Home > GGP Italy SPA > Brush Cutter > GGP Italy SPA Brush Cutter ST291 German Version Manual

GGP Italy SPA Brush Cutter ST291 German Version Manual

    Download as PDF Print this page Share this page

    Have a look at the manual GGP Italy SPA Brush Cutter ST291 German Version Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 893 GGP Italy SPA manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.

    							8ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТАMK
    ПРОВЕРКА НА МАШИНАТА
    Пред да започнете со работа, треба:
    – да проверите да не се случајно олабавени
    шрафовите на уредот за сечење;
    – да проверите да не е оштетен уредот за сечење
    и дали металниот нож со 3 или 4 запци (ако се
    поставени) се добро зашрафени;
    – да проверите дали филтерот за воздух е чист;
    – да проверите дали сите заштити се прицврстени
    и ефикасни;
    – да проверите дали рачките се добро
    прицврстени.
    ПОДГОТОВКА НА МЕШАВИНАТА
    Оваа машина има двотактен мотор и работи на
    мешавина од бензин и масло за подмачкување.
    Со користење само на бензин
    се оштетува моторот и се изнудува губење на
    гаранцијата..
    Користете само гориво и
    подмачкувачи со висок квалитет за одржување на
    машината и за да гарантирате траење на
    механичките делови.
    •Карактеристики на бензинот
    Користете само безоловен бензин (зелен бензин)
    со број на октани не помал од 90 N.O.
    Зелениот бензин создава
    талог во резервоарот ако се чува повеќе од два
    месеци. Секогаш користете свеж бензин!
    •Карактеристики на маслото
    Ставајте само синтетичко масло од врвен
    квалитет, наменет за двотактни мотори.
    Кај застапникот може да ги најдете соодветните
    масла, создадени за овој вид мотор, до оној
    степен кој гарантира поголема заштита.
    Користењето на овие масла дозволува
    составување на една мешавина од 2%, што значи
    1 дел масло се меша со секои 50 дела од бензин.
    ВАЖНО
    ВАЖНО
    ВАЖНО
    Во случаи кога нема соодветно масло, може да се
    користи минерален лубрикант за мотори (класа FA
    или FB), и во тој случај се прави мешавина од 4%,
    т.е. 1 дел масло на секои 25 дела бензин.
    •Подготовка и конзервација на мешавината
    Бензинот и мешавината се запалливи!
    – Конзервирајте ги бензинот и мешавината во
    контејнери за гориво, на безбедно место,
    подалеку од извор на топлина или отворен
    оган.
    – Не оставајте го контејнерот на дофат на деца.
    – Не пушете при подготвување на мешавината и
    избегнувајте да ги вдишувате испарувањата
    на бензинот.
    Табелата ги посочува количините на бензин и
    масло што треба да се искористат за да се
    подготви мешавината во функција на видот на
    маслото за користење.
    За подготовка на мешавината:
    – Ставете во еден сад приближно половина од
    количината бензин.
    – Додајте го целото масло, според табелата.
    – Додајте го остатокот од бензинот.
    – Затворете го капакот и измешајте енергично.
    Мешавината подлежи на
    стареење. Не подготвувајте големи количини на
    мешавина зa да се избегне формирање талог.
    Чувајте ги добро обезбедени и
    идентификувани контејнерите со мешавината и со
    бензинот за да се избеге замена во моментот на
    користење.
    ВАЖНО
    ВАЖНО
    !ОПАСНОСТ!
    5. ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА
    Бензин Синтетичко масло Минерално масло
    2 Tакта Класа FA – FB
    литри литриcm3литриcm3
    10,022,0 0,04 40
    20,04400,0880
    30,06600,12 120
    50,10 100 0,20 200
    10 0 ,20 200 0,40 400 
    						
    							Одвреме навреме чистете ги
    контејнерите за бензин и за мешавина за да се
    отстранат евентуалните талози.
    ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
    Не пушете во текот на
    полнењето и не вдишувајте ги испарувањата од
    бензинот.
    Отворете го внимателно
    капачето од резервоарот бидејќи можно е да
    има внатрешен притисок.
    Пред полнење:
    – Протресете го енергично резервоарот за
    мешавина.
    !ВНИМАНИЕ!
    !ОПАСНОСТ!
    ВАЖНО– Поставете ја машината на рамна површина, во
    стабилна позиција со капачето на резервоарот
    за мешавина одгоре.
    – Исчистете го капачето на резервоарот во круг за
    да се избегне навлегување нечистотии при
    полнењето.
    – Отворете го внимателно капачето на
    резервоарот за мешавина за да се испушти
    притисокот постепено. Наполнете со инка и не
    ставајте од мешавината до грлото на
    резервоарот.
    Секогаш затворајте го
    капачето на резервоарот, завртувајќи докрај.
    Исчистете ги веднаш сите
    траги од мешавината што евентуално се
    истуриле врз машината или на теренот и не
    палете го моторот се’ додека се чувствуваат
    испарувањата на бензинот.
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА / ВКЛУЧУВАЊЕ – КОРИСТЕЊЕ – ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ9MK
    Палење на моторот (сл. 8):
    1.Донесете го прекинувачот (1) во позиција
    «START».
    2. Вклучете го стартерот, вртејќи ја рачката (5)
    кон позицијата «CLOSE».
    3. Притиснете го копчето за потикнување (на
    притискање) (6) 3–4 пати за да потече гориво.
    4. Цврсто држете ја машината на теренот со една
    рака на моторната единица за да не се изгуби
    контрола во текот на палењето (сл. 9).
    За да се избегнат
    деформации, цевката за трансмисија не треба да
    се користи за потпирање на рацете или колената
    при палење.
    5. Полека извлечете го јажето за палење 10– 15
    цм. се’ додека не почуствувате отпор и тогаш
    решително повлечете неколку пати се’ додека
    не се слушнат првите звуци на моторот.
    За да избегне кинење, неВАЖНО
    ВАЖНО
    ВКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ
    Вклучувањето на моторот
    треба да се одвива на најмалку 3 метри
    оддалеченост од местото каде се извршило
    полнењето на горивото.
    Пред да го запалите моторот:
    – Поставетеја машината во стабилна позиција на
    теренот.
    – Тргнете ја заштитата од ножот (ако е поставен).
    – Проверете дали ножот (ако е поставен) го
    допира теренот или други предмети.
    •Палење на ладно
    За палење на “ладно“треба да
    се изведе палење најмалку по 5 минути од
    смирување на моторот или по полнење гориво.ЗАБЕЛЕШКА
    !ВНИМАНИЕ!
    6. ВКЛУЧУВАЊЕ – КОРИСТЕЊЕ – ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ 
    						
    							MK10ВКЛУЧУВАЊЕ – КОРИСТЕЊЕ – ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ
    влечете го јажето до крај, не виткајте го по работ
    на отворите на водилката и постепено
    ослободувајте го ракофатот со тоа што ќе
    избегнувате враќање на неконтролиран начин.
    6. Одново повлечете го ракофатот за палење се’
    додека не постигнете правилно палење на
    моторот.
    Палењето на моторот со
    притиснат стартер предизвикува движење на
    уредот за сечење којшто се смирува само со
    исклучен стартер.
    7.Штом ќе се запали моторот, притиснете го
    накратко забрзувачот за да го откачите
    стартерот и да го доведете моторот на
    минимум.
    8.Оставете моторот да работи на минимум
    најмалку 1 минута пред да ја користите
    машината.
    Доколку ракофатот на јажето
    за палење се скине при влечење со притиснат
    стартер, моторот може да се загуши и да се
    предизвикаат потешкотии при палење.
    Во случај кога моторот ќе се задуши, извадете ја
    свеќичката и нежно свртете го ракофатот на
    јажето за палење за да се елиминира вишокот
    гориво; потоа исушете ги електродите на
    свеќичката и поставете ја на моторот.
    •Палење на топло
    За палење на топло (веднаш по гаснење на
    моторот), следете ги точките 1 – 4 – 5 – 6 во
    претходната процедура.
    КОРИСТЕЊЕ НА МОТОРОТ (сл. 8)
    Моќноста на уредот за сечење се регулира со
    командата на забрзувачот (2) поставена на
    задната рачка (4) или на десната рачка (4а) на
    шипката за ракофат.
    Активирањето на забрзувачот е можно само ако
    истовремено се притисне и рачката за блокирање
    (3).
    Движењето се пренесува од моторот на осовината
    за трансмисија со помош на центрифугална маса
    која предизвикува движење на осовината кога
    моторот е на минимум.
    ВАЖНО
    !ВНИМАНИЕ!
    Не користете ја машината
    ако уредот за сечење се движи кога моторот е
    на минимум; во овој случај, регулирајте на
    минимум (видете поглавје 8) и доколку
    проблемот опстојува, контактирајте со
    застапникот.
    Правилната брзина на работата се постигнува со
    командата за забрзување (2) во долен правец.
    Во текот на првите 6– 8 часа
    од работа на машината, користете го моторот на
    максимум вртежи.
    ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ (сл. 8)
    За да го застанете моторот:
    – Отпуштете ја командата за забрзување (2) и
    оставете го моторот да работи на минимум
    неколку секунди.
    – Поместете го прекинувачот (1) во позиција
    «STOP».
    Штом ќе го ставите
    забрзувањето на минимум, потребни се неколку
    секунди пред да застане уредот за сечење.!ВНИМАНИЕ!
    ВАЖНО
    !ВНИМАНИЕ! 
    						
    							MKКОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА11
    Во однос на почитувањето на другите и на
    средината:
    – Избегнувајте постоење на елементи на
    нарушување.
    – Следете ги точно локалните закони за
    фрлање на материјалите кои ќе се резултат
    на сечењето.
    – Следете ги точно локалните закони за
    фрлање масла, бензин, дотрошени делови
    или какви било други елементи кои може да
    ја нарушат животната средина.
    Продолжена изложеност на
    вибрации може да предизвика повреди и
    невроваскуларни пореметувања (познати и
    како 
    “Рејнодов синдром“ или “бела рака“)
    особено кај оние што се изложени на
    циркуларни влијанија. Симпомите може да се
    покажат на рацете, на рачните зглобови или на
    прстите и се манифестираат со губење на осет,
    вкочанетост, чешање, болка, обезбојување и
    структурални промени на кожата. Овие ефекти
    може да се зголемат со ниски надворешни
    температури и / или од прекумерен притисок
    врз рачките. При појава на овие симптоми,
    треба да го намалите времето на користење на
    машината и да се советувате со лекар.
    Носете соодветна облека
    додека работите. Застапникот ги има сите
    потребни информации за материјалите кои
    претставуваат заштита при работа и
    гарантираат безбедност при работа.
    УПОТРЕБА НА ПОЈАСОТ (сл. 10)
    Машината мора секогаш да
    се користи прицврстена правилно на
    приложениот појас. Редовно проверувајте ја
    ефикасноста на копчата за брзо откачување
    што овозможува брзо да ја ослободите
    машината од ременот во случај на опасност.
    Појасот треба се стави пред да се закачи
    машината за соодветниот прицврстувач и
    ремените треба да се регулираат во однос на
    висината и тежината на корисникот.
    Ако машината има повеќе отвори за закачување,
    употребете го она место што е најповолно за
    одржување рамнотежа на машината при работа.
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
    Во текот на работата,
    машината треба секогаш да се држи цврсто со
    двете раце, држејќи ја моторната единица од
    десната страна, а делот за сечење под линијата
    на појасот.
    Застанете го веднаш
    моторот ако ножот се блокира во текот на
    работата. Секогаш внимавајте на евентуален
    повратен удар (контраудар) што може да се
    случи ако ножот наиде на препрека (гранки,
    корени, гранчиња, камења, и сл.). Избегнувајте
    допир на ножот со теренот. Противударот
    предизвикува отскокнување на ножот што
    тешко се контролира и може да предизвика
    губење контрола врз машината при што се
    нарушува безбедноста на корисникот и појава
    на оштетувања на самата машина.
    Пред да започнете со косење за првпат, неопходно
    е да стекнете неопходно познавање на машината
    и на најдобрите техники на сечење имајќи на ум
    секогаш правилно да го носите појасот за кој
    машината е цврсто закачена, како и со движењата
    кои се потребни за извршување на работата.
    •
    Избор на уред за сечење
    Изберете го уредот за сечење којшто најмногу
    одговара на работата што треба да се изврши
    според следните индикации:
    – 
    ножот со три запци е наменет за сечење ниски
    грмушки и мали жбунови со дијаметар најмногу
    до 2 цм;
    –
    ножот со 4 запци е наменет за сечење на
    отпорна трева, на широки полиња;
    –
    макарата со конец може да елиминира висока
    трева и бездрвна вегетација во близина на
    ѕидови, огради, темели, патеки, околу дрвја, итн.
    или за комплетно чистење на дадена област во
    градината;
    ТЕХНИКИ НА РАБОТА
    a) Нож со 3 запци (сл. 11)
    Започнете со сечење од врвот на вегетацијата,
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    7.КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА 
    						
    							MK12КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
    симнувајќи се потоа со надолу сечејќи ги
    подолните гранки на мали делови.
    b) Нож со 4 запци (сл. 12)
    Почнете со работа со машината на традиционален
    начин во круг со движење во лак од приближно
    60–90°, започнувајќи од надворешниот опсег на
    вегетацијата и така натаму.
    c) Макара со конец
    Користете САМО најлонски
    конец. Употребата на метални конци,
    метално–пластични конци и/или несоодветни
    за макарата може да предизвикаат серија
    повреди и оштетувања.
    За време на работата, неопходно е да го
    застанувате моторот и периодично да ја
    отстранувате насобраната трева околу машината
    за да се избегне презагревање на цевката за
    трансмисија ако тревата се насобрала под
    заштитата. 
    Остранувајте ја тревата со шрафцигер за да
    овозможите шипката правилно да се лади.
    Никогаш не користете ја
    машината за метење, накривувајќи ја макарата
    со конецот. Моќноста на моторот може да
    отфрли предмети и мали камчиња повеќе и од
    15 метри со што може да се предизвикаат
    оштетувања и да се повредат луѓе.
    •Сечење во движење (косење) (сл. 13)
    Почнете со рамномерен ’од, со движења во форма
    на лак слично при традиционално косење без да ја
    закосувате макарата со конецот при работата. 
    Од почеток пробајте да работите на еднаква
    висина во мал простор, за да може да одржувате
    еднаква висина на косење со макарата со конец и
    на константна оддалеченост во однос на теренот.
    За опсежни сечења, може малку да ја закосите до
    околу 30° налево макарата со конецот.
    Не работете на овој начин
    ако постои можност да се отфрлат предмети
    што може да повредат луѓе, животни или да
    предизвикаат оштетувања.
    •Прецизно сечење (обликување)
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    Држете ја машината малку закосена на тој начин
    што понискиот дел од макарата со конецот да не
    го допира теренот и линијата на сечење да се
    наоѓа на саканата точка одржувајќи го секогаш
    уредот за сечење подалеку од корисникот.
    •Сечење во близина на ограничувања / темели
    (сл 14)
    Приближете ја полека макарата со конецот до
    ѕидовите, надѕидоците, карпите, оградите, итн.
    без примена на сила. 
    Ако конецот се навитка околу некоја тврда
    препрека може да се скине или потроши; ако
    продолжите, ќе направите дупка во оградата,
    може да наравите неправилно поткастрување.
    Во секој случај, сечење во близина на ѕидови,
    темели, огради и сл. може да предизвика
    користење на конецот што не се смета за
    нормално.
    •Сечење околу дрвја (сл. 15)
    Движете се околу дрвото од лево кон десно,
    пристапувајќи внимателно кон стеблото и
    внимавајќи конецот да не се заплетка околу
    дрвото со тоа што ќе ја држите макарата со
    конецот малку закривена нанапред.
    Имајте предвид дека најлонскиот конец може да
    скине или оштети мали жбунови и дека
    заплеткувањето на најлонскиот конец околу
    стеблото на жбуновите или дрвјата со нежна кора
    може да го уништи растението.
    •
    Регулација на должината на конецот при
    работа (сл. 16)
    Оваа машина е опремена со една макара“Потчукни и продолжи“ (Tap & Go).
    За да ослободите конец, потчукнете ја макарата
    со конецот наспроти теренот кога моторот е во
    максимална брзина; конецот автоматски се
    ослободува и маказите ја отсекуваат
    непотребната должина.
    ЗАВРШУВАЊЕ СО РАБОТА
    За завршување со работа:
    – Застанете го моторот како што е претходно
    посочено (глава 6).
    – Почекајте уредот за сечење да се смири и
    поставете ја заштитата на ножот (ако се
    поставени ножеви со 3 или 4 запци). 
    						
    							ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА13MK
    Правилно одржување е основно за обезбедување
    ефикасно темпо и безбедност на оригиналните
    делови на машината.
    При операции на
    одржување:
    – отстранете го капачето на свеќичката,
    – проверете дали моторот е соодветно изла-
    ден,
    – користете заштитни ракавици кога извршу-
    вате операции со ножевите,
    – секогаш нека се поставени заштитниците за
    ножевите, дури и при интервенција на самиот
    нож,
    – не фрлајте наоколу масло, бензин и други
    какви било материјали.
    ЦИЛИНДЕР И ПРИГУШУВАЧ
    За да се намали ризикот од искрење, честопати
    чистете ги крилцата на цилиндарот со
    компресиран воздух и ослободете ја зоната на
    пригушувачот од остатоци при пилење, гранчиња,
    ливчиња и други работи.
    ГРУПА ПАЛЕЊЕ
    За да се избегне презагревање и штети на
    моторот, решетките за проток на воздух за
    ладење треба секогаш да се одржуваат чисти и
    ослободени од остатоци при пилење и друго.
    Јажето за палење треба да се замени при први
    знаци на оштетување.
    ФИКСИРАНОСТ
    Периодично контролирајте ја прицврстеноста на
    сите навртки и завртки, како и дали рачките се
    цврсто фиксирани.
    ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ (сл. 17)
    Чистењето на филтерот за
    воздух е битно за добра работа и век на самата
    машина. Не работете без филтер или со оштетен
    филтер за да не предизвикате непоправливи
    оштетувања на моторот.
    Чистењето треба да се спроведува секои 8– 10
    часови работа.
    ВАЖНО
    !ВНИМАНИЕ!
    За чистење на филтерот:
    – Притиснете го крилцето (3) и извадете го
    капакот (1), а со тоа и елементот со филтер (2). 
    – Исперете го елементот за филтерот (2) со вода и
    сапун. Не користете бензин или други
    растворувачи.
    – Оставете филтерот да се исуши на воздух. 
    – Поставете го повторно елементот за филтерот
    (2) и капакот(1).
    КОНТРОЛА НА СВЕЌИЧКАТА (сл. 18)
    Повремено, откачете ја и исчистете ја свеќичката
    за да ги отстраните евентуалните талози со
    метална спатула.
    Проверете ја и обновете ја точната оддалеченост
    меѓу електродите.
    Поставете ја свеќичката на место прицврстувајќи
    ја со приложените клучеви.
    Свеќичката треба да се замени со друга со
    аналогни карактеристики во случај кога
    електродите се прегорени или неправилно
    изолирани, или на секои 100 часа функционирање.
    РЕГУЛАЦИЈА НА КАРБУРАТОРОТ
    Карбураторот се регулира во фабрика во режим
    да дава максимални резултати во секоја ситуација
    на користење, со минимално емитирање на ште-
    тни гасови и во согласност со важечките закони.
    Во случај на лоша изведба, обратете се кај
    застапникот да ги провери карбураторот и
    моторот.
    •
    Минимална регулација (сл. 17)
    Минималната регулација
    мора да се изведе само кога уредот за сечење
    се движи со мотор поставен на минимум.
    Намалувањето на брзината се постигнува со
    вртење на навртките (4) спротивно од правецот на
    движење на сказалките на часовникот се’ додека
    не се постигне смирување на уредот за сечење со
    задоволителна регуларност од работата на
    моторот.
    Ако моторот е поставен на минимум и има
    неправилна работа, свртете ги шрафовите во
    правец на стрелките на часовникот за да се
    постигне брзината.
    Уредот за сечење не смее да
    се движи кога моторот е во минимален режим,!ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    8. ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА 
    						
    							контактирајте со застапникот за да постигне и
    одржува задоволителна регулација.
    АГОЛЕН ПРОДОЛЖУВАЧ (сл. 19)
    Обилно подмачкајте со маст од обичен литиум. 
    Извадете ги шрафовите (1) и вметнете маст рачно
    вртејќи ја осовината се’ додека маста не се
    дистрибуира, а потоа вратете ги шрафовите (1).
    ОСТРЕЊЕ НА НОЖОТ СО 3 ИЛИ 4 ЗАПЦИ (сл. 20)
    Користете заштитни ракави-
    ци. Ако острењето се изведува без вадење на
    ножот, откачете го капачето на свеќичката.
    Острењето треба да се изведе водејќи сметка за
    типот на ножот и за видот острење со помош на
    рамна турпија и во еднаков режим за сите точки.
    Референците за правилно острење се посочени на
    сл. 20:
    А = Погрешно острење
    Б – Лимити на острење
    В = Погрешни и неедвакви закосувања
    Многу е важно по острењето да се задржи
    правилна рамнотежа.
    Ножевите со 2 или 4 запци се користат од обете
    страни. Кога едната страна на запците ќе се
    затапи, ножот може да се сврти и да се користи
    другата страна на запците.
    Ножот никогаш не смее да
    се поправа туку мора да се замени штом ќе се
    забележат зачетоци на оштетување или кога ќе
    се достигне дозволениот лимит за острење.
    ЗАМЕНА НА КОНЕЦОТ НА МАКАРАТА
    За да се замени најлонскиот конец, треба да го
    следите упатството приложено за макарата.
    ОСТРЕЊЕ НА МАКАЗИТЕ ЗА СЕЧЕЊЕ НА КОНЕ-
    ЦОТ (сл. 21)
    – Извадете ги маказите за сечење на конецот (1)
    од заштитата (2) одвртувајќи ги шрафовите (3).
    – Фиксирајте ги маказите за сечење на конецот на
    менгеме и почнете да острите со пошош на
    рамна турпија обрнувајќи внимание да се
    одржува аголот на оригиналната закосеност.
    – Поставете ги маказите врз заштитата.
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    ВОНРЕДНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
    Секоја операција на одржување што не е вклучена
    во ова упатство треба да се изведе исклучиво кај
    вашиот застапник.
    Сите операции што се изведени на несоодветен
    начин и од неквалификувани лица придонесуваат
    да се изгуби секоја форма на гаранција.
    КОНЗЕРВАЦИЈА
    На крајот на секоја работа, исчистете ја машината
    детално од прав и остатоци при работа, поправете
    ги или заменете ги сите дефектни делови.
    Машината треба да се конзервира на суво место,
    засолнето од надворешните временски прилики
    со правилно поставена заштита.
    ПОДОЛГО НЕКОРИСТЕЊЕ
    Ако се предвидува неко-
    ристење на машината повеќе од 2 – 3 месеци,
    треба да се применат неколку решенија за да се
    избегнат потешкотии при обновување на работата
    или трајни оштетувања на моторот.
    •Чување
    Пред одлагање на машината:
    – Испразнете го резервоарот за гориво.
    – Вклучете го моторот и одржувајте го во
    минимален режим на работа се’ додека не се
    изгасне, за да го потроши целото гориво што
    останало во карбураторот.
    – Оставете да се излади моторот и извадете ја
    свеќичката.
    – Истурете врз отворот на свеќичката една
    лажичка некористено масло.
    – Повлечете ја неколку пати рачката за палење за
    да го дистрибуирате маслото во цилиндерот.
    – Поставете ја свеќичката со навртката на
    најгорната можна точка (да е видливо низ
    отворот за свеќичката кога навртката е на
    најгорната позиција).
    •Обновување на работата
    Во моментот кога машината треба да се стави во
    функција:
    – Извадете ја свеќичката.
    – Повлечете ја неколку пати рачката за палење за
    да се елиминира вишок масло.
    – Проверете ја свеќичката како што е посочено во
    поглавје “Контрола на свеќичката“.
    – Поставете ја машината како што е посочено во
    поглавје “Подготовка за работа“.
    ВАЖНО
    14ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈАMK 
    						
    							ОТКРИВАЊЕ ГРЕШКИ15MK
    9. ОТКРИВАЊЕ ГРЕШКИ
    1)Моторот не се пали
    или пак не може да се
    стави во движење
    2)Моторот се пали, но
    со мала моќност
    3)Моторот работи
    неправилно или нема
    моќ врз ланецот
    4)Моторот испушта
    повеќе чад–Процедурата на палење не е правилна
    –Свеќичката е нечиста или оддалеченоста
    меѓу електродите не е точна
    –Филтерот за воздух е затнат
    –Проблеми со согорување
    –Филтерот за воздух е затнат
    –Проблеми со согорување
    –Свеќичката е нечиста или оддалеченоста
    меѓу електродите не е точна
    –Проблеми со согорување
    –Имало таложење од мешавината
    –Проблеми со согорување–Следете го упатството (видете поглавје
    6)
    –Проверете ја свеќичката (видете
    поглавје 8)
    –Исчистете го и / или заменете го
    филтерот (видете поглавје 8)
    –Контактирајте со застапникот
    –Исчистете го и / или заменете го
    филтерот (видете поглавје 8)
    –Контактирајте со застапникот
    –Проверете ја свеќичката (видете
    поглавје 8)
    –Контактирајте со застапникот
    –Подгответе ја мешавината според
    упатството (видете поглавје 5)
    –Контактирајте со застапникот
    НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА ЛЕК 
    						
    							16ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИMK
    Модел............................................ 28 Mono 28 Duplex 34 Mono 34 Duplex 40 Mono 40 Duplex
    Ниво на дозволена бука (ISO 10884) dB(A)
    со макара со конец ...................... 111,6 111,4 110,5 110,8 112,7 112,3
    со нож со 4 запци ........................ 111,0 109,5 108,5 109,5 110,9 111,0
    Ниво на бучава за слухот на операторот (EN 27917) dB(A)
    со макара со конец ...................... 96,9 97,0 97,5 96,4 99,0 96,4
    со нож со 4 запци ........................ 98,6 95,8 96,0 94,8 98,2 96,1
    ибрации што се пренесуваат на рацете од предната рачака (“MONO”) (ISO 7916) m/sec
    2
    на минимум ................................. 6,7 – 6,4 – 4,4 –
    со макара со конец ...................... 7,4 – 8,1 – 7,9 –
    со нож со 4 запци ........................ 9,5 – 4,9 – 7,2 –
    Вибрации што се пренесуваат на рацете од задната рачака (“MONO”) (ISO 7916) m/sec
    2
    на минимум ................................. 4,2 – 4,4 – 3,4 –
    со макара со конец ...................... 7,3 – 5,8 – 6,8 –
    со нож со 4 запци ........................ 8,9 – 5,8 – 8,1 –
    Вибрации што се пренесуваат на рацете од левата рачака (“DUPLEX”) (ISO 7916) m/sec
    2
    на минимум ................................. – 3,1 – 2,2 – 2,1
    со макара со конец ...................... – 7,4 – 3,5 – 4,9
    со нож со 4 запци ........................ – 9,5 – 3,9 – 5,3
    Вибрации што се пренесуваат на рацете од десната рачака (“DUPLEX”) (ISO 7916) m/sec
    2
    на минимум ................................. – 4,3 – 3,9 – 3,7
    со макара со конец ...................... – 7,3 – 2,7 – 6,0
    со нож со 4 запци ........................ – 8,9 – 5,4 – 8,3
    Мотор ......................... 2 такта и воздушно ладење
    Запремнина / Моќност
    Модел 28 ..................................... 25,4 cm
    3/ 0,8 kW
    Модел 34 ..................................... 33,6 cm3/ 1,2 kW
    Модел 40 ..................................... 40,6 cm3/ 1,2 kW
    Моќност на ротација на моторот на минимум
    Модел 28 - 34 - 40  ................ 2600-2800 вртежи/1’
    Максимална моќност на ротација на моторот
    Модел 28 ............................. 9800-10200 вртежи/1’
    Модел 34 ............................... 9300-9700 вртежи/1’
    Модел 40 ........................... 10600-11000 вртежи/1’
    Максимална моќност на ротација на додатоците
    Модел 28.. ...................................... 8000 вртежи/1’
    Модел 34 ........................................ 7600 вртежи/1’
    Модел 40 ........................................ 8650 вртежи/1’Свеќичка ..................LD L8RTF (или еквивалентна)
    Мешавина . Бензин: Масло за 2 такта = 50:1 = 2%
    Капацитет на резервоарот:
    Модел 28   ................................................... 750 cm
    3
    Модел 34 - 40  ............................................. 900 cm3
    Максимален дозволен дијаметар на ножевите
    Нож со 3 запци ......................................Ø255 mm
    Нож со 4 запци ......................................Ø255 mm
    Маса1)
    Модел “MONO” ............................. од 4,9 до 6,7 kg
    Модел “DUPLEX” ........................... од 5,1 до 7,1 kg
    1)Маса во однос на нормативот ISO 11806 (без
    гориво, уред за сечење и заштита)
    10.ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
    Фонометрички ставки и вибрации 
    						
    							LTPRISTATYMAS1
    Gerbiamas kliente,
    Pirmiausia norime padòkoti už tai, kad pasirinkote ms  gamin∞. Tikimòs, kad šis pasirinkimas paten-
    kins visus Js  pageidavimus ir lkesãius. Šis vadovòlis parašytas šio prietaiso tinkamam vartojimui,
    saugiam naudojimui bei efektyvumui; nepamirškite, kad vadovòlis ∞eina ∞ prietaiso komplektin∏ sudòt∞,
    todòl pravartu j∞ laikyti lengvai prieinamoje vietoje, tuo atveju kad prireikus visada bt  po ranka.
    Vadovòlis turi bti prie prietaiso ir tuo atveju kai prietaisas perduodamas naudojimui kitiems asmenims,
    skolinant j∞, arba galutinai perduodant kitam naudotojui.
    Šis naujas prietaisas buvo suprojektuotas ir sukurtas pagal atitinkamas normatyvas. Prietaisas naudo-
    jamas pagal vadovòlyje nurodytas taisykles yra saugus ir patikimas (numatytas naudojimas); bet koks
    kitoks naudojimas, ar nesilaikant saugos priežiros ir taisymo taisykli , taip pat naudojant “kitokiems
    veiksmams nei skirta”. Gamintojo garantija gaminiui neteikiama, jei prietaisas naudojamas nesilaikant
    instrukcijose numatyt  saugaus naudojimo bei priežiros taisykli , prietaisas naudojamas ne pagal
    paskirt∞.
    Turint omenyje jog prietaisas periodiškai atnaujinamas ir tobulinamas js galite susidurti su kai kuriais
    pakitimais neatitikimais instrukcijoje. Šioje instrukcijoje pateikta informacija konkreãiai gamintojo versija
    be papildom  atnaujinim  ar pakeitim . Bet kokiu atveju vartojimo instrukcija visada išlaiko pagrindines
    prietaiso charakteristikas. Kilus bet kokiems klausimams nedvejodami kreipkitòs ∞ prietaiso pardavòjà.
    TURINYS
    1.
    Pagrindini  dali  identifikacija...................................................... 22.Simboliai ....................................................................................... 33.Saugumo nurodymai .................................................................... 44.Prietaiso montavimas ................................................................... 65.Pasiruošimas darbui ..................................................................... 86.Pajungimas – Naudojimas – Variklio sustabdymas ..................... 97.Prietaiso naudojimas .................................................................. 118.Priežira ir laikymas ................................................................... 139.Gedim  lokalizacija..................................................................... 1510.Techniniai duomenys .................................................................. 16 
    						
    All GGP Italy SPA manuals Comments (0)

    Related Manuals for GGP Italy SPA Brush Cutter ST291 German Version Manual