Beko Fsa 25300 Polish Version Manual
Have a look at the manual Beko Fsa 25300 Polish Version Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 187 Beko manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.
МК Упатство за работа Електрично поврзување Пред уклучувањето на апаратот во штекер, проверете ги напонот и фрекфенцијата наведени на внатрешната страна на апаратот дали се кореспондираат со напонот и фрекфенцијата во вашиот дом. Ви сугерираме да го приклучите апаратот на прекинувач кој е соодветен за него и има осигурач на лесно достапно место. Внимание! Апаратот мора да биде заземјен Електричните дефекти и проблеми треба да ги поправа само овластено квалификувано лице.Лошо изведената поправка од страна на неовластено лице, носи ризик кој може да вклучи критични последици по корисникот. ВНИМАНИЕ! Овој уред работи со фреон R 600a кој што е еколошки но запалив гас.За време на транспортот и лоцирањето на уредот, мора да внимавате да не се оштети системот на ладење. Доколку дојде до оштетување на системот за ладење и до истекување на гасот, чувајте го апаратот подалеку од извори на топлина и на одредено време проветрувајте ја просторијата. Предупредување – Не користете механички предмети и слично за да го забрзате процесот на одмрзнување. Употребувајте ги само препорачаните од производителот. Предупредување – Немојте да го оштетувате разладното коло. Предупредување – Не користите електрични апарати во внатрешниот дел различни од оние кои се препорачани од произведителот. Инструкции за транспорт 1. Апаратот треба да се транспортира само во вертикална положба. Кутијата во која е спакуван уредот не смее да се оштети за време на транспортот. 2. Ако за време на транспортот апаратот мора да се постави во хоризонтална положба, не треба да се користи најмалку 4 часа за да се стабилизира составот. 3. Доколку не се почитуваат горенаведените упатства, може да дојде до оштетување на апаратот, при што производителот нема да биде одговорен. 4. Апаратот мора да биде заштитен од дожд, влага и други атмосферски влијанија. Важно! • При чистење/поместување на апаратот, не ги допирајте со раце металните жици на кондензаторот на позадината од апаратот, бидејќи може да ги повредите прстите. • Немојте да стоите или седите на апаратот, затоа што не е предвиден за тоа. Може да се повредите или да го оштетите апаратот. • Внимавајте при трснспортот или поместување на апаратот, кабелот да не дојде под апаратот при што може да дојде до негово оштетување. Инструкции за инсталација 1. Немојте да го чувате апаратот во просторија каде што постои можност температурата да падне под 10 степени C (50 степени F) во текон на ноќта/или на зима, затоа што апаратот е предвиден за работа во просторија каде што температурата се движи од +10 и +32 степени C (50 и 90 степени F). На пониски температури, апаратот може да не работи, при што ќе дојде до намалување на рокот на траење на намирниците. 2. Не го поставувајте апаратот во близина на шпорети или радијатори или директно да биде изложен на сонце, затоа што тоа ќе предизвика додатна работа на апаратот. Ако апаратот е поставен до извор на топлина или замрзнувач, држете се до следните минимални растојанија: Од шпорет 300 mm Од радијатор 300 mm Од замрзнувач 25 mm 3. Внимавајте околу апаратот да има доволно слободен простор за циркулација на воздух. • Поставете го задниот капак за вентилација на апаратот за да го одредите растојанието помеѓу апаратот и ѕидот. ( Дел 3) 35
МК Упатство за работа 4. Апаратот треба да се постави на мазна и рамна површина. Двете предни ногарки можат по потреба да се прилагодат по висина. За да бидете сигурни дека апаратот е во правилна положба, завртете ги предните ногарки во правец на стрелките на часовникот или обратно, додека не дојде до цврст контакт со подлогата. Со правилно подесените ногарки ќе ја спречите големата бучава и вибрации. (Дел 4) . 5. Погледнете во поглавјето ,,Чистење и одржување,, за да го подгответе апаратот за употреба. Контрола на температура и подесување Работната температура се подесува со копчето на термостатот, MAX позицијата ја покажува најниската температура. Генерално, оваа температура е помеѓу - 28°C и -18°C за време на циклусите. Се препорачува повремена проверка на температурата со термометар како би се увериле дека фрижидерот се одржува на препорачаната температура Веднаш проверете ја температурата на термометарот, бидејќи се покачува штом го извадите од замрзнувачот. Честото отварање на вратата предизвикува зголемување на внатрешната температура, затоа се препорачува затварање на вратата колку што е можно побрзо после употребата. Пред употреба Финална проверка Пред стартување на апаратот, проверете дали: 1. Предните ногарки се подесени така да се во совршена рамномерност. 2. Внатрешноста е сува и воздухот може слободно да циркулира. 3. Внатрешноста е чиста како што е препорачано во ,,Чистење и одржување”. 4. Приклучокот е правилно приклучен и дека има струја. Кога ќе ја отворите вратата се пали внатрешното светло. Забележете дека: 5. Ќе слушнете бучава кога компресорот ќе почне со работа. Течноста и гасот исто така може да предизвикаат бучава во разладниот систем, без разлика дали компресорот работи или не. Тоа е сосема нормално. 6. За да замрзнете свежа храна користете го делот означен со 4 ѕвездички (дел за брзо замрзнување). 7. Не ставајте големи количини храна во фрижидерот во исто време. Квалитетот на храната е најдобар доколку е брзо замрзната. Затоа е препорачливо да го почитувате ограничувањето за количина храна кое се наоѓа во делот Податоци за уредот. За најниска температура на замрзнувачот, подесете го термостатот на S (супер-замрзнување) и да свети жолто светло. 8. Откако ќе помине периодот за замрзнување на свежа храна, свртете го термостатот на средна позиција (жолто светло не свети). 9. Не поставувајте намирници во фрижидерот веднаш по уклучувањето. Почекајте додека внатрешноста не ја постигне саканата температура. Препорачуваме проверка на температурата со термометар. Види ,, Контрола на температура и подесување,,. 10. Лесно тресење на горниот дел на фрижидерот не е дефект. Битна забелешка: Доколку дојде до прекин на електричната енергија, не ја отварајте вратата. Замрзнатата храна нема да се оштети доколку нема струја до 15 часа. Ако прекинот трае подолго, тогаш проверете ја храната и да се исклристи веднаш или зготви и повторно замрзне. 36
МК Упатство за работа Операции на контролниот панел слика 5 Преку контролниот панел се подесува температурата на замрзнувачот, ја покажува температурата на фрижидерот и ги има следните функции: 1 – Копче за брзо замрзнување 2 – Копче за подесување на температурата на замрзнувачот. 3 – Портокалово светло – Брзото замрзнување е вклучено 4 – Зелено светло – вклучено во струја 5 – Црвено светло - аларм Важно: Температурите во фрижидерот може да варираат во зависност од некои фактори: локација, надворешна температура, отворање на вратата, степен на полнење со храна. Според овие фактори ќе се подесува температурата. Доколку е вклучено црвеното светло почекајте 24 часа пред да повикате сервис. Причината може да е жешка храна во фрижидерот или вратата е оставена отворена. За 24 часа алармот за висока температура треба да се изгаси. Функција за брзо замрзнување Оваа функција ви овозможува замрзнување на свежа храна. Кога ќе го притиснете копчето за брзо замрзнување (1), портокаловото светло (3) ќе почне да свети и компресорот ќе работи континуирано дури и кога копчето за подесување на температура е на позиција СТОПИРАНО (0). За да ја откажете оваа функција, притиснете го копчето уште еднаш и портокаловото светло ќе се изгаси. Складирање свежа храна Уредот може да го користите за складирање веќе замрзната или свежа храна. За складирање свежа храна погледнете ги упатствата на вратата на фрижидерот. Доколку снема струја не ја отварајте вратата. Замрзнатата храна нема да се оштети доколку нема струја до 15 часа. Ако прекинот трае подолго, тогаш проверете ја храната и да се исклристи веднаш или зготви и повторно замрзне. Замрзнување свежа храна Ве молиме следете ги следните упатства за да ја замрзнете успешно храната. Не замрзнувајте голема количина храна во исто време. Квалитетот на храната е најдобар доколку е брзо замрзната Затоа е препорачливо да го почитувате ограничувањето за количина храна . Доколку ставате жешка храна во замрзнувачот тој ќе работи континуирано се додека не ја замрзне. Кога замрзнувате свежа храна копчето на термостатот нека биде на средна позиција. Мали количини храна до 1/2 kg. можат да бидат замрзнати без да го подесувате кочето. Обрнете големо внимание да не мешате замрзната храна со свежа. Правење коцки мраз (Дел 6) Наполнете го садот за коцки мраз до 3/4 со вода и поставете го во замрзнувачИзвадете ги замрзнатите коцки со дрчка од лажица или сличен предмет; Никогаш не користите остри предмети како ножеви или виљушки. Запознајте го вашиот уред (слика 1) 1 – Контролен панел, дисплеј и подесување 2 – Сад за правење мраз 3 – Дел за брзо замрзнување 4 – Делови за чување замрзната храна 5 – Предни ногарки кои се подесуваат 37
МК Упатство за работа Одмрзнување Ве молиме одмрзнувајте го уредот два пати годишно или кога има голема количина насобран мраз. • Насобирањето на мраз е нормален феномен и не влијае на работата на уредот. • Одмрзнување се препорачува кога нема многу замрзната храна. • Пред одмрзнувањето подесете го копчето на термостатот на максимум за силно замрзнување на храната. За ова време температурата во фрижидерот не смее да е премногу ниска. • Исклучете го уредот од струја. • Извадете ја храната, завиткајте ја во хартиени кеси и ставете ја на ладно место. • Оставете ја вратата отворена и ставете садови до топла вода во замрзнувачот (макс.80°C). Не користете остри предмети за да го тргнете мразот. Не користете фенови за коса или други уреди за да го забрзате одмрзнувањето. Кога ќе заврши процесот на одмрзнување затворете го делот кој сте го одмрзнувале и темелно исушете го. Притиснете го копчето за брзо замрзнување и оставете го вклучено околку 3 часа. Чистење и грижа 1. Пред да почнете со чистење на апаратот, најпрво исклучете го од штекер струјниот кабел. 2. Никогаш не употребувајте остри предмети или абразивни субстанции, сапун, сртества за чистење во домаќинството, детергенти или сретства за полирање. 3. Употребете млака вода за чистење и потоа избришете го апаратот со нежна крпа. 4. Употребете влажна крпа потопена во раствор од сода бикарбона (едно кафено лажиче на ½ литар вода) за чистење на внатрешноста и добро избришете ја. 5. Внимавајте да не навлезе вода во кутијата за контрола на температурата. 6. Доколку не го користите уредот подолг период, исклучете го од штекер,извадете ја храната, исчистете го и оставете ја вратата подотворена. 7. Се препорачува металните делови на уредот да ги полирате со силиконски восок со што би го заштитиле последниот слој на висококвалитетна боја. 8. Прашината која се собира на задниот дел на уредот собирајте ја со правосмукалка. 9. Проверувајте ги запечатувањата на вратата за да се осигурате дека се чисти. 10. Никогаш: • Не го чистете уредот со абразивни средства. • Не го изложувајте на високи температури. 11. Вадење на садот за млечни производи и полицата на вратата: • За да го извадите делот за млечни производи, најпрво подигнете го капакот неколку сантиметри и повлечете од страната каде што се наоѓа отворот за капакот. • За да ја извадите полицата, едноставно само повлечете ја нагоре. Менување на правецот на отварање на вратата Следете ги чекорите на сликата. (слика 9). 38
МК Упатство за работа Направете /Немојте да правите Да- Чистете го и одмрзнувајте го апартот редовно (,,Види одмрзнување ) Да - Чувајте го свежото месо под готвената храна и млечните производи . Да - Храната чувајте ја замрзната што е можно пократко и внимавајте на датите до кога може да се употреби . Да - Фабрички замрзнатата храна подгответе ја според упатствата на пакувањето . Да - Секогаш користете квалитетна свежа храна и темелно исчистете ја пред да ја замрзнете . Да - Припремете ја свежата храна пред да ја замрзнете во помали количини со што ќе обезбедете побрзо замрзнување . Да - Секоја храна завиткувајте ја во пластична или алуминиумска фолија , и истиснувајте го воздухот . Да - Завиткајте ја замрзнатата храна веднаш по купувањето и ставете ја во замрзнувачот што побрзо . Не- Ја оставајте вратата отворена подолго време , тоа ќе доведе до неекономично работее на апаратот и прекумерно формирање на мраз . Не - Користите остри предмети како ножеви или виљушки за отстранување на мразот . Не - Ставајте топла храна во уредот . Дозволете најпрво да се олади . Не - Ставајте течност која содржи јаглероден диоксид , во шише или конзерва затоа што може да пукне . Не- Складирајте отровни и опасни супстанци. Дизајниран е за складирање на храна. Не - Ја пречекорувајте ограничената количина за замрзнување кога замрзнувате свежа храна . Не - Им давајте на децата вода или сладолед директно од замрзнувачот . Ниската температура може да предизвика горење на усните . Не- Ја замрзнувајте повторно веќе одмрзнатата храна ; морате да ја конзумирате во рок од 24 часа или да ја пригответе и повторно да ја замрзнете . Не - Ја вадете храната од замрзнувачот со мокри раце . 39
МК Упатство за работа Проблеми – можни решенија Ако уредот не работи кога е уклучен, проверете; • Дали струјниот кабел е добро инсертиран во штекерот и дали има доток на струја во штекерот. (За проверка на доток на струја, уклучете друг апарат на штекерот) • Проверете го осигурачот-може да е прегорен, струјното коло прекинато, главната дистрибуција е исклучена. • Копчето за контрола на температурата не подесено правилно. • Ако сте го заменувале штекерот, проверете дали е поставен и инсталиран правилно. Ако уредот сеуште не работи, повикајте Сервисен центар. Осигурајте се дека сте ги направиле горенаведените проверки, затоа што во спротиво ако нема дефект, сервисот ќе ви наплати. Бучава за време на оперирањето Во согласност да се одржува температурата на вредност која сте ја подесиле, компресорите на уредот стартуваат периодично. Бучавата која може да ја слушнете во таа ситуација е нормална. Бучавата ќе се редуцира штом уредот ќе ја постигне температурата на оперирање. Бучавата доаѓа од компресорот која постанува појака кога компресорот стартува. Бучавата од клокотот и шумолењето доаѓаат од циркулацијата на фреонот во цевките на уредот и е нормална бучава. · Чкрипење може да се слушне за време на автоматското одмрзнување, кога ѕидовите се шират или од контракцијата. Ако бучавата при оперирањето постане посилна, причините се обично мали и може да се отстранат лесно. - Уредот не е во хоризонтална положба – подесете ги предните ногарки. - Уредот не е слободно стоечки – поставете го уредот така да не биде потпрен на мебел или друг апарат. - Фиоките, корпите и полиците се со размак или прилепени – проверете ги компонентите за прикачување и поставете ги назат. - Шишињата и големите садови се допираат едни со други – помрднете ги така да има мал простор помеѓу нив. Внимание! Не се обидувајте да го поправате уредот сами. Сите поправки треба да се прават од страна на квалификувано лице, доколку се обидете да поправате сами, може да ја изгубите гаранцијата. 40
Технички податоци Бренд BEKO Тип ЗАМРЗНУВАЧ Модел 250 Вкупен волумен (l.) 190 Капацитет на замрзнување (kg/24 h) 14 Енергетска класа (1) A Потрошувачка на енергија (kWh/год) (2) 263 Аутономност (h) 20 Noise [dB(A) re 1 pW] 41 Еколошки разладувач R600a (1) Енергетска класа : A . . . G (A = екомомичен . . . G = помалку економичен) (2) Вистинската потрошувачка на енергија зависи од условите и локацијата на уредот. МК Упатство за работа 41