исчистете го работниот простор од предмети и препреки. За време на работата избегнувајте врвот на водечкиот лост да дојде во контакт со стеблата, гранките или други препреки. 4. Со моторот сечете со максимален број на вртежи. 5. Не истегнувајте се премногу и не сечете повисоко од вашите рамења. 6. За острење и одржување на ланецот, следете ги упатствата од производителот. 7.Употребувајте само лостови и ланци кои се препорачуваат од страна на производителот или слични на нив. !ВНИМАНИЕ!
4MK2. Објаснување на симболите на апаратот За сигурна работа и оддржување, симболите се изгравирани на апаратот. Следете ги упатствата и не правете грешки. . Отвор за снабдување со горивоПоложба:Блиску до затката за гориво Отвор за снабдување со масло за ланецот Положба:Блиску до затката за масло Со прекинувачот во положба “I”, моторот се вклучува. Со прекинувачот во положба “O”, моторот веднаш престанува со своето работење. Положба:Напред, на рачката. При вклучување на апаратот, ако се повлече зафатот на стартерот (од десна страна одзади на задната рачка) во позиција како што е посочено со стрелката, може да поставите во режим на работа како што следи: – Прва позиција – режим на вклучување кога моторот е топол. – Втора позиција – режим на вклучување кога моторот е ладен. Положба:На горната страна десно од поклопецот на филтерот за воздух !ВНИМАНИЕ!Завртката обележана со “H” регулира висока брзина. Завртката обележана со “L” регулира ниска брзина. Завртката обележана лево со “T” е завртка за минимално регулирање. Положба:Левиот дел од задната рачка. Приказ на правецот при што се ослободува кочницата на ланецот (бела стрелка) или истата се активира (црна стрелка). Положба:Фронтален дел на капакот за ланецот ко ја свртите рачката со шрафцигер, следејќи ја стрелката наспроти позицијата гМАКС“, маслото ќе тече во голема количина врз ланецот; ако ја свртите наспроти позицијата гМИН“, тоа ќе тече во мала количина. Положба:Долна страна на единицата за моќност 2. Објаснување на симболите на апаратот
5MK3. Инсталирање на водечкиот лост и на ланецот Нормалната комплет опрема ги содржи следниве делови: Отворете ја кутијата и инсталирајте ги водечкиот лост и ланецот на начин како што следи: Ланецот има многу остри рабови. За ваша безбедност, користете тешки заштитни ракавици. 1.Повлечете го заштитникот накај предната рачка за да проверите дали кочницата на ланецот е наместена. 2. Попуштете ги навртките и извадете го поклопецот на ланецот. 3. Наместете го ланецот на запчаникот и држете го истиот во положба на водечкиот лост, инсталирајте го водечкиот лост на моторот. Регулирајте ја положбата на навртката за затегнување на ланецот. !ВНИМАНИЕ! Проверете дали правецот на ланецот е исправен. 4. Инсталирајте го поклопецот на ланецот на моторот и завртете ги рачно навртките. 5.Подигнете го врвот на лостот и истовремено регулирајте го притисокот на ланецот со завртката за затегнување на ланецот се додека рачките за поврзување не ја допрат долната страна на лостот. 6.Добро прицврстете ги завртките со врвот на лостот притиснат нагоре (12 ~ 15 Nm). Проверете дали ланецот добро лизга и е правилно распнат и движете го со рака. Доколку е неопходно, повторно регулирајте го притисокот со попуштање на поклопецот на ланецот 7.Завртете ја завртката за затегнување на ланецот. Со употреба новиот ланец има предиспозицци малку да се издолжи. Повторно проверете и регулирајте го притисокот на водечкиот лост затоа што, при често повторување, затегнатиот ланецот може брзо да се помести или да се изаби заедно со водечкиот лост. ЗАБЕЛЕШКИ ЗАБЕЛЕШКИ 3. Инсталирање на водечкиот лост и на ланецот (1) Поклопец на ланецот (2) Ставената навртка го притиска ланецот (1) Правец на движење (1) Мотор (2) Заштита на лостот (3) Водечки лост (4) Ланец (5) Клуч со бусола (6) Одвртувач за регулирање на карбураторот (1) Затегнете (2) Притиснете (3) Дигање (4) Завртки за затегнување на ланецот
6MK4. Гориво и масло за ланецот • ГОРИВО Бензинот е високо запалив. Избегнувајте пушење и приближување на искри и оган до горивото. Исклучете го моторот и оставете го да се излади пред да наполните гориво. Полнењето гориво треба да се изврши на место каде што нема вегетација и пред да го вклучите моторот треба да се оддалечите најмалку 3 м од точката на полнење. • Моторите се подмачкани со масло создадено за двотактни мотори на бензин со воздушно ладење. Користете антиоксидирачко масло со висок квалитет одобрено за двотактни мотори со воздушно ладење (МАСЛО JASO FC GRADE или ISO EGC GRADE). •Не користете мешано масло BIA или TCW (за двотактни мотори со воздушно ладење). • ПРЕПОРАЧАН ОДНОС НА МЕШАЊЕ 50 БЕНЗИН : 1 МАСЛО • Емисијата на гасови е контролирана од основните параметри и компоненти на моторот (на пример карбурација, фазите на палење) без додаток на други компоненти или вовед на инертен материјал за време на согорувањето. •Овие мотори се одобрени за да функционираат со безоловен бензин. •Осигурете се дека користите бензин со минимален број на октани од 89 RON (USA/Canada: 87AL). •Употребата на бензин со помал број на октани од !ВНИМАНИЕ! оној наведениот, може да предизвика прегрејување на моторот и проблеми какви што се затнување на клиповите. •За вашето здравје и околината се препорачува употреба на безоловен бензин поради намалување на атмосферското загадување. •Бензините или маслата со помал квалитет можат да ги оштетат деловите, цевките од карбураторот или пак резервоарот за гориво на моторот. • МЕШАЊЕ НА ГОРИВОТО Бидете внимателни за време на мешањето. 1.Измерете ги количините на масло и бензин за мешање. 2. Истурете го бензинот во соодветен и чист сад за гориво. 3. Истурете го целото масло и добро промешајте. 4. Истурете го остатокот од бензинот и повторно промешајте во времетраење од најмалку една минута. За подолго траење на моторот добро промешајте, бидејќи некои масла можат да бидат тешки за мешање. Ризикот од прераното затнување на клипот се зголемува во случај на недоволно мешање. 5.Добро одбележете го садот за да избегнете мешање на содржините од садовите. 6. Содржината забележете ја на надворешноста на садот за да може лесно да го препознаете. • ПОЛНЕЊЕ 1.Затката за гориво одвртете и извадете ја. Затката потпрете ја на површина каде што нема прашина. 2. Во резервоартот истурете гориво и тоа 80% од неговиот капацитет. 3.Фиксирајте ја цврсто затката за гориво и отстранете го евентуалниот остаток од излевање околу местото на полнење. !ВНИМАНИЕ! 4. Гориво и масло за ланецот
7MK4. Гориво и масло за ланецот 1. Полнењето гориво треба да се изврши на рамен терен каде што нема вегетација. 2. Пред да го вклучите моторот, оддалечете се најмалку 3 метри од точката на полнење. 3. Исклучете го моторот пред да почнете со полнењето. Осигурете се дека доволно сте ја промешале содржината во садот. • ЗА ПОДОЛГО ТРАЕЊЕ НА МОТОРОТ, ОДБЕГНУВАЈТЕ: 1.ГОРИВО БЕЗ МАСЛО ( НЕОБРАБОТЕН БЕНЗИН) - Бргу ќе предизвика големи штети во внатрешните делови на моторот. 2. ДИЗЕЛ ГОРИВО - Може да ги оштети гумените делови и/или пластичните и може да предизвика лубрификација на моторот. 3. МАСЛО ЗА 4 ТАКТЕН МОТОР - Може да ја замасти свеќичката, да го запуши сводниот канал или да ги залепи деловите од клипот. 4. Неискористените мешавини кои стоеле повеќе од еден месец можат да го запушат карбураторот и да предизвикаат неправилно функционирање на моторот. 5. Изпразнете го резервоарот од гориво и исчистете го, доколку не го користите моторот подолго време. Вклучете го моторот последователно и испразнете го карбураторот од мешавината. 6.При евентуално расклопување, садовите со мешавината од истрошено масло треба да се предадат во овластен центар за собирање. Гаранцијата не ги покрива нормалното расипување и евентуалните измени на производот кои што ја попречуваат функционалноста. Гаранцијата не се признава и во случај кога не се почитуваат упатствата за мешање на горивото итн. содржани во овој прирачник. • МАСЛО ЗА ЛАНЕЦОТ Користете моторно масло SAE #10W-30 во текот на целата година или SAE #30 ~ #40 в лето и SAE #20 на зима. Не употребувајте користено и валкано масло, затоа што може да ја уништи пумпата. ЗАБЕЛЕШКА ЗАБЕЛЕШКИ !ВНИМАНИЕ!
Опасно е да ја користите моторната пила доколку некој дел е оштетен или е неисправен. Пред да го вклучите моторот, осигурете се дека сите делови се правилно поставени, вклучувајќи ги и водечкиот лост и ланецот. • ВКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ 1.Наполнете гориво и масло за ланецот и добро стегнете ги завртките. 2. Наместете го прекинувачот на “I”. 3.Повлечете го тркалезниот држач за регулирање на воздух во втора позиција. Воздухот се затвора и забрзувачот ќе се регулира во позиција на палење. !ВНИМАНИЕ!Кога ќе го вклучувате моторот по кратко време откако бил оставен да се одмори, оставете го тркалезниот држач за регулирање на воздухот во прва позиција (воздухот е отворен кога забрзувачот е во позиција на палење). Штом еднаш ќе се повлече тркалезниот држач за регулирање на воздухот, истиот не се враќа во позиција за функционирање дури и да го притиснете со прсти. За да врати тркалезниот држач за регулирање на воздухот во позиција на функционирање, наместо него, повлечете го забрзувачот. 4. Држете ја моторната пила цврсто на подлогата и повлечете го јажето за вклучување. Не ја вклучувајте моторната пила додека ја држите во рака. Ланецот може да го допре вашето тело и да предизвика големи последици. 5.Штом моторот ќе се сврти еднаш, поместете го тркалезниот држач за регулирање на воздухот во прва позиција и одново повлечете го јажето на забрзувачот на моторот. 6.Оставете го моторот да се загрее со лесно притискање на педалата. Држете се понастрана од ланецот, затоа што истиот ќе почне да се врти со вклучувањето на моторот. • КОНТРОЛА НА СТЕПЕНОТ НА МАСЛО Осигурете се дека лостот и ланецот се добро позиционирани кога се врши контрола на степенот на масло. Во спротивен случај, ротирачките делови можат да се издолжат. Многу е опасно. Откако ќе го вклучите, држете го моторот под среден режим на работа и проверете дали истуреното масло за ланецот соодветствува со фигурата. !ВНИМАНИЕ! !ВНИМАНИЕ! !ВНИМАНИЕ! ЗАБЕЛЕШКИ ЗАБЕЛЕШКИ 5. Употреба на моторот8MK 5. Употреба на моторот (1) Масло за ланецот (2) Гориво (1) Прекинувач (2) Рачка за забрзување (3) Блокатор на забрзувањето (1) Тркалезен држач за регулирање на воздух: (a) кај ладен мотор (б) кај топол мотор (в) по вклучување на моторот
Регулирајте го карбураторот како што следи: Регулирајте го карбураторот со инсталираниот ланец. 1.Регулирањето на иглите “H” и “L” е ограничено со долунаведениот број на вртежи. Игла “H”: -1/4 Игла “L”: -1/4 2. Вклучете го моторот на мала брзина и оставете го да се загрее неколку минути. 3. Свртете ја завртката на регулаторот на минимум (Т) спротивно од движењето на стрелките на часовникот при што ланецот нема да се движи. Доколку минималниот режим е премногу низок, свртете ја завртката во правец на движењето на стрелките на часовникот. 4. Направете пробно сечење и регулирајте ја иглата “H” не за да добиете максимална брзина, туку за добиете подобар капацитет на сечењето. Претераното ротирање на иглата “H” ќе доведе до губење сила и лошо забрзување. Во овој случај потребно е пополека да ја свртите иглата “H” спротивно на стрелките на часовникот. • КОЧНИЦА НА ЛАНЕЦОТ Оваа машина има автоматска кочница за прекинување на ротирањетото на ланецот во случај на повратен удар од моторната пила, при сечењето. Кочницата автоматски се активира од силата на инерција која дејствува врз тежината и е поставена во внатрешноста на предниот заштитник. Оваа кочница исто така може и рачно да се активира, со предниот заштитник ротиран ниско накај водечкиот лост. За да ја отпуштите кочницата, повлечете го нагоре предниот заштитник накај рачката додека не дојде во позиција на отскокнување. ВниманиеПроверете го функционирањето на кочницата со секојдневни контроли. При проверката: 1.Исклучете го моторот. ЗАБЕЛЕШКИ ЗАБЕЛЕШКИ Протокот на маслото на ланецот може да се смени со вметнување шрафцигер во отворот од долу на страната на квачилото. Регулирајте како што е потребно. Резервоарот за масло треба да се испразни речиси секогаш кога горивото ќе се истроши. Секогаш кога ќе го полните резервозарот со масло од моторната пила, истото направете го со инка. • РЕГУЛИРАЊЕ НА КАРБУРАТОРОТ Карбураторот е регулиран во фабриката. Ве молиме да се обратите кај квалификуван дистрибутер, доколку оваа моторна пила има потреба од регулирање поради промени во условите за работа или поради висината. Погрешно регулирање може да ја оштети моторната пила. Ако сакате регулирањето да го направите сами, следете ги внимателно следниве инструкции. Пред да го регулирате карбураторот, проверете дали филтрите за воздух и карбураторот се исчистени и дали горивото е добро измешано и нема останати нечистотии. ЗАБЕЛЕШКИ 5. Употреба на моторот9MK (1) Масло за ланецот (1) Игла “L” (2) Игла “H” (3) Завртка за минимум (1) Хоризонтална рачка за регулација на протокот на масло врз ланецот (2) Во голема количина (3) Во мала количина (1) Предна рачка (2) Отпуштено (3) Кочење (4) Рачна кочница
2.Држејќи ја моторната пила во хоризонтална положба, отпуштете ја раката од предната рачка, на начин на кој врвот на водечкиот лост ќе го удри трупецот или дрвениот дел итн, проверувајќи го фунционирањето на кочницата. Степен на различно дејствување со димензија на лостот. Доколку кочницата не работи добро, контактирајте го Центарот за помош, контрола и неопходни поправки. Доколку го оставите моторот да работи со висока брзина и активирана кочница, квачилото може да се прегрее и да предизвика проблеми. Кога кочницата се активира за време на работењето, веднаш отпуштете ја командата за гас за да го запрете моторот. • УПАТСТВО ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗАМРЗНУВАЊЕ Во случај на користење на моторната пила при компримирани температури меѓу 0 и 5°C, при услови на висока влажност може да се формира лед во внатрешноста на карбураторот, со последователно намалување на моќта на моторот или неправилна функција на моторот. За спречување на овие непријатности, машината има вратичка за вентилација од десната страна на поклопецот на цилиндерот на начин да овозможи минување на топол воздух и да се спречи формирање на лед. Во нормални услови, користете ја машината во режим на нормално функционирање, т.е. како што е регулирана во моментот на испорака. Сепак, во случај на формирање на лед, поставете ворежим одмрзнување пред да ја вклучите машината. во случај на користење на машината во режим на одмрзнување при високи темепратури, може да се наиде на потешкотии при палење на моторот и функционалноста на моторот и јачината може да не се правилни. Затоа контролирајте секогаш дали сте ја поставиле машината во режим на нормално функционирање за да не дојде до опасност од формирање на лед. КАКО СЕ ПРЕМИНУВА ОД ЕДЕН РЕЖИМ НА ФУНК- ЦИЈА ВО ДРУГ 1. Исклучете го моторот на соодветниот прекинувач. 2. Извадете ги поклопецот на филтерот за воздух и самиот филтер за воздух; отстранете го потоа тркалезниот држач за регулирање на воздух од поклопецот на цилиндерот. 3. Олабавете ги завртките што се фиксирани на поклопецот на цилиндарот (т.е. трите завртки одвнатре и завртките од надворешната страна на поклопецот ) и извадете го поклопецот на цилиндерот. 4. Притиснете го со прстите копчето за одмрзнување од десната страна на поклопецот на цилиндерот за да го извадите. 5. Регулирајте го копчето за одмрзнување на начин што симболот гснег“ ќе посочува кон најголемо и потоа вратете го во првичната позиција на капачето на цилиндерот. 6. Составете ги повторно поклопецот на цилиндерот и и сите останати делови во првичната позиција. • ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ 1. Отпуштете ја рачката за забрзување и оставете го моторот да работи неколку минути. 2. Позиционирајте го прекинувачот на “O” (положба за запирање), ЗАБЕЛЕШКИ 5. Употреба на моторот10MK (1) Прекинувач (1) Поклопец на цилиндерот (2) Симбол гсонце“ (3) Симбол гснег“ (а) Режим на нормално функционирање (б) Режим на одмрзнување (1) Поклопец на цилиндерот (2) Тркалезен држач за регулирање на воздух (3) Копче за одмрзнување
• ВНИМАНИЕ ОД ПРОТИВ-УДАР • Оваа моторна пила има кочница која доколку работи исправно го запира ланецот во случај на против-удар. Проверете ја ефикасноста на кочницата пред да започнте со работа, оставајаќи го моторот да работи под полн режим 1 или 2 секунди а потоа потурнете ја нанапред предната заштита на раката. Кога моторот е во полн режим на работа, ланецот треба веднаш да застане. Доколку доцни или воопшто не застанува, сменете ја лентата на кочницата и барабанот на квачилото. •Многу е важно пред секоја употреба да проверите дали ланецот правилно функционира и дали е добро наместен за да го задржите степенот на безбедност на моторната пила во однос на против-ударот. Не применувањето на сигурносните упатства, несоодветното поставување и одржување на лостот и ланецот може да го зголеми ризикот од тешки повреди предизвикани од против-удар. • СЕЧЕЊЕ НА ДРВО 1.Одредете го правецот на паѓање на дрвото, земајќи ги во предвид ветерот, наведнувањето на растението, положбата на тешките гранки, леснотијата на работата при оборувањето, итн. 2. Очистете го просторот околу дрвото, обезбедете добра поткрепа за нозете и пат за бегање. • Пред да започнете со работата, прочитајте го делот “За ваша сигурност”. За здобивање на рутина Ви препорачуваме во почетокот да сечете трупци со помали димензии. Тоа ќе ви помогне подобро да ги запознаете својствата на моторната пила. • Следете ги секогаш безбедносните правила. Моторната пила треба да се употребува само за сечење на дрво. Забрането е сечење на други типови на материјали. Вибрациите и против-ударите се различни и треба се почитуваат сигурносните реквизити. Не употребувајте ја моторната пила како средство за дигање, поместување или кршење на предмети, ниту пак како фиксна потпора затоа што може да ја блокирате. Забранета е употреба на сила, уреди или останати применливи елементи врз моторната пила, освен наведените од страна на производителот. • За време на сечењето не е неопходно користење на сила. Доколку моторот постигне максимален број на вртежи, употребете само благ притисок. •Доколку ланецот се заплетка за време на сечењето, не се обидувајте насила да го наместите туку употребете клин или лост !ВНИМАНИЕ! 6. Сечење11MK 6. Сечење (1) Засекување (2) Засек за паѓање (3) Правец на паѓање