Samsung Rl 52 Vpbvb User Manual
Have a look at the manual Samsung Rl 52 Vpbvb User Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 1705 Samsung manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.
Ладилник упатство imagine the possibilities Ви благодариме што го купивте овој Samsung производ.За да добиете покомплетна услуга,ве молиме регистрирајте го вашиот производ на www.samsung.com/register Самостоечки уред МакедонскиОва упатство е направено од 100% рециклирана хартија. %1 JOEC%1 JOEC..
2_ безбедносни информации БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ • Пред употреба на уредот, ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство и сочувајте го на сигурно место во близина на уредот за понатамошна референца. • Употребувајте го овој уред само за неговата предвидена намена како што е наведено во ова упатство. Овој уред не е наменет за употреба од лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, чулни или ментални способности, или недостаток на искуство и знаење, освен ако се под надзор или обука за употреба на овој уред од страна на лице одговорно за нивната безбедност. • Предупредувањата и важните безбедносни информации во ова упатство не ги покриваат сите можни услови и ситуации кои може да настанат.Ваша одговорност е да користите здрав разум, внимание, и грижа при вградување, одржување и употреба на уредот. • Бидејќи следните упатства за употреба покриваат различни модели, карактеристиките на вашиот ладилник може малку да се разликуваат од оние што се опишани во ова упатство и не сите знаци за предупредување можат да бидат применливи. Ако имате било какви прашања или грижи, контактирајте го најблискиот сервисен центар или пронајдете помош и информации на www.samsung.com Важни безбедносни симболи и мерки на претпазливост : ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасности или небезбедни пракси кои може да резултираат со тешки лични повреди или смрт. ВНИМАНИЕ Опасности или небезбедни пракси кои може да резултираат со лесни лични повреди или имотни штети. Да НЕ се пробува. Да НЕ се расклопува. Да НЕ се допира. Следете ги упатствата внимателно. Исклучете го приклучокот за струја од ѕидната утичница. Бидете сигурни дека машината е заземјена за да избегнете електричен удар. Јавете се во контактниот центар за помош. Белешка. Овие предупредувачки знаци се тука за да се избегне повреда на вас и на други. Ве молиме следете ги внимателно. По читањето на овој дел, сочувајте го на сигурно место за понатамошна референца. CE Белешка За овој производ е утврдено дека е во согласност со Директивата за нисковолтажни уреди (2006/95/EC), Директивата за електромагнетна компатибилност (2004/108/EC) и Директивата за еко-дизајн (2009/125/EC) имплементирана од Регулативата (EC) бр. 643/2009 на Европската Унија. СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ПРЕВОЗ И ПОСТАВУВАЊЕ • Кога се транспортира и вградува уредот, треба да се води сметка да не се оштетат деловите од разладувачкиот систем. - Ако течноста за разладување протекува од системот на цевки, таа може да се запали или да предизвика повреда на окото. Ако забележите течење, неколку минути избегнувајте отворен пламен или потенцијални извори на палење во собата каде што стои уредот. • Доколку дојде до протекување, а со цел да се избегне создавање на запаллива мешавина на гас и воздух, големината на собата во која уредот може да се постави зависи од количината на течноста за разладување. • Никогаш не вклучувајте уред кој има било какви знаци на оштетување. Доколку се сомневате, консултирајте го вашиот трговец. Собата во која е поставен ладилникот мора да биде со 1m 3 волумен за секои 8g од течноста за разладување R600a која се наоѓа внатре во уредот.Количината на течност за разладување во вашиот уред е прикажана на плочката за идентификација внатре во уредот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ безбедносни информации %1 JOEC4FD%1 JOEC4FD..
безбедносни информации _3 СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ • Не го вградувајте ладилникот на влажно место или место каде што може да дојде во контакт со вода. - Пропаднатата изолација на електричните делови може да предизвика електричен удар или пожар. • Не го поставувајте ладилникот на директна сончева светлина и не го изложувајте на топлина од шпорети, собни греалки или други уреди. • Не вклучувајте повеќе уреди на иста повеќекратна утичница или продолжен кабел.Ладилникот секогаш треба да биде вклучен во своја самостојна електрична утичница која има напон кој одговара на напонот на ладилникот. - Ова обезбедува најдобри перформанси и спречува преоптеретување на куќните електрични водови, што може да предизвика пожар од прегреаните жици . • Ако утичницата е лабава, не го вклучувајте приклучокот. - Постои ризик од електричен удар или пожар. • Не користете кабел кој има пукнатини или оштетувања од абразија по должината на кабелот или на краевите. • Не го виткајте кабелот прекумерно и не ставајте тешки објекти на него. • Не употребувајте аеросоли во близина на ладилникот. - Употреба на аеросоли во близина на ладилникот може да предизвика експлозија или пожар. • Овој ладилник мора да биде правилно вграден и поставен во согласност со упатството пред да се почне со употреба. • Приклучете го приклучокот за струја во правилна позиција така што кабелот да виси надолу. - Ако го приклучите приклучокот за струја обратно, жицата може да се искине и да предизвика пожар или електричен удар. • Осигурете се дека приклучокот не е смачкан или оштетен од задниот дел на ладилникот. • Кога го преместувате ладилникот, внимавајте да не го прегазите или оштетите кабелот. - Ова претставува опасност од пожар. • Уредот мора да биде поставен така што приклучокот да биде пристапен по вградувањето. • Ладилникот мора да биде заземјен. - Мора да го заземјите ладилникот за да спречите било какви протекувања на струја или електрични удари предизвикани од губитоци на струја од ладилникот. • Никогаш не користете цевки за плин, телефонски линии или други потенцијални проводници на удари од гром како заземјување. - Неправилна употреба на приклучокот за заземјување може да резултира со електричен удар. • Ако кабелот за струја е оштетен, веднаш заменете го кај производителот или неговата сервисна служба. • Осигурувачот на ладилникот мора да биде сменет од овластен персонал или сервисна служба. - Непридржувањето кон ова може да резултира со електричен удар или лична повреда . ЗНАЦИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ ВГРАДУВАЊЕ • Чувајте ги отворите за вентилација во поклопецот на уредот и монтажната структура отворени и подалеку од препреки. • Оставете го уредот да стои 2 часа по вградувањето. СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА УПОТРЕБА • Не го вклучувајте приклучокот за струја со мокри раце. • Не чувајте предмети на покривот на уредот. - Кога ја отварате или затворате вратата, артиклите може да паднат и да предизвикаат лична повреда и/или материјална штета. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНИМАНИЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ %1 JOEC4FD%1 JOEC4FD..
4_ безбедносни информации СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА УПОТРЕБА (ПРОДОЛЖУВА) • Не ставајте предмети наполнети со вода одозгора на ладилникот. - Ако се прелее, постои ризик од електричен удар или пожар. • Не оставајте деца да се нишаат на вратата. - Непридржувањето кон ова може да предизвика сериозна лична повреда. • Не ги оставајте вратите од ладилникот отворени додека ладилникот е без надзор и не дозволувајте деца да влезат внатре во ладилникот. - Постои ризик од заклучување на деца и сериозни лични повреди поради ниската температура. • Никогаш не ставајте прсти или други објекти во отворот од диспензерот. - Непридржувањето кон ова може да предизвика лична повреда или материјална штета. • Не чувајте испарливи или запалливи супстанци како бензен, разредувач, алкохол, етер или ЛП гас во ладилникот. - Чување на било кој од овие производи може да предизвика експлозии. • Не чувајте фармацевтски производи кои се чувствителни на ниска температура, научни материјали или други производи кои се чувствителни на ниска температура во ладилникот. - Производи кои бараат строга температурна контрола не смеат да се чуваат во ладилникот. • Не ставајте или употребувајте електрични уреди внатре во ладилникот, освен ако не се од тип кој е препорачан од производителот. • Не употребувајте фен за коса за да ја исушите внатрешноста на ладилникот.Не ставајте запалена свеќа во ладилникот за да ги отстраните непријатните мириси. - Ова може да резултира со електричен удар или пожар. • Не ги допирајте внатрешните ѕидови на замрзнувачот или производите чувани во замрзнувачот со мокри раце. - Ова може да предизвика смрзнатини. • Не употребувајте механички уреди или било какви други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување, освен тие што се препорачани од производителот. • Не ги оштетувајте водовите за течност за разладување. • Овој производ е наменет само за чување на храна во домашна околина. • Шишињата треба да се чуваат тесно едно до друго за да не испаднат надвор. • Ако забележите истекување на гас, избегнувајте било каков отворен пламен или потенцијални изводи на палење и проветрете ја собата во која стои уредот неколку минути. • Употребувајте само LED лампи предвидени од производителот или сервисната служба. • Децата треба да бидат под надзор за да се обезбеди дека не си играат и/или се качуваат во уредот. • Не го расклопувајте и не го поправајте ладилникот самите. - Ризикувате да предизвикате пожар, дефект и/или лична повреда .Во случај на дефект, ве молиме контактитајте ја сервисната служба. • Ако од уредот се слуша чуден звук, или забележите горење, мирис или чад, исклучете го од струја веднаш и контактирајте го најблискиот сервисен центар. - Непридржувањето кон ова може да резултира со електричен удар или пожар. Чувајте ги отворите за вентилација во поклопецот на уредот и монтажната структура отворени и подалеку од препреки. • Ако имате тешкотии при замена на светлото, контактирајте ја сервисната служба. • Ако производите се опремени со LED лампа, самите не го расклопувајте поклопецот и LED лампата. - Ве молиме контактирајте ја сервисната служба.• Ако има прашина или вода во ладилникот, исклучете го од струја и контактирајте го Samsung Electronics сервисниот центар. - Постои ризик од пожар. ЗНАЦИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ УПОТРЕБА • За да добиете најдобри перформанси од уредот, - Не ја поставувајте храната преблиску до отворите за вентилација на задниот дел од уредот бидејќи може да ја попречи слободната циркулација на воздухот во просторот во ладилникот. ВНИМАНИЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ %1 JOEC4FD%1 JOEC4FD..
безбедносни информации _5 - Правилно спакувајте ја храната или ставете ја во херметички затворени садови пред да ја ставите во ладилникот. • Не ставајте газирани пијалаци во одделот на замрзнувачот.Не ставајте стаклени шишиња или други стаклени садови во замрзнувачот. - Кога содржината ќе се смрзне, стаклото може да се скрши и да предизвика лична повреда и материјална штета. • Не ја менувајте функционалноста на ладилникот и не го модифицирајте ладилникот. - Промени или модификации може да резултираат со лична повреда и/или материјална штета.Било какви промени или модификации направени од трето лице на овој комплетен уред не се покриени со гаранцијата на Samsung, ниту пак Samsung е одговорен за безбедносните прашања и штети кои се резултат на модификации од трето лице. • Не ги блокирајте отворите за воздух. - Ако отворите за воздух се блокирани, а особено ако се блокирани со пластична ќеса, ладилникот може претерано да се излади. Ако овој период на претерано ладење трае премногу, филтерот за вода може да пукне и да предизвика истекување на вода. - Не ставајте самошто направена храна за замрзнување блиску до веќе замрзната храна. • Ве молиме пазете на максималните периоди на чување и роковите на траење на замрзнатите артикли. • Полнете ги резервоарот за вода, садот за вода и коцките вода само со вода за пиење. ЗНАЦИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ • Не прскајте вода директно во внатрешноста или на надворешноста на ладилникот. - Постои ризик од пожар или електричен удар. • Не прскајте со незапаллив гас во близина на ладилникот. - Постои ризик од експлозија или пожар. • Не прскајте со средства за чистење директно на екранот. - Печатените букви на екранот може да отпаднат. • Отстранете било каква надворешна супстанца или прашина од пиновите на приклучокот за струја.Но не користете мокра или влажна крпа кога го чистите приклучокот, отстранете било каква надворешна супстанца или прашина од пиновите на приклучокот за струја. - Во спротивно постои ризик од пожар или електричен удар. • Исклучете го од струја ладилникот пред чистење или вршење на одржување. СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ • Обезбедете се дека ниедна од цевките на задниот дел на уредот не се оштетени пред отстранувањето. • R600a или R134a се користат како течност за разладување.Проверете ја ознаката на компресорот на задниот дел на уредот или плочката во внатрешноста на ладилникот за да видите која течност за разладување се користи во вашиот ладилник.Кога овој производ користи запаллив гас (Течност за разладување R600a), контактирајте ја вашата локална власт во врска со безбедно отстранување на овој производ.Циклопентан се користи како изолационен испуштачки гас. Гасовите во материјалот за изолација бараат посебна процедура за отстранување. Ве молиме контактирајте ја локалната власт во врска со отстранување на овој производ безбедно за околината.Цевките да се скршат на отворен простор. • Ако уредот содржи исо-бутанска течност за разладување (R600a), природен гас со висока природна компатибилност, но кој е исто така запаллив. Кога се транспортира и вградува уредот, треба да се води сметка да не се оштетат деловите од разладувачкиот систем. • Кога се отстранува овој производ или други ладилници, отстранете ги и заптивките на вратата и бравата за да не можат мали деца или животни да се заглават внатре.Оставете ги полиците на место за мали деца да не можат лесно да се искачат внатре. Децата треба да бидат под надзор за да се обезбеди дека не си играат со стариот уред. • Ве молиме отстранете го материјалот за пакување од овој производ на еколошки начин. ВНИМАНИЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ %1 JOEC4FD%1 JOEC4FD..
6_ безбедносни информации содржина ПОСТАВУВАЊЕ НА ВАШИОТ ЛАДИЛНИК СО ДВЕ ВРАТИ ····················7 РАКУВАЊЕ СО ВАШИОТ ЛАДИЛНИК ·······················································13 ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ ·······························································19 ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА • Во случај на прекин на електричната енергија, повикајте ја локалната канцеларија на компанијата за електрична енергија и прашајте колку долго ќе трае прекинот. - Повеќето прекини на електрична енергија кои се поправаат во рок од еден до два часа нема да влијаат на температурите во вашиот ладилник. Меѓутоа, би требало да ги намалите на минимум отварањата на вратата додека струјата е исклучена. - Доколку прекинот на електричната енергија трае повеќе од 24 часа, отстранете ги сите замрзнати артикли. • Доколку со ладилникот се обезбедени и клучеви, тие треба да се чуваат надвор од досег на деца и не во близина на уредот. • Уредот може да не функционира доследно (можно е температурата да стане премногу топла во фрижидерот) кога на подолг временски период уредот е поставен да стои на температура што е под најниската температура за која уредот е дизајниран. • Не чувајте храна која лесно се расипува на ниски темератури, како банани и дињи. • Вашиот уред е отпорен на мраз, што значи дека нема потреба рачно да се одмрзнува уредот, бидејќи тоа ќе се изврши автоматски. • Температурата која расте при одмрзнувањето може да биде во склад со ISO барањата. Но ако сакате да спречите претеран раст на температурата на смрзнатата храна додека уредот се одмрзнува, замотајте ја смрзнатата храна во неколку слоја хартија од весник. • Било какво зголемување на температурата на смрзнатата храна при одмрзнување може да го намали рокот на складирање. Совети за штедење енергија - Поставете го уредот во ладна, сува соба со адекватна вентилација.Обезбедете се дека не е изложен на директна сончева светлина и никогаш не го ставајте до директен извор на топлина (на пример радијатор). - Никогаш не ги блокирајте отворите за вентилација или решетките на уредот. - Оставете ја топлата храна да се олади пред да ја ставите во уредот. - Ставете смрзната храна во ладилникот да се растопи.Потоа можете да ги користите ниските температури на смрзнатите производи за да ја оладите храната во ладилникот. - Не ја држете вратата на ладилникот отворена предолго додека ставате или вадите храна.Колку пократко време вратата е отворена, толку помалку мраз ќе се создаде во замрзнувачот. - Чистете го задниот дел од ладилникот редовно.Прашината ја зголемува потрошувачката на енергија. - Не ја подесувајте температура поладна отколку што е потребно. - Обезбедете доволен издув на воздух на базата на ладилникот и на задниот ѕид на ладилникот. Не ги покривајте отворите за вентилација. - Оставете празен простор десно, лево, назад и горе при вградување.Ова ќе помогне да се намали потрошувачката на енергија и со тоа може и да се намалат вашите сметки за електрична енергија. %1 JOEC4FD%1 JOEC4FD..
поставување _7 01 ПОСТАВУВАЊЕПОДГОТОВКА ЗА ВГРАДУВАЊЕ НА ЛАДИЛНИКОТ Ви честитаме на изборот при купувањето на овој Samsung ладилник.Се надеваме дека ќе уживате во врвните карактериските и ефикасноста што ја нуди овој уред. • Овој ладилник мора да биде правилно вграден и поставен во согласност со упатството пред да се почне со употреба. • Употребувајте го овој уред само за неговата предвидена намена како што е наведено во ова упатство. • Строго препорачуваме сервисирање од било каков вид да биде извршено од квалификувано лице. • Ве молиме отстранете го материјалот за пакување од овој производ на еколошки начин. Исклучете го ладилникот од струја пред да го смените внатрешното светло на ладилникот. - Во спротивно постои ризик од електричен удар. Одбирање на најдобра локација за ладилникот • Локација без директно изложување на сончева светлина. • Локација со рамна подна површина. • Локација со доволно простор за вратата на ладилникот да се отвора лесно. • Оставете доволно простор за циркулација на воздух десно, лево, назад и над ладилникот. Доколку нема доволно простор за ладилникот, внатрешниот систем за ладење може да не работи правилно. • Ве молиме при поставување да обезбедите доволно простор за уредот да може слободно да се преместува во случај на одржување и сервисирање.• Висината на производот е различна во зависност од моделот. • При вградувањето, оставете простор десно, лево, позади и над ладилникот. Ова ќе помогне да се намали потрошувачката на енергија а со тоа може и да се намалат вашите сметки за електрична енергија. • Не го вградувајте ладилникот на место со температура пониска од 10°C. Повлечете го уредот нанадвор при вградување, сервисирање или чистење позади ладилникот и вратете го назад кога ќе завршите со работа. Обезбедете се дека подот може да го издржи ладилникот кога е целосно полн. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНИМАНИЕ или 960mm 50mm 50mm 1,165mm 600mm 560mmнајмалкунајмалку поставување на вашиот ладилник %1 JOEC4FD%1 JOEC4FD..
8_ поставување СМЕНУВАЊЕ НА СТРАНАТА НА ВРАТАТА НА ЛАДИЛНИКОТ Samsung препорачува менувањето на страната на отворање на вратата да го вршат сервисери кои се одобрени од страна на Samsung. Оваа постапка мора да се плати и ќе биде на сметка на потрошувачите. Сите оштетувања кои ќе ги предизвикате при обид за менување на страната на отворање на вратата не се покриени со гаранцијата која ја дава производителот на уредот. Сите поправки кои ќе биде потребно да се извршат во вакви околности мора да се платат и ќе бидат на сметка на потрошувачите. Потребни алатки Не се вклучени Шрафцигер - крстач (+)Шрафцигер - рамен (-)10mm гнездест клуч (за машински завртки) Не се вклучениДополнителен дел 11mm клуч (за осовина на шарка)3/16” имбус клуч(за средната шарка)Поклопец на горна лева шарка (под горниот поклопец) 1. Отстранете ги 4-те завртки на горниот поклопец на ладилникот. Осигурете се дека ладилникот е исклучен од електричен напон пред да почнете да ракувате со електричните жици. 2. Отстранете го горниот поклопец. Задолжително исклучете ја жицата под горниот поклопец. Внимавајте да не ги оштетите електричните жици при отстранување на горниот поклопец. 3. Исклучете ја жицата и потоа отстранете 3 машински завртки на горниот дел од ладилникот. Осигурајте се дека вратата на ладилникот е цврсто затворена. 4. Отстранете ја вратата на ладилникот од средната шарка внимателно кревајќи ја вратата нагоре. Вратата на ладилникот е тешка, внимавајте да не се повредите при преместување на вратата на ладилникот. 5. Расклопете ја средната шарка со отстранување на 2 машински завртки и завртка на десната страна. Отстранете ја вратата на замрзнувачот од долната шарка внимателно кревајќи ја вратата нагоре. Вратата на замрзнувачот е тешка, внимавајте да не се повредите при преместување на вратата на замрзнувачот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Завртка ВНИМАНИЕ ВНИМАНИЕ Средна шарка ВНИМАНИЕ ВНИМАНИЕ Средна шарка Долна шарка %1 JOEC4FD%1 JOEC4FD..
поставување _9 01 ПОСТАВУВАЊЕ СМЕНУВАЊЕ НА СТРАНАТА НА ВРАТАТА НА ЛАДИЛНИКОТ (ПРОДОЛЖЕНИЕ) 6. Одвојте го предниот ножен поклопец откако ќе ги отстраните 2-те завртки. 7. Одвртете ги 2-те машински завртки кои ги стегаат долните шарки и исто така одвртете ја машинската завртка на левата страна до предната ногарка каде што остранетата долна шарка ќе биде прикачена. Пред да ја отстраните долната шарка, нежно свртете ги предните ногарки во правец на стрелките на часовникот за полесно демонтирање и монтирање. 8. Преместете ја позицијата на осовината на долната шарка. Отстранете ја завртката на Авто водилката и отстранете ја осовината на долната шарка со 11mm клуч.Прикачете ја осовината на долната шарка на левата страна и вратете ја обратно ставената Авто водилка на претходната позиција. 9. Прикачете ја долната шарка на долната лева страна на ладилникот каде што претходно беше отстранета машинската завртка во чекор 8.Завртете ја преостанатата машинска завртка на долната десна страна на ладилникот за употреба во иднина. 10. Сменете ја страната на долното капаче на шарката и потоа додадете го предниот ножен поклопец на долниот дел од ладилникот. 11. Сменете ја страната на капачето за средната шарка,капачето и завртката, од левата на десната страна. 12. Остранете ја завртката на долната десна страна од вратата на замрзнувачот. Преместете ги стопирачот за вратата и нитната на шарката од десна на лева страна. 13. Преместете ги нитната на шарката и капачето на нитната на горниот дел од вратата на замрзнувачот. ЗаврткаПреден ножен поклопец 10mm 10mm Долна осовина за шарка Авто водилка Завртка Долно капаче за шарка Капаче за завртка Капаче за средна шарка ЗаврткаЗавртка Нитна за шарка Стопирачка за врата Нитна за шарка Капаче за нитна %1 JOEC4FD%1 JOEC4FD..
10_ поставување СМЕНУВАЊЕ НА СТРАНАТА НА ВРАТАТА НА ЛАДИЛНИКОТ (ПРОДОЛЖЕНИЕ) 14. Внимателно вратете ја вратата на замрзнувачот назад.Составете ја средната шарка со 2 машински завртки на левата страна. По преместувањето на вратата на замрзнувачот останува една завртка. Тоа не влијае на работењето на ладилникот. 15. Отстранете ја завртката на долната десна страна на вратата на ладилникот. Преместете ги стопирачката за вратата и нитната за шарката од десно кон лево. 16. Отстранете го поклопецот над жиците на горниот дел од вратата на ладилникот со рамен штрафцигер и тогаш извадете ги горната шарка и жиците од десната страна на вратата на ладилникот. 17. Одвојте го поклопецот на горната десна шарка од горната шарка и извлечете ги жиците од поклопецот на горната десна шарка.18. Користете 11mm клуч за да ја одвоите осовината на горната шарка. Превртете ја горната шарка и повторно прикачете ја на осовината на горната шарка. 19. Сменете ги страните на капачето на вратата и нитната за шарка на горниот дел од вратата на ладилникот. 20. Склопете ја горната шарка постапувајќи по чекор 19 обратно. (Обезбедете се дека го корисите поклопецот за горната лева шарка која се наоѓа под горната табла). Ставете ја составената шарка на левата страна на вратата на ладилникот. Обезбедете се дека црвената лента на жицата е позиционирана на крајот од поклопецот на горната лева шарка. Нитна за шарка Стопирачка за врата Капаче за вратаНитна за шарка %1 JOEC4FD%1 JOEC4FD..