Electrolux Ecn 40109 W Russian Version Manual
Have a look at the manual Electrolux Ecn 40109 W Russian Version Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 208 Electrolux manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.
ΕΓΚΑΤΆΣΤΑΣΗ Τοποθέτηση ΠΡΟΕΙΔΟΠΟΙΗΣΗ Πριν από την απόρριψη μιας παλιάς συσκευής με κλειδαριά ή μάνδαλο στο καπάκι, βεβαιωθείτε ότι τα εξαρτήματα αυτά δεν λειτουργούν, ώστε να αποφευχθεί ο κίνδυνος παγίδευσης παιδιών στο εσωτερικό της συσκευής. ΣΗΜΑΝΤΙΚΟ Μετά την εγκατάσταση της συσκευής, η πρόσβαση στο φις πρέπει να είναι ελεύθερη. Η συσκευή αυτή μπορεί να εγκατασταθεί σε στεγνό, καλά αεριζόμενο εσωτερικό χώ‐ ρο (γκαράζ ή κελάρι), αλλά για βέλτιστη απόδοση εγκαταστήστε την σε χώρο όπου η θερμοκρασία περιβάλλοντος αντιστοιχεί στην κλιματική κατηγορία που αναγράφε‐ ται στην πινακίδα τεχνικών στοιχείων της συσκευής: Κλιματική κατηγο‐ ρίαΘερμοκρασία περιβάλλοντος SN+10°C έως + 32°C N+16°C έως + 32°C ST+16°C έως + 38°C T+16°C έως + 43°C Ηλεκτρική σύνδεση Πριν από τη σύνδεση, επαληθεύστε ότι η τάση και η συχνότητα που αναγράφονταιστην πινακίδα τεχνικών χαρακτηριστικών αντιστοιχούν στα χαρακτηριστικά της πα‐ ροχής σας. Η συσκευή πρέπει να γειώνεται. Το φις του καλωδίου τροφοδοσίας διαθέτει μια επαφή γι' αυτό το σκοπό. Εάν η πρίζα δεν είναι γειωμένη, συνδέστε τη συσκευή σε μια μεμονωμένη γείωση σύμφωνα με τους τρέχοντες κανονισμούς, αφού συμβουλευ‐ θείτε έναν επαγγελματία ηλεκτρολόγο. Σε περίπτωση μη τήρησης των παραπάνω προφυλάξεων ασφαλείας, ο κατασκευα‐ στής δε φέρει καμία ευθύνη. Αυτή η συσκευή είναι σύμφωνη με τις ακό‐ λουθες Οδηγίες της. ΕΟΚ. Απαιτήσεις εξαερισμού 1. Τοποθετήστε τον καταψύκτη σε οριζό‐ ντια θέση και σε σταθερή επιφάνεια. Ο θάλαμος πρέπει να στηρίζεται και στα τέσσερα πόδια. 2. Βεβαιωθείτε ότι η απόσταση ανάμεσα στη συσκευή και τον πίσω τοίχο είναι 5 cm. 3. Βεβαιωθείτε ότι η απόσταση ανάμεσα στη συσκευή και τα πλαϊνά τμήματα εί‐ ναι 5 cm. Η ροή αέρα πίσω από τη συσκευή πρέπει να είναι επαρκής. ΠΕΡΙΒΑΛΛΟΝΤΙΚΆ ΘΈΜΑΤΑ Το σύµβολο στο προϊόν ή επάνω στη συσκευασία του υποδεικνύει ότι δεν πρέπει να µ εταχειρίζεστε το προϊόν αυτό ως οικιακό απόρριµµα . Αντιθέτως θα πρέπει να παραδίδεται στο κατάλληλο σηµείο συλλογής για την ανακύκλωση ηλεκτρικού και ηλεκτρονικού εξοπλισµού. Εξασφαλίζοντας ότι το προϊόν αυτό διατίθεται σωστά, συµβάλλετε στην αποτροπή ενδεχόµενων αρνητικών συνεπειών για το περιβάλλον και τηνανθρώπινη υγεία, οι οποίες θα µπορούσαν διαφορετικά να προκληθούν από ακατάλληλο χειρισµό απόρριψης του προϊόντος αυτού. Για λεπτοµερέστερες πληροφορίες σχετικά µε την ανακύκλωση του προϊόντος αυτού, επικοινωνήστε µε το δηµαρχείο της περιοχής σας, την τοπική σας υπηρεσία αποκοµιδής οικιακών απορριµµάτων ή µε το κατάστηµα όπου αγοράσατε το προϊόν. electrolux 41
Electrolux. Thinking of you. Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com СОДРЖИНА Безбедносни информации 42 Ракување 44 Контролна табла 45 Прва употреба 45 Секојдневна употреба 45 Помошни напомени и совети 46Нега и чистење 47 Што да сторите ако... 48 Технички податоци 50 Монтажа 51 Еколошки мерки 51 Можноста за промени е задржана БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна употреба, пред да го наместите и да го користите апаратот првпат, прочитајте го упатството за употреба внимателно, вклучувајќи ги и советите и предупредувањата. За да се избегнат непотребни грешки и незгоди, важно е сите што го користат апаратот да се темелно запознаени со начинот на работата и безбедносните функции. Чувајте го упатството и погрижете се да биде со апаратот ако се премести или продаде, за да може секој што го користи во работниот век да биде правилно информиран за употребата на апаратот и за безбедноста. За безбедност на животот и имотот чувајте ги опомените за претпазливост од ова упатство бидејќи производителот не е одговорен за штетите предизвикани од нивното непочитување. Безбедност на децата и помалку вештите лица • Апаратот не е наменет да го користат лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или што немаат искуство и знаење, освен ако не се под надзор или се упатени за користење на апаратот од страна на лице што е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.• Чувајте ги сите материјали за пакување далеку од децата. Постои опасност од задушување. • Ако го расходувате апаратот, извлечете го кабелот за струја од штекерот, исечете го (што е можно поблиску до апаратот) и извадете ја вратата за да спречите децата што си играат да не ги удри струја или да не се затворат во него. • Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми за затворање, треба да замени постар апарат што има брава со пружина на вратата или капакот, погрижете се да ја онеспособите бравата со пружина пред да го расходувате стариот апарат. Така ќе се спречи тој да стане смртоносна стапица за децата. Општа безбедност ВНИМАНИЕ Внимавајте отворите за проветрување да не бидат блокирани. • Апаратот е наменет за чување прехранбени продукти и пијалаци во нормално домаќинство, како што е објаснето во ова упатство. • Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето. • Не користете други електрични апарати (на пр. мешалки за сладолед) внатре во ладилници, освен ако не се одобрени за таква намена од страна на производителот. 42 electrolux
• Не оштетувајте ја инсталацијата за средството за ладење. • Средството за ладење изобутан (R600a), што кружи низ инсталацијата за ладење на апаратот, е природен гас со високо ниво на еколошка подобност, но сепак е запалив. За време на превозот и местењето на апаратот, внимавајте да не се оштети ниеден дел од инсталацијата за ладење. Доколку се оштети инсталацијата за ладење: – избегнувајте отворен оган и извори на искри – проветрете ја темелно собата во која е сместен апаратот • Опасно е да се менуваат спецификациите или да се вршат какви било промени на производот. Секое оштетување на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/ или струен удар. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите електрични делови (кабелот за струја, приклучокот, компресорот) мора да ги заменува сертифициран или квалификуван сервисер. 1. Кабелот за струја не смее да се продолжува. 2. Проверете приклучокот за во штекер да не е смачкан или оштетен од задниот дел на уредот. Смачкан или оштетен приклучок за во штекер може да се прегрее и да предизвика пожар. 3. Внимавајте кабелот за струја на апаратот да е пристапен. 4. Не влечете го кабелот за струја. 5. Ако штекерот е разлабавен, не ставајте го приклучокот во него. Постои опасност од струен удар или пожар. 6. Апаратот не смее да работи без капакот за ламбата 17) на внатрешното светло. • Овој апарат е тежок. Бидете внимателни кога го преместувате.• Не вадете ги и не допирајте ги предметите во преградите на замрзнувачот ако рацете Ви се водени или влажни, зашто така може да дојде до гребење на кожата и смрзнатици. • Избегнувајте подолга изложеност на апаратот на директна сончева светлина. • Електрични ламби во форма на крушка 18) во овој апарат се користат светилки за специјална намена само во апарати за домаќинството. Тие не се погодни за собно осветление. Секојдневна употреба • Не ставајте жешки садови на пластичните делови на апаратот. • Не чувајте запаливи гасови и течности во апаратот, зашто тие може да експлодираат. • Не ставајте прехранбени продукти директно врз отворите за воздух на задниот ѕид. 19) • Смрзнатата храна не смее повторно да се смрзнува откако ќе се одмрзне. • Чувајте ја претходно спакуваната смрзната храна во согласност со упатствата на нејзиниот производител. • Мора строго да се почитуваат препораките за чување на производителот на апаратот. Видете во соодветното упатство. • Не ставајте содирани или газирани пијалаци во преградите на замрзнувачот, бидејќи тие создаваат притисок во садот, што може да предизвика негово експлодирање, што може да заврши со оштетување на апаратот. • Смрзнатите лижавчиња може да предизвикаат смрзнатици ако се конзумираат веднаш. Одржување и чистење • Пред одржување, исклучете го апаратот и извадете го штекерот за струја од приклучницата. • Не чистете го апаратот со метални предмети. 17) Ако е предвидено капаче за светилката. 18) Ако е предвидена светилка. 19) Ако апаратот има заштита од замрзнување. electrolux 43
• Не користете остри предмети за вадење на мразот од апаратот. Користете пластична гребалка. Местење ВАЖНО За електричното поврзување, внимателно постапете според упатствата дадени во одделните пасуси. • Распакувајте го апаратот и проверете да не е оштетен. Не приклучувајте го апаратот ако е оштетен. Веднаш пријавете ги евентуалните оштетувања таму каде што сте го купиле апаратот. Во тој случај, престанете со распакување. • Препорачливо е да се почека најмалку четири часа пред да се приклучи апаратот за да може маслото да се врати во компресорот. • Околу апаратот треба да има соодветно кружење на воздухот - без него може да дојде до прегревање. За да се постигне доволно проветрување, следете ги упатствата за местење. • Апаратот не смее да се наоѓа блиску до радијатори или плински шпорети. • Внимавајте приклучникот за струја да е пристапен по местењето на апаратот.Сервисирање • Електричните приспособувања потребни за сервисирање на апаратот треба да ги изврши квалификуван електричар или компетентно лице. • Производот мора да го сервисира овластен Сервисен центар и мора да се користат само оригинални резервни делови. Заштита на животната средина Апаратот не содржи гасови што може да го оштетат озонскиот слој ниту во водовите за ладење, ниту во изолациските материјали. Апаратот не смее да се расходува заедно со обичен комунален смет и ѓубре. Изолациската пена содржи запаливи гасови: апаратот мора да се расходува согласно со важечките прописи што може да ги добиете од локалните власти. Избегнувајте оштетување на уредот за ладење, особен одзади, близу до разменувачот на топлина. Материјалите употребени за овој апарат означени со симболот се рециклираат. РАКУВАЊЕ Вклучување Вметнете го приклучникот во ѕиден штекер. Контролното светлоќе се запали. Свртете го регулаторот за температура надесно. ВАЖНО Ако температурата во внатрешноста на апаратот е превисока, ќе се запали светлото за алармот. Исклучување За да го исклучите апаратот, свртете го регулаторот на температурата во положба OFF. Регулирање на температурата Температурата се регулира автоматски. За да работите со апаратот, постапете на следниов начин:• свртете го регулаторот на температурата кон за да постигнете минимално ладење. • свртете го регулаторот на температурата кон за да постигнете максимално ладење. Средната поставка, општо земено, е најпогодна. 44 electrolux
Меѓутоа, точната поставка треба да се одбере имајќи предвид дека температурата во внатрешноста на апаратот зависи од:• собната температура • колку често се отвора капакот • количеството храна што се чува • местоположбата на апаратот. КОНТРОЛНА ТАБЛА 123 45 1Контролно светло 2Светло за аларм при висока температура 3светло Action Freeze 4прекинувач Action Freeze 5Регулатор на температуратаAction Freeze функција Можете да ја активирате Action Freeze функцијата со притискање на Action Freeze прекинувачот . Action Freeze светлото ќе се запали. Функцијата може да се исклучи во секое време со притискање на Action Freeze прекинувачот. . Action Freeze светлото ќе се изгасне. Аларм при висока температура Зголемувањето на температурата во замрзнувачот (на пример, поради снемување струја) се покажува со палење на светлото за аларм. Не ставајте храна во замрзнувачот за време на тревожењето. Кога ќе се воспостават нормални услови, светлото за аларм ќе се исклучи автоматски. ПРВА УПОТРЕБА Чистење на внатрешноста Пред првото користење на апаратот, измијте ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци со млака вода и малку неутрален сапун за да се отстрани карактеристичниот мирис нановите производи, па исушете го темелно. ВАЖНО Не користете детергенти или груби прашоци, тие може да ја оштетат политурата. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА Смрзнување свежа храна Комората на замрзнувачот е погодна за замрзнување свежа храна и чување смрзната и длабоко смрзната храна подолго време. За да смрзнете свежа храна, вклучете ја функцијата Action Freeze барем 24 часа пред да ја ставите храната да се мрзне во комората. Максималното количество храна што може да се смрзне за 24 часа е одредено на плочката со спецификации 20) Смрзнувањето трае 24 часа: за време на овој период не додавајте друга храна за мрзнење. Чување смрзната храна По првото вклучување или по извесен период некористење, пред да ставите производи во преградата, оставете апаратот да работи барем 2 часа на најголемата поставка. 20) Видете во "Технички податоци" electrolux 45
ВАЖНО Во случај на случајно одмрзнување, на пример поради снемување струја, ако немало струја подолго време отколку под ставката "време на одржување" во табелата за технички карактеристики, одмрзнатата храна мора да се изеде брзо или да се зготви веднаш, а потоа повторно да се смрзне (откако ќе се излади). Календар на смрзната храна Симболите прикажуваат различни видови смрзната храна. Броевите укажуваат на времето за чување во месеци за соодветниот вид смрзната храна. Дали ќе важи помалата или поголемата вредност на покажаното време за чување зависи од квалитетот на храната и од обработката пред мрзнењето. Отворање и затворање на капакот Бидејќи капакот има гума што затвора херметички, не е лесно повторно да се отвори веднаш откако ќе се затвори (поради вакуумот што се создава внатре). Почекајте неколку минути пред потворно да го отворите сандакот. Вакуумскиот вентил ќе ви помогне да го отворите капакот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не влечете ја рачката со голема сила.Корпи Обесете ги корпите на горниот раб на замрзнувачот (Х) или ставете ги во него (Y). Свртете ги и забравете ги рачките за овие две положби како што е прикажано на сликата. XY Корпите ќе влезат една во друга. Следниве слики покажуваат колку корпи може да се стават во внатрешноста на разни модели на замрзнувачот. 606 230806 946 1061 1611 1336 1201 Може да купите дополнителни корпи од локалниот сервисен центар. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ Совети за смрзнување За најдобро користење на смрзнувањето, еве неколку важни совети: • максималното количество храна што може да се смрзне за 24 часови е покажано на плочката со спецификации; • смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се додава храна за смрзнување во тој период;• смрзнувајте само квалитетна, свежа и убаво измиена храна; • поделете ја храната во мали порции за да може брзо и целосно да се смрзне и за да овозможите одмрзнување само на потребните количества; • завиткајте ја храната во алуминиумска или пластична фолија убаво и стегнато; • не дозволувајте свежата несмрзната храна да ја допира храната што е 46 electrolux
веќе смрзната, за да не ја загреете вторава; • немасната храна се чува подобро и подолго отколку масната; солта го намалува векот на чување на храната; • водениот мраз, ако се конзумира веднаш по вадењето од преградата на замрзнувачот, може да предизвика смрзнатици на кожата; • препорачливо е да се запише датумот на смрзнување на секое пакување за да можете да водите сметка за времето на смрзнатост. Совети за чување смрзната храна За да добиете најдобри перформанси од апаратот, почитувајте ги следниве напомени:• проверувајте дали комерцијалните смрзнати прехранбени продукти биле соодветно чувани кај продавачот; • внимавајте смрзнатите прехранбени продукти да се пренесат од продавницата до замрзнувачот во најкраток можен рок; • не отворајте го капакот често и не оставајте го отворен подолго отколку што е неопходно. • Штом ќе се одмрзне, храната се расипува брзо и не може повторно да се смрзне. • Не надминувајте го препорачаниот период за чување. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од струја пред да вршите каква било постапка за одржување. Апаратот содржи јагленохидрати во уредот за ладење; одржувањето и повторното полнење може да ги вршат само овластени техничари. Периодично чистење 1. Исклучете го апаратот. 2. Извадете го приклучникот за струја од штекерот. 3. Редовно чистете ги апаратот и додатоците со топла вода и неутрален сапун. Чистете ја гумата на капакот внимателно. 4. Целосно исушете го апаратот. 5. Ставете го приклучникот за струја во штекерот. 6. Вклучете го апаратот. ВНИМАНИЕ Не користете детергенти, груби производи, многу парфимирани средства за чистење или восок за полирање за чистење на внатрешноста на апаратот. Спречете оштетувања на системот за ладење. ВАЖНО Нема потреба да се чисти компресорот и околу него.Многу средства за чистење кујнски површини содржат хемикалии што може да ја нагризат или оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа, се препорачува надворешноста на апаратот да се чисти само со топла вода со малку течност за миење. Одмрзнување на замрзнувачот Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз ќе достигне дебелина од околу 10-15 mm. Најдобро време за одмрзнување е кога замрзнувачот е празен или содржи малку храна. За да го отстраните мразот, постапете на следниов начин: 1. Исклучете го апаратот. 2. Извадете ја храната, завиткајте ја во неколку слоја весник и ставете је на студено место. 3. Оставете го капакот отворен, извадете го капакот од одводот за одмрзната вода и соберете ја водата во сад. Користете гребач за брзо отстранување на мразот. 4. Кога ќе заврши одмрзнувањето, исушете ја внатрешноста темелно и вратете го капакот на место. 5. Вклучете го апаратот. electrolux 47
6. Поставете го регулаторот на температурата да добиете максимално ладење и оставете го апаратот да работи два-три часа со оваа поставка. 7. Вратете ја извадената храна во комората. ВАЖНО Не користете метални алатки за гребење на мразот, зашто може да го оштетите апаратот. Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето освен оние што ги препорачува производителот. Покачувањето на температурата на смрзнатата храна за време на одмрзнувањето може да го скрати нивниот век на чување. Периоди неработење Кога апаратот не се користи подолго време, преземете ги следниве предострожности:1. Исклучете го апаратот. 2. Извадете го приклучникот за струја од штекерот. 3. Извадете ја сета храна. 4. Одмрзнете ги и исчистете ги апаратот и сите додатоци. 5. Оставете го капакот отворен за да спречите непријатни мириси. ВАЖНО Ако фрижидерот треба да остане вклучен, замолете некого да го проверува повремено за да не се случи храната да се расипе во случај на снемување струја. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО... ВНИМАНИЕ Пред решавање на проблемите, извадете го приклучникот за струја од штекерот. Само квалификуван електричар или компетентно лице смее да ги решава проблемите што не се опишани во упатството.ВАЖНО За време на нормалната употреба се слушаат звуци (од компресорот и од кружењето на средството за ладење). ПроблемВеројатна причинаРешение Апаратот е бучен.Апаратот не е добро потпрен.Проверете дали апаратот стои стабилно (сите четири ногарки треба да се на подот). Компресорот работи непрекинато.Температурата не е поставена правилно.Ставете на повисока температура. Капакот бил отворан премногу често.Не оставајте го капакот отворен подолго отколку што е потребно. Капакот не е добро затворен.Проверете дали капакот се затвора добро и дали заптивките се неоштетени и чисти. Биле ставени големи количества храна за смрзнување истовремено.Почекајте неколку часа и повторно проверете ја температурата. Храната ставена во апаратот била многу топла.Оставете храната да се излади до собна температура пред да ја ставите внатре. 48 electrolux
ПроблемВеројатна причинаРешение Температурата на просторијата во која е апаратот е премногу висока за ефикасна работа.Обидете се да ја намалите температурата во собата каде што стои апаратот. Светло за аларм при висока температура свети.Во замрзнувачот е премногу топло.Видете во "Аларм за висока температура". Апаратот бил вклучен неодамна и температурата уште е висока.Видете во "Аларм за висока температура". Има премногу мраз.Производите не се правилно завиткани.Завиткајте ги производите подобро. Капакот не се затвора правилно или не се затвора цврсто.Проверете дали капакот се затвора добро и дали заптивките се неоштетени и чисти. Температурата не е поставена правилно.Ставете на повисока температура. Капакот на одводот за испуштање вода не е правилно наместен.Наместете го капакот на одводот за испуштање вода правилно. Капакот не се затвора целосно.Има премногу мраз.Отстранете го вишокот мраз. Заптивките на капакот се валкани или лепливи.Исчистете ги заптивките на капакот. Пакети храна го блокираат капакот.Наредете ги пакетите правилно, видете на налепницата во апаратот. Капакот се отвора тешко.Заптивките на капакот се валкани или лепливи.Исчистете ги заптивките на капакот. Вентилот е блокиран.Проверете го вентилот. Ламбата не работи.Ламбата е неисправна.Видете во "Замена на ламбата". Во замрзнувачот е премногу топло.Температурата не е поставена правилно.Ставете на пониска температура. Капакот не се затвора цврсто или не се затвора правилно.Проверете дали капакот се затвора добро и дали заптивката е неоштетена и чиста. Пред замрзнувањето, апаратот не бил доволно изладен.Изладете го апаратот доволно долго. Биле ставени големи количества храна за смрзнување истовремено.Почекајте неколку часа и повторно проверете ја температурата. Следниот пат ставете помали количества храна за смрзнување истовремено. electrolux 49
ПроблемВеројатна причинаРешение Храната ставена во апаратот била многу топла.Оставете храната да се излади до собна температура пред да ја ставите внатре. Производите за мрзнење се ставени премногу близу еден до друг.Ставете ги производите така што ќе може да кружи студен воздух меѓу нив. Капакот се отворал често.Обидете се да не го отворате капакот често. Капакот бил отворен долго време.Не оставајте го капакот отворен подолго отколку што е потребно. Во замрзнувачот е премногу студено.Температурата не е поставена правилно.Ставете на повисока температура. Апаратот воопшто не работи. Не работат ни ладењето, ни светлото.Приклучникот не е добро ставен во штекерот.Ставете го приклучникот во штекерот правилно. До апаратот не доаѓа струја.Обидете се да приклучите друг електричен уред во штекерот. Апаратот не е вклучен.Вклучете го апаратот. Нема напон во штекерот (обидете се со приклучување друг уред во него).Викнете електричар. Услуги за потрошувачите Ако апаратот сепак не работи правилно и по горните проверки, јавете се на најблискиот сервисен центар. За да добиете брза услуга, многу е важно е кога барате помош да ги кажете моделот и серискиот број на апаратот. Тие се наоѓаат или на гарантниот лист, или на плочката со спецификации од надворешната десна страна на апаратот. Замена на ламбата 1. Извадете го приклучникот за струја од штекерот. 2. Заменете ја старата светилка со нова светилка со иста моќност која е посебно направена за домашни апарати. (максималната моќност е прикажана на капакот на светилката)3. Ставете го приклучникот за струја во штекерот. 4. Отворете го капакот. Проверете дали ламбата се пали. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не вадете го капакот на ламбата при замената. Не работете со замрзнувачот ако капакот на ламбата е оштетен или го нема. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ДимензииВисочина × Широчина × Длабочина (mm):Повеќе технички информации ќе најдете на плочката со спецификации од надворешната десна страна на апаратот. 876 × 1336 × 665 Време на одржување31 часови 50 electrolux