GGP Italy SPA Grass Trimmer 171501061 Operators Manual
Have a look at the manual GGP Italy SPA Grass Trimmer 171501061 Operators Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 893 GGP Italy SPA manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.
MK А) ОБУКА 1)Внимателно прочитајте ги упатствата.Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. 2) Користете ја машината само за опсегот на работа за што е наменета,и тоа –за сечење на трева и ниска вегетација, со помош на најлонски конец (на пр. цветни леи, мали градини, жива ограда, шпалири, зелени површини со ограничена висина за лесно обликување); Каква било друга употреба може да биде опасна и да предизвика оштетување на машината. 3) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот. 4) Машината смее да ја користи само еден човек. 5) Никогаш не користете ја машината:–кога во непосредна близина има други лица, особено деца или животни; –доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат на капацитетот за навремено реагирање или внимание; –доколку корисникот не е во состојба да ја држи машината цврсто со двете раце и / или да одржува стабилна рамнотежа на нозете при работа. 6) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Б) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ 1) Во текот на работата, доколку е потребно, носете соодветна облека што не ја попречува работата на корисникот. –Носете соодветна заштитна облека, надополнета со заштита од сечење. –Носете кацига, ракавици, заштитни очила, заштита од прав и чевли со заштита од сечење и лизгање. –Користете слушалки за да го заштитите слухот. –Не носете марами, наметки, ремени и слични додатоци што висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или за предмети и материјали кои се производ на работата. –Соодветно приберете ја косата доколку е долга. 2) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Горивото е лесно запалливо: –конзервирајте го горивото во соодветен склад до следното користење; –не пушете кога се користи горивото; –полека отворете го капачето на резервоарот оставајќи внатрешниот притисок постепено да испари; –полнете го карбураторот само на отворено сопомош на инка; –полнете гориво пред да го запалите моторот; никогаш немојте да го отворате капачето на резервоарот или да дополнувате гориво додека моторот работи или е уште загреан. –ако се истури гориво, немојте да го палите моторот, туку прво отстранете ја машината од местото на истурање и избегнувајте палење на оган додека не испари целото истурено гориво. –веднаш исчистете го секој остаток од истуреното гориво од машината или од местото на истурање; –не палете ја повторно машината на место каде се долевало гориво; –избегнувајте контакт на горивото со делови од облеката, и доколку тоа се случи, пресоблечете се пред да го запалите моторот; –секогаш докрај затворајте го капачето на резервоарот и на садовите со гориво. 4) Заменете ги неисправните или оштетените пригушувачи. 5) Пред употреба,проверете ја машината детално и особено: –рачката за брзини и безбедносната рачка треба да се во слободно движење, без примена на сила и при отпуштање треба да се вратат автоматски и брзо во неутрална позиција; –рачката за брзини треба да биде блокирана за да не ја бутка безбедносната рачка; –прекинувачот за застанување на моторот треба лесно да се движи од една во друга позиција; –електричните кабли, и особено каблите на свеќичката треба да се интегрирани за да се избегне генерирање искри и капакот треба да е правилно поставен на свеќичката; –прекинувачите и заштитата на машината треба да се чисти и суви и правилно фиксирани за машината; –сечивото и заштитата никогаш не смее да се оштетени. 6) Проверувајте ја правилната позиција на рачките и на точката на закачување на појасот, како и правилна избалансираност на машината. 7) Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете се’ што би можело да биде отфрлено од машината и да ги оштети сечивото и моторот (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.). В) ЗА ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕТО 1) Не палете го моторот во затворен простор каде може да се соберат опасни јаглерод– моноксидни гасови. 2) Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление. 3) Заземете цврста и стабилна позиција:–избегнувајте кога е можно да работите на мокар и лизгав терен или на терени кои се многу нерамни или закосени и не гарантираат стабилност на корисникот при работата; –никогаш не трчајте, туку одете и обрнувајте 4МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ 3. МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
внимание на неправилноста на теренот и на присуството на евентуални пречки. –проценете ги евентуалните ризици на теренот каде што ќе работите и преземете ги сите неопходни мерки за да обезбедите соодветна безбедност, особено на можни закосени, лизгави или нестабилни терени. –Ако теренот е закосен, работете во режим на искачување, а никогаш на спуштање или симнување, внимавајќи секогаш објектот за косење да се наоѓа под уредот за сечење. 4) Палете го моторот кога машината е цврсто блокирана; –запалете го моторот најмалку 3 метри оддалечено од местото на полнење; –проверете дали други лица се наоѓаат најмалку на 15 метри оддалеченост од опсегот на работа на машината; –не насочувајте го пригушувачот, а со тоа и издувните гасови кон запалливи материи: 5) Не менувајте ги регулациите на мотороти не користете го при режим со превисоки вртежи. 6) Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата. 7) Контролирајте дали минималниот режим на работа на машината дозволува движење на уредот за сечење и, по забрзување моторот вратете го веднаш на минимум. 8) Машината секогаш мора да биде закачена на појасот во текот на работата. 9) Запрете го моторот: –секојпат кога машината ја оставате без надзор; –пред дополнување со гориво. –при менување на локацијата на работа. 10 ) Запрете го моторот и исклучете го кабелот на свеќичката: –пред проверка, чистење или работа врз машината; –по удар во страни предмети. Проверете дали има евентуални оштетувања и поправете ги пред да продолжите со работа; –доколку машината почне да вибрира на ненормален начин: во тој случај веднаш побарајте ја причината за вибрациите и отстранете ја; –кога машината не може да се запали. Г) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ 1) Сите завртки и навртки одржувајте ги соодветно зацврстени за да сте сигурни дека машината е безбедна за работа. Редовното одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување на добри перформанси на машината . 2) Никогаш не чувајте ја машината со полн резервоар во просторија каде испарувањата може да допрат до отворен пламен, искра или до извор на топлина. 3) Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија. 4) За намалување на ризикот од запалување, чувајте ги моторот и пригушувачот во корпа и наместо и простор за складирање понастрана од слободно гориво или остатоци од сечење, траги на прекумерни масла; не оставајте ја корпата полна со материи кои се производ на сечење во затворен простор. 5) Ако резервоарот треба да се испразни, ова треба да се прави на отворено и кога моторот е изладен. 6) Носете ракавици за работа за да се спречи несакано изложување на сечивото. 7) Заради безбедност, никогаш не употребувајте ја машината ако некои делови се во лоша состојба или оштетени. Оштетените делови се заменуваат, никогаш не се поправаат. Користете само оригинални резервни делови . Делови со несоодветен квалитет можат да ја оштетат машината и да ја загрозат безбедноста. Алатката за сечење треба секогаш да се носи како посочил произведувачот за да се оддржи моќноста на машината при максимална ангажираност. 8) Пред одлагање на машината, проверете дали се отстранети сите клучеви или алатки што биле користени за одржување. 9) вајте ја машината подалеку од дофат на деца! E) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ 1) Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината потребно е: –да се исклучи моторот, да се смири уредот за сечење и да се откачи капачето на свеќичката; –фатете ја машината само за држачите и насочете го уредот за сечење во правец спротивен од правецот на движење. 2) Кога машината се транспортира со возило, треба да се постави во режим којшто не предизвикува опасност за никој и да се фиксира цврсто за да се избегне превртување со можност за оштетување и истекување на горивото. Ж) КАКО СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО Во текстот на упатството, неколку пасуси коишто содржат информации од особена важност се потенцирани во разни степени на евидентирање, каде што најважно е следното: или Даваат прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината, или да не се предизвика штета. Можност за лични повреди или повреди на други лица во случај на невнимание. Можност за тешки лични повреди или повреди на други лица, па дури и смрт, во случај на невнимание. !ОПАСНОСТ! !ВНИМАНИЕ! ВАЖНО ЗАБЕЛЕШКА МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ5MK
Машината се доставува со неколку компоненти одвоени и со празен резервоар за гориво. Обрнете максимално внимание при составување компонентите за да не се наруши безбедноста и ефикасноста на машината; во случај на несигурност, контактирајте со застапникот. 1. МОНТИРАЊЕ НА ПРЕДНАТА РАЧКА (сл. 1) Одредувачот на растојание (1) има опсег што гарантира минимално растојание меѓу задната и предната рачка, од безбедносни причини. Овој одредувач на растојание треба секогаш да е поставен и не смее да се модификува во ниеден случај. – Пред одредувачот на растојание (1), поставете ја предната рачка (2) на цевката за трансмисија (3) за половина од шрафовите (4) и навртките (5) вметнати во соодветните лежишта. – Пред да ги зашрафите шрафовите (4), поставете ја правилно рачката во однос на цеквата за трансмисија. – Зашрафете ги докрај шрафовите (4). 2. МОНТИРАЊЕ НА ДРЖАЧОТ (модели со држач што се вади – сл. 2) - Порамнете го отворот (1) на спојникот (2) со жлебот на потпората (3) од задната страна на држачот (4). - Повлечете го забецот за закачување (5) и притиснете го задниот дел од држачот (4) се’ додека не слушнете звук дека забецот (5) влегол во отворот (6) на држачот. Вметнувањето може да се олесни со нежно вртење на задниот дел (4) во два правци; целосното вметнување се постигнува со забецот (5) кој треба целосно да навлезе. - Откако забецот целосно ќе се вметне, стегнете ја докрај рачката (7). 3. ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА (сл. 3) Заштитата мора да е!ВНИМАНИЕ! !ВНИМАНИЕ! !ВНИМАНИЕ! ВАЖНОприлагодена за моделот на машината и за видот на додаток за сечење, и воедно да е правилно поставена, почитувајќи ја вистинската позиција на ножот за сечење на конецот. - Заштитата (1) се фиксира со помош на два шрафа (2). 4. ВАДЕЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА МАКАРАТА СО КОНЕЦОТ (сл. 4) –Вметнете го приложениот клуч (2) во соодветниот отвор на крајот на цевката за трансмисија (3) и рачно вртете ја макарата со конецот (1) се’ додека клучот не влезе во внатрешниот отвор за да се блокира ротацијата. –Извадете ја макарата со конецот (1) одвртувајќи обратно од правецот на сказалките на часовникот. При поставување, –Проверете дали жлебовите на внатрешниот прстен (4) се поклопуваат совршено со крајот на цевката за трансмисија (3). –Поставете ја макарата со конецот (1) завртувајќи во правец на сказалките на часовникот. –Извадете го клучот (2) за да се овозможи ротација на осовината. 6СОСТАВУВАЊЕ НА МАШИНАТАMK 4. СОСТАВУВАЊЕ НА МАШИНАТА
ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА7MK ПРОВЕРКА НА МАШИНАТА Пред да започнете со работа, треба: – да проверите да не се случајно олабавени шрафовите на уредот за сечење; – да проверите дали филтерот за воздух е чист; – да проверите дали сите заштити се прицврстени и ефикасни; – да проверите дали рачките се добро прицврстени. ПОДГОТОВКА НА МЕШАВИНАТА Оваа машина има двотактен мотор и работи на мешавина од бензин и масло за подмачкување. Со користење само на бензин се оштетува моторот и се изнудува губење на гаранцијата.. Користете само гориво и подмачкувачи со висок квалитет за одржување на машината и за да гарантирате траење на механичките делови. •Карактеристики на бензинот Користете само безоловен бензин (зелен бензин) со број на октани не помал од 90 N.O. Зелениот бензин создава талог во резервоарот ако се чува повеќе од два месеци. Секогаш користете свеж бензин! •Карактеристики на маслото Ставајте само синтетичко масло од врвен квалитет, наменет за двотактни мотори. Кај застапникот може да ги најдете соодветните масла, создадени за овој вид мотор, до оној степен кој гарантира поголема заштита. Користењето на овие масла дозволува составување на една мешавина од 2%, што значи ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО 1 дел масло се меша со секои 50 дела од бензин. Во случаи кога нема соодветно масло, може да се користи минерален лубрикант за мотори (класа FA или FB), и во тој случај се прави мешавина од 4%, т.е. 1 дел масло на секои 25 дела бензин. •Подготовка и конзервација на мешавината Бензинот и мешавината се запалливи! – Конзервирајте ги бензинот и мешавината во контејнери за гориво, на безбедно место, подалеку од извор на топлина или отворен оган. – Не оставајте го контејнерот на дофат на деца. – Не пушете при подготвување на мешавината и избегнувајте да ги вдишувате испарувањата на бензинот. Табелата ги посочува количините на бензин и масло што треба да се искористат за да се подготви мешавината во функција на видот на маслото за користење. За подготовка на мешавината: – Ставете во еден сад приближно половина од количината бензин. – Додајте го целото масло, според табелата. – Додајте го остатокот од бензинот. – Затворете го капакот и измешајте енергично. Мешавината подлежи на стареење. Не подготвувајте големи количини на мешавина зa да се избегне формирање талог. Чувајте ги добро обезбедени и идентификувани контејнерите со мешавината и со бензинот за да се избеге замена во моментот на користење. ВАЖНО ВАЖНО !ОПАСНОСТ! 5. ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА Бензин Синтетичко масло Минерално масло 2 Tакта Класа FA – FB литри литриcm3литриcm3 10,02 2,0 0,04 40 20,04 40 0,08 80 30,06 60 0,12 120 50,10 100 0,20 200 10 0,20 200 0,40 400
Одвреме навреме чистете ги контејнерите за бензин и за мешавина за да се отстранат евентуалните талози. ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО Не пушете во текот на полнењето и не вдишувајте ги испарувањата од бензинот. Отворете го внимателно капачето од резервоарот бидејќи можно е да има внатрешен притисок. Пред полнење: – Протресете го енергично резервоарот за мешавина. !ВНИМАНИЕ! !ОПАСНОСТ! ВАЖНО– Поставете ја машината на рамна површина, во стабилна позиција со капачето на резервоарот за мешавина одгоре. – Исчистете го капачето на резервоарот во круг за да се избегне навлегување нечистотии при полнењето. – Отворете го внимателно капачето на резервоарот за мешавина за да се испушти притисокот постепено. Наполнете со инка и не ставајте од мешавината до грлото на резервоарот. Секогаш затворајте го капачето на резервоарот, завртувајќи докрај. Исчистете ги веднаш сите траги од мешавината што евентуално се истуриле врз машината или на теренот и не палете го моторот се’ додека се чувствуваат испарувањата на бензинот. !ВНИМАНИЕ! !ВНИМАНИЕ! 8ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА / ВКЛУЧУВАЊЕ – КОРИСТЕЊЕ – ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТMK Палење на моторот (сл. 5): 1.Донесете го прекинувачот (1) во позиција «START». 2. Вклучете го стартерот, вртејќи ја рачката (5) кон позицијата «CLOSE». 3. Притиснете го копчето за потикнување (на притискање) (6) 3–4 пати за да потече гориво. 4. Цврсто држете ја машината на теренот со една рака на моторната единица за да не се изгуби контрола во текот на палењето (сл. 6). За да се избегнат деформации, цевката за трансмисија не треба да се користи за потпирање на рацете или колената при палење. 5. Полека извлечете го јажето за палење 10– 15 цм. се’ додека не почуствувате отпор и тогаш решително повлечете неколку пати се’ додека не се слушнат првите звуци на моторот. ВАЖНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ Вклучувањето на моторот треба да се одвива на најмалку 3 метри оддалеченост од местото каде се извршило полнењето на горивото. Пред да го запалите моторот: – Поставетеја машината во стабилна позиција на теренот. •Палење на ладно За палење на “ладно“треба да се изведе палење најмалку по 5 минути од смирување на моторот или по полнење гориво.ЗАБЕЛЕШКА !ВНИМАНИЕ! 6. ВКЛУЧУВАЊЕ – КОРИСТЕЊЕ – ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ
ВКЛУЧУВАЊЕ – КОРИСТЕЊЕ – ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ9MK За да избегне кинење, не влечете го јажето до крај, не виткајте го по работ на отворите на водилката и постепено ослободувајте го ракофатот со тоа што ќе избегнувате враќање на неконтролиран начин. 6. Одново повлечете го ракофатот за палење се’ додека не постигнете правилно палење на моторот. Палењето на моторот со притиснат стартер предизвикува движење на уредот за сечење којшто се смирува само со исклучен стартер. 7.Штом ќе се запали моторот, притиснете го накратко забрзувачот за да го откачите стартерот и да го доведете моторот на минимум. 8.Оставете моторот да работи на минимум најмалку 1 минута пред да ја користите машината. Доколку ракофатот на јажето за палење се скине при влечење со притиснат стартер, моторот може да се загуши и да се предизвикаат потешкотии при палење. Во случај кога моторот ќе се задуши, извадете ја свеќичката и нежно свртете го ракофатот на јажето за палење за да се елиминира вишокот гориво; потоа исушете ги електродите на свеќичката и поставете ја на моторот. •Палење на топло За палење на топло (веднаш по гаснење на моторот), следете ги точките 1 – 4 – 5 – 6 во претходната процедура. КОРИСТЕЊЕ НА МОТОРОТ (сл. 5) Моќноста на уредот за сечење се регулира со командата на забрзувачот (2) поставена на задната рачка (4). Активирањето на забрзувачот е можно само ако истовремено се притисне и рачката за блокирање (3). Движењето се пренесува од моторот на осовината за трансмисија со помош на центрифугална маса која предизвикува движење на осовината кога моторот е на минимум. ВАЖНО !ВНИМАНИЕ! ВАЖНОНе користете ја машината ако уредот за сечење се движи кога моторот е на минимум; во овој случај, регулирајте на минимум (видете поглавје 8) и доколку проблемот опстојува, контактирајте со застапникот. Правилната брзина на работата се постигнува со командата за забрзување (2) во долен правец. Во текот на првите 6– 8 часа од работа на машината, користете го моторот на максимум вртежи. ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ (сл. 5) За да го застанете моторот: – Отпуштете ја командата за забрзување (2) и оставете го моторот да работи на минимум неколку секунди. – Поместете го прекинувачот (1) во позиција «STOP». Штом ќе го ставите забрзувањето на минимум, потребни се неколку секунди пред да застане уредот за сечење.!ВНИМАНИЕ! ВАЖНО !ВНИМАНИЕ!
MK10КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА Во однос на почитувањето на другите и на средината: – Избегнувајте постоење на елементи на нарушување. – Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите кои ќе се резултат на сечењето. – Следете ги точно локалните закони за фрлање масла, бензин, дотрошени делови или какви било други елементи кои може да ја нарушат животната средина. Продолжена изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни пореметувања (познати и како “Рејнодов синдром“ или “бела рака“) особено кај оние што се изложени на циркуларни влијанија. Симпомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вкочанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачките. При појава на овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар. Носете соодветна облека додека работите. Застапникот ги има сите потребни информации за материјалите кои претставуваат заштита при работа и гарантираат безбедност при работа. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА Во текот на работата, машината треба секогаш да се држи цврсто со двете раце, држејќи ја моторната единица од десната страна, а делот за сечење под линијата на појасот. Пред да започнете со косење за првпат, неопходно е да стекнете неопходно познавање на машината и на најдобрите техники на сечење имајќи на ум секогаш машината цврсто да ја држите, како и со движењата кои се потребни за извршување на работата. !ВНИМАНИЕ! !ВНИМАНИЕ! !ВНИМАНИЕ! Макарата со конец може да елиминира висока трева и бездрвна вегетација во близина на ѕидови, огради, темели, патеки, околу дрвја, итн. или за комплетно чистење на дадена област во градината. Забрането е користење на тврди или метални ножеви од кој и да е вид со оваа машина. ТЕХНИКИ НА РАБОТА Користете САМО најлонски конец. Употребата на метални конци, метално–пластични конци и/или несоодветни за макарата може да предизвикаат серија повреди и оштетувања. За време на работата, неопходно е да го застанувате моторот и периодично да ја отстранувате насобраната трева околу машината за да се избегне презагревање на цевката за трансмисија ако тревата се насобрала под заштитата. Остранувајте ја тревата со шрафцигер за да овозможите шипката правилно да се лади. Никогаш не користете ја машината за метење, накривувајќи ја макарата со конецот. Моќноста на моторот може да отфрли предмети и мали камчиња повеќе и од 15 метри со што може да се предизвикаат оштетувања и да се повредат луѓе. •Сечење во движење (косење) (сл. 7) Почнете со рамномерен ’од, со движења во форма на лак слично при традиционално косење без да ја закосувате макарата со конецот при работата. Од почеток пробајте да работите на еднаква висина во мал простор, за да може да одржувате еднаква висина на косење со макарата со конец и на константна оддалеченост во однос на теренот. За опсежни сечења, може малку да ја закосите до околу 30° налево макарата со конецот. !ВНИМАНИЕ! !ВНИМАНИЕ! !ВНИМАНИЕ! 7.КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
MKКОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА11 Не работете на овој начин ако постои можност да се отфрлат предмети што може да повредат луѓе, животни или да предизвикаат оштетувања. •Прецизно сечење (обликување) Држете ја машината малку закосена на тој начин што понискиот дел од макарата со конецот да не го допира теренот и линијата на сечење да се наоѓа на саканата точка одржувајќи го секогаш уредот за сечење подалеку од корисникот. •Сечење во близина на ограничувања / темели (сл 8) Приближете ја полека макарата со конецот до ѕидовите, надѕидоците, карпите, оградите, итн. без примена на сила. Ако конецот се навитка околу некоја тврда препрека може да се скине или потроши; ако продолжите, ќе направите дупка во оградата, може да наравите неправилно поткастрување. Во секој случај, сечење во близина на ѕидови, темели, огради и сл. може да предизвика користење на конецот што не се смета за нормално. •Сечење околу дрвја (сл. 9) Движете се околу дрвото од лево кон десно, пристапувајќи внимателно кон стеблото и внимавајќи конецот да не се заплетка околу дрвото со тоа што ќе ја држите макарата со конецот малку закривена нанапред. Имајте предвид дека најлонскиот конец може да скине или оштети мали жбунови и дека заплеткувањето на најлонскиот конец околу стеблото на жбуновите или дрвјата со нежна кора може да го уништи растението. • Регулација на должината на конецот при работа (сл. 10) Оваа машина е опремена со една макара“Потчукни и продолжи“ (Tap & Go). За да ослободите конец, потчукнете ја макарата со конецот наспроти теренот кога моторот е во максимална брзина; конецот автоматски се ослободува и маказите ја отсекуваат непотребната должина. !ВНИМАНИЕ!ЗАВРШУВАЊЕ СО РАБОТА За завршување со работа: – Застанете го моторот како што е претходно посочено (глава 6).
MK12ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА Правилно одржување е основно за обезбедување ефикасно темпо и безбедност на оригиналните делови на машината. При операции на одржување: – отстранете го капачето на свеќичката, – проверете дали моторот е соодветно изладен, – не фрлајте наоколу масло, бензин и други какви било материјали. ЦИЛИНДЕР И ПРИГУШУВАЧ За да се намали ризикот од искрење, честопати чистете ги крилцата на цилиндарот со компресиран воздух и ослободете ја зоната на пригушувачот од остатоци при пилење, гранчиња, ливчиња и други работи. ГРУПА ПАЛЕЊЕ За да се избегне презагревање и штети на моторот, решетките за проток на воздух за ладење треба секогаш да се одржуваат чисти и ослободени од остатоци при пилење и друго. Јажето за палење треба да се замени при први знаци на оштетување. ФИКСИРАНОСТ Периодично контролирајте ја прицврстеноста на сите навртки и завртки, како и дали рачките се цврсто фиксирани. ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ (сл. 11) Чистењето на филтерот за воздух е битно за добра работа и век на самата машина. Не работете без филтер или со оштетен филтер за да не предизвикате непоправливи оштетувања на моторот.ВАЖНО !ВНИМАНИЕ! Чистењето треба да се спроведува секои 8– 10 часови работа. За чистење на филтерот: – Притиснете го крилцето (3) и извадете го капакот (1), а со тоа и елементот со филтер (2). – Исперете го елементот за филтерот (2) со вода и сапун. Не користете бензин или други растворувачи. – Оставете филтерот да се исуши на воздух. – Поставете го повторно елементот за филтерот (2) и капакот(1). КОНТРОЛА НА СВЕЌИЧКАТА (сл. 12) Повремено, откачете ја и исчистете ја свеќичката за да ги отстраните евентуалните талози со метална спатула. Проверете ја и обновете ја точната оддалеченост меѓу електродите. Поставете ја свеќичката на место прицврстувајќи ја со приложените клучеви. Свеќичката треба да се замени со друга со аналогни карактеристики во случај кога електродите се прегорени или неправилно изолирани, или на секои 100 часа функционирање. РЕГУЛАЦИЈА НА КАРБУРАТОРОТ Карбураторот се регулира во фабрика во режим да дава максимални резултати во секоја ситуација на користење, со минимално емитирање на штетни гасови и во согласност со важечките закони. Во случај на лоша изведба, обратете се кај застапникот да ги провери карбураторот и моторот. • Минимална регулација (сл. 11) Минималната регулација мора да се изведе само кога уредот за сечење се движи со мотор поставен на минимум.!ВНИМАНИЕ! 8. ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА
ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА13MK Намалувањето на брзината се постигнува со вртење на навртките (4) спротивно од правецот на движење на сказалките на часовникот се’ додека не се постигне смирување на уредот за сечење со задоволителна регуларност од работата на моторот. Ако моторот е поставен на минимум и има неправилна работа, свртете ги шрафовите во правец на стрелките на часовникот за да се постигне брзината. Уредот за сечење не смее да се движи кога моторот е во минимален режим, контактирајте со застапникот за да постигне и одржува задоволителна регулација. ЗАМЕНА НА КОНЕЦОТ НА МАКАРАТА За да се замени најлонскиот конец, треба да го следите упатството приложено за макарата. ОСТРЕЊЕ НА МАКАЗИТЕ ЗА СЕЧЕЊЕ НА КОНЕ- ЦОТ (сл. 13) – Со помош на пинцета, извадете го ножот за сечење на конецот (1) од заштитата (2). – Фиксирајте ги маказите за сечење на конецот на менгеме и почнете да острите со пошош на рамна турпија обрнувајќи внимание да се одржува аголот на оригиналната закосеност. – Поставете ги маказите врз заштитата. ВОНРЕДНИ ИНТЕРВЕНЦИИ Секоја операција на одржување што не е вклучена во ова упатство треба да се изведе исклучиво кај вашиот застапник. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција. КОНЗЕРВАЦИЈА На крајот на секоја работа, исчистете ја машината детално од прав и остатоци при работа, поправете ги или заменете ги сите дефектни делови. Машината треба да се конзервира а суво место, засолнета од надворешни временски услови. !ВНИМАНИЕ! ПОДОЛГО НЕКОРИСТЕЊЕ Ако се предвидува некористење на машината повеќе од 2 – 3 месеци, треба да се применат неколку решенија за да се избегнат потешкотии при обновување на работата или трајни оштетувања на моторот. •Чување Пред одлагање на машината: – Испразнете го резервоарот за гориво. – Вклучете го моторот и одржувајте го во минимален режим на работа се’ додека не се изгасне, за да го потроши целото гориво што останало во карбураторот. – Оставете да се излади моторот и извадете ја свеќичката. – Истурете врз отворот на свеќичката една лажичка некористено масло. – Повлечете ја неколку пати рачката за палење за да го дистрибуирате маслото во цилиндерот. – Поставете ја свеќичката со навртката на најгорната можна точка (да е видливо низ отворот за свеќичката кога навртката е на најгорната позиција). •Обновување на работата Во моментот кога машината треба да се стави во функција: – Извадете ја свеќичката. – Повлечете ја неколку пати рачката за палење за да се елиминира вишок масло. – Проверете ја свеќичката како што е посочено во поглавје “Контрола на свеќичката“. – Поставете ја машината како што е посочено во поглавје “Подготовка за работа“. ВАЖНО