Samsung Rsh5fumh User Manual
Have a look at the manual Samsung Rsh5fumh User Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 1705 Samsung manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.
безбедносни информации _3 СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ • Не го вградувајте ладилникот на влажно место или место каде што може да дојде во контакт со вода. - Пропаднатата изолација на електричните делови може да предизвика електричен удар или пожар. • Не го поставувајте ладилникот на директна сончева светлина и не го изложувајте на топлина од шпорети, собни греалки или други уреди. • Не вклучувајте повеќе уреди на иста повеќекратна утичница или продолжен кабел.Ладилникот секогаш треба да биде вклучен во своја самостојна електрична утичница која има напон кој одговара на напонот на ладилникот. - Ова обезбедува најдобри перформанси и спречува преоптеретување на куќните електрични водови, што може да предизвика пожар од прегреаните жици. • Ако утичницата е лабава, не го вклучувајте приклучокот. - Постои ризик од електричен удар или пожар. • Не користете кабел кој има пукнатини или оштетувања од абразија по должината на кабелот или на краевите. • Не го виткајте кабелот прекумерно и не ставајте тешки објекти на него. • Не употребувајте аеросоли во близина на ладилникот. - Употреба на аеросоли во близина на ладилникот може да предизвика експлозија или пожар. • Овој ладилник мора да биде правилно вграден и поставен во согласност со упатството пред да се почне со употреба. • Приклучете го приклучокот за струја во правилна позиција така што кабелот да виси надолу. - Ако го приклучите приклучокот за струја обратно, жицата може да се искине и да предизвика пожар или електричен удар. • Осигурете се дека приклучокот не е смачкан или оштетен од задниот дел на ладилникот. • Кога го преместувате ладилникот, внимавајте да не го прегазите или оштетите кабелот. - Ова претставува опасност од пожар. • Уредот мора да биде поставен така што приклучокот да биде пристапен по вградувањето. • Ладилникот мора да биде заземјен. - Мора да го заземјите ладилникот за да спречите било какви протекувања на струја или електрични удари предизвикани од губитоци на струја од ладилникот. • Никогаш не користете цевки за плин, телефонски линии или други потенцијални проводници на удари од гром како заземјување. - Неправилна употреба на приклучокот за заземјување може да резултира со електричен удар. • Ако кабелот за струја е оштетен, веднаш заменете го кај производителот или неговата сервисна служба. • Осигурувачот на ладилникот мора да биде сменет од овластен персонал или сервисна служба. - Непридржувањето кон ова може да резултира со електричен удар или лична повреда. ЗНАЦИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ ВГРАДУВАЊЕ • Чувајте ги отворите за вентилација во поклопецот на уредот и монтажната структура отворени и подалеку од препреки.• Оставете го уредот да стои 2 часа по вградувањето. СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА УПОТРЕБА • Не го вклучувајте приклучокот за струја со мокри раце. • Не чувајте предмети на покривот на уредот. - Кога ја отварате или затворате вратата, артиклите може да паднат и да предизвикаат лична повреда и/или материјална штета. • Не ставајте предмети наполнети со вода одозгора на ладилникот. - Ако се прелее, постои ризик од пожар или електричен удар. • Не оставајте деца да се нишаат на вратата. - Непридржувањето кон ова може да предизвика сериозна лична повреда. • Не ги оставајте вратите од ладилникот отворени додека ладилникот е без надзор и не дозволувајте деца да влезат внатре во ладилникот. - Постои ризик од заклучување на деца и сериозни лични повреди поради ниската температура. • Никогаш не ставајте прсти или други објекти во отворот од диспензерот. - Непридржувањето кон ова може да предизвика лична повреда или материјална штета. • Не чувајте испарливи или запалливи супстанци како бензен, разредувач, алкохол, етер или ЛП гас во ладилникот. - Чување на било кој од овие производи може да предизвика експлозии. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНИМАНИЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.
4_ безбедносни информации • Не чувајте фармацевтски производи кои се чувствителни на ниска температура, научни материјали или други производи кои се чувствителни на ниска температура во ладилникот. - Производи кои бараат строга температурна контрола не смеат да се чуваат во ладилникот. • Не ставајте или употребувајте електрични уреди внатре во ладилникот, освен ако не се од тип кој е препорачан од производителот. • Не употребувајте фен за коса за да ја исушите внатрешноста на ладилникот. Не ставајте запалена свеќа во ладилникот за да ги отстраните непријатните мириси. - Ова може да резултира со електричен удар или пожар. • Не ги допирајте внатрешните ѕидови на замрзнувачот или производите чувани во замрзнувачот со мокри раце. - Ова може да предизвика смрзнатини. • Не употребувајте механички уреди или било какви други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување, освен тие што се препорачани од производителот. • Не ги оштетувајте водовите за течност за разладување. • Овој производ е наменет само за чување на храна во домашна околина. • Шишињата треба да се чуваат тесно едно до друго за да не испаднат надвор. • Ако забележите истекување на гас, избегнувајте било каков отворен пламен или потенцијални изводи на палење и проветрете ја собата во која стои уредот неколку минути. • Употребувајте само LED лампи предвидени од производителот или сервисната служба. • Децата треба да бидат под надзор за да се обезбеди дека не си играат и/или се качуваат во уредот. • Не го расклопувајте и не го поправајте ладилникот самите. - Ризикувате да предизвикате пожар, дефект и/или лична повреда. Во случај на дефект, ве молиме контактирајте ја сервисната служба. • Ако од уредот се слуша чуден звук, или забележите горење, мирис или чад, исклучете го од струја веднаш и контактирајте го најблискиот сервисен центар. - Непридржувањето кон ова може да резултира со електричен удар или пожар. Чувајте ги отворите за вентилација во поклопецот на уредот и монтажната структура отворени и подалеку од препреки. • Ако имате тешкотии при замена на светлото, контактирајте ја сервисната служба. • Ако производите се опремени со LED лампа, самите не го расклопувајте поклопецот и LED лампата. - Ве молиме контактирајте ја сервисната служба.• Ако има прашина или вода во ладилникот, исклучете го од струја и контактирајте го Samsung Electronics сервисниот центар. - Постои ризик од пожар. ЗНАЦИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ УПОТРЕБА • За да добиете најдобри перформанси од уредот, - Не ја поставувајте храната преблиску до отворите за вентилација на задниот дел од уредот бидејќи може да ја попречи слободната циркулација на воздухот во просторот во ладилникот. - Правилно спакувајте ја храната или ставете ја во херметички затворени садови пред да ја ставите во ладилникот. • Не ставајте газирани пијалаци во одделот на замрзнувачот. Не ставајте стаклени шишиња или други стаклени садови во замрзнувачот. - Кога содржината ќе се смрзне, стаклото може да се скрши и да предизвика лична повреда и материјална штета. • Не ја менувајте функционалноста на ладилникот и не го модифицирајте ладилникот. - Промени или модификации може да резултираат со лична повреда и/или материјална штета. Било какви промени или модификации направени од трето лице на овој комплетен уред не се покриени со гаранцијата на Samsung, ниту пак Samsung е одговорен за безбедносните прашања и штети кои се резултат на модификации од трето лице. • Не ги блокирајте отворите за воздух. - Ако отворите за воздух се блокирани, а особено ако се блокирани со пластична ќеса, ладилникот може претерано да се излади. Ако овој период на претерано ладење трае премногу, филтерот за вода може да пукне и да предизвика истекување на вода. - Не ставајте самошто направена храна за замрзнување блиску до веќе замрзната храна. • Ве молиме пазете на максималните периоди на чување и роковите на траење на замрзнатите артикли. • Полнете ги резервоарот за вода, садот за вода и коцките вода само со вода за пиење. • Користете го само автоматот за мраз снабден со ладилникот. • Доводот на вода до овој ладилник мора да биде поврзан од соодветно квалификувано лице и да се поврзе само на довод на вода за пиење. • За да функционира автоматот за мраз правилно, притисок на вода од 138 ~ 862kpa (1.4~8.8kgf/cm 3) е потребен. ВНИМАНИЕ %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.
безбедносни информации _5 ЗНАЦИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ • Не прскајте вода директно во внатрешноста или на надворешноста на ладилникот. - Постои ризик од пожар или електричен удар. • Не прскајте со запаллив гас во близина на ладилникот. - Постои ризик од експлозија или пожар. • Не прскајте со средства за чистење директно на екранот. - Печатените букви на екранот може да отпаднат.• Отстранете било каква надворешна супстанца или прашина од пиновите на приклучокот за струја. Но не користете мокра или влажна крпа кога го чистите приклучокот, отстранете било каква надворешна супстанца или прашина од пиновите на приклучокот за струја. - Во спротивно постои ризик од пожар или електричен удар. • Никогаш не ставајте прсти или други објекти во отворот од диспензерот или отворот за мраз. - Ова може да предизвика лична повреда или материјална штета. • Исклучете го од струја ладилникот пред чистење или вршење на одржување. СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ • Обезбедете се дека ниедна од цевките на задниот дел на уредот не се оштетени пред отстранувањето. • R600a или R134a се користи како течност за разладување. Проверете ја ознаката на компресорот во задниот дел од уредот или на плочката внатре во ладилникот за да видите која течност за разладување се користи во вашиот ладилник. Кога овој производ користи запаллив гас (Течност за разладување R600a), контактирајте ја вашата локална власт во врска со безбедно отстранување на овој производ. Циклопентан се користи како изолационен испуштачки гас. Гасовите во материјалот за изолација бараат посебна процедура за отстранување. Ве молиме контактирајте ја локалната власт во врска со отстранување на овој производ безбедно за околината. Обезбедете се дека ниедна од цевките на задниот дел на уредот не се оштетени пред отстранувањето. Цевките да се скршат на отворен простор.• Ако уредот содржи исо-бутанска течност за разладување (R600a), природен гас со висока природна компатибилност, но кој е исто така запаллив. Кога се транспортира и вградува уредот, треба да се води сметка да не се оштетат деловите од разладувачкиот систем. • Кога се отстранува овој производ или други ладилници, отстранете ги и заптивките на вратата и бравата за да не можат мали деца или животни да се заглават внатре. Оставете ги полиците на место за мали деца да не можат лесно да се искачат внатре. Децата треба да бидат под надзор за да се обезбеди дека не си играат со стариот уред. • Ве молиме отстранете го материјалот за пакување од овој производ на еколошки начин. ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА • Во случај на прекин на електричната енергија, повикајте ја локалната канцеларија на компанијата за електрична енергија и прашајте колку долго ќе трае прекинот. - Повеќето прекини на електрична енергија кои се поправаат во рок од еден до два часа нема да влијаат на температурите во вашиот ладилник. Меѓутоа, би требало да ги намалите на минимум отварањата на вратата додека струјата е исклучена. - Доколку прекинот на електричната енергија трае повеќе од 24 часа, отстранете ги сите замрзнати артикли. • Доколку со ладилникот се обезбедени и клучеви, тие треба да се чуваат надвор од досег на деца и не во близина на уредот. • Уредот може да не функционира доследно (можно е температурата да стане премногу топла во фрижидерот) кога на подолг временски период уредот е поставен да стои на температура што е под најниската температура за која уредот е дизајниран. • Не чувајте храна која лесно се расипува на ниски темератури, како банани и дињи. • Вашиот уред е отпорен на мраз, што значи дека нема потреба рачно да се одмрзнува уредот, бидејќи тоа ќе се изврши автоматски. • Температурата која расте при одмрзнувањето може да биде во склад со ISO барањата. Но ако сакате да спречите претеран раст на температурата на смрзнатата храна додека уредот се одмрзнува, замотајте ја смрзнатата храна во неколку слоја хартија од весник. • Било какво зголемување на температурата на смрзнатата храна при одмрзнување може да го намали рокот на складирање. ВНИМАНИЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.
6_ безбедносни информации содржина ПОСТАВУВАЊЕ НА ВАШИОТ ЛАДИЛНИК СО ДВЕ ВРАТИ ····················7 УПОТРЕБА НА SAMSUNG ЛАДИЛНИКОТ СО ДВЕ ВРАТИ ······················16 ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ ·······························································22 Совети за штедење енергија - Поставете го уредот во ладна, сува соба со адекватна вентилација.Обезбедете се дека не е изложен на директна сончева светлина и никогаш не го ставајте до директен извор на топлина (на пример радијатор). - Никогаш не ги блокирајте отворите за вентилација или решетките на уредот. - Оставете ја топлата храна да се олади пред да ја ставите во уредот. - Ставете смрзната храна во ладилникот да се растопи.Потоа можете да ги користите ниските температури на смрзнатите производи за да ја оладите храната во ладилникот. - Не ја држете вратата на ладилникот отворена предолго додека ставате или вадите храна. Колку пократко време вратата е отворена, толку помалку мраз ќе се создаде во замрзнувачот. - Чистете го задниот дел од ладилникот редовно. Прашината ја зголемува потрошувачката на енергија. - Не ја подесувајте температура поладна отколку што е потребно. - Обезбедете доволен издув на воздух на базата на ладилникот и на задниот ѕид на ладилникот. Не ги покривајте отворите за вентилација.- Оставете празен простор десно, лево, назад и горе при вградување.Ова ќе помогне да се намали потрошувачката на енергија и со тоа може и да се намалат вашите сметки за електрична енергија. %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.
поставување _7 01 ПОСТАВУВАЊЕ ВНИМАНИЕ поставување на вашиот ладилник со две врати ПОДГОТОВКА ЗА ВГРАДУВАЊЕ НА ЛАДИЛНИКОТ Ви честитаме на изборот при купувањето на овој Samsung ладилник со две врати. Се надеваме дека ќе уживате во врвните карактериските и ефикасноста што ја нуди овој уред. Одбирање на најдобра локација за ладилникот • Одберете локација со лесен пристап до доводот за вода • Одберете локација без директно изложување на сончева светлина. • Одберете локација со рамен (или речиси рамен) под.• Одберете локација со доволно простор за вратата на ладилникот да се отвора лесно. • Потребно е да се обезбеди целосен простор за употреба. Погледнете го цртежот и димензиите подолу. • Ве молиме при поставување да обезбедите доволно простор за уредот да може слободно да се преместува во случај на одржување и сервисирање. Кога го преместувате вашиот ладилник За да го заштитите подот од оштетување, подигнете ги ногарките во горна позиција (над подот). Погледнете Нивелирање на ладилникот во прирачникот (страна 11). За да го заштитите лакот на подот, под ладилникот поставете заштитен покривка како што е картонското пакување. Повлечете го уредот нанадвор при вградување, сервисирање или чистење позади ладилникот и вратете го назад кога ќе завршите со работа. најмалку 50mm најмалку 50mm НогаркаШрафцигер 25mm 25mm 50 %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.
8_ поставување ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВРАТИТЕ НА ЛАДИЛНИКОТ Доколку влезот не дозволува лесно поминување на ладилникот низ него, можете да ги отстраните вратите. 1. Отстранување на преден ножен поклопец Прво, отворете ги вратите на замрзнувачот и ладилникот и потоа извадете го предниот ножен поклопец со отстранување на трите завртки вртејќи во правец обратен од насоката на движење на стрелките на часовникот. Одвојување на цевката за довод за вода од ладилникот 1. Отстранете ја цевката за вода со притискање на спојката 1 и влечење на цевката за вода 2 на страна. Не ја сечете цевката за вода. Нежно одвојте ја од спојката. 2. Отстранување на вратата на замрзнувачот Најпрвин да напоменеме неколку работи. • Внимавајте да ја подигнете вратата право нагоре со цел шарките да не се свиткаат или скршат. • Внимавајте да не ја прецвикате цевката за вода и лентата за жици на вратата. • Поставете ги вратите на заштитена површина за да ги заштитите од гребатини или оштетување. 1. Со затворена врата на замрзнувачот, отстранете го поклопецот на горната шарка 1 користејќи шрафцигер, и потоа исклучете ги жиците нежно одвојувајќи ги 2 . 2. Отстранете ги завртките на шарката 3 и подната завртка 4 со вртење обратно од стрелките на часовникот, и извадете ја горната шарка 5 . Внимавајте вратите да не паднат врз вас додека ги отстранувате. 3. Потоа, отстранете ја вратата на ладилникот од долната шарка 6 внимателно кревајќи ја вратата нагоре 7. Внимавајте да не ја прецвикате цевката за вода и лентата за жици на вратата. 4. Отстранете ја долната шарка користејќи шестоаголен клуч 8 . 2 1 34 5 7 6 1 2 %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.
поставување _9 01 ПОСТАВУВАЊЕ Отстранување на вратата на ладилникот 1. Со затворена врата, отстранете го поклопецот на горната шарка 1 користејќи шрафцигер. 2. Отстранете ги завртките на шарката 2 и подната завртка 3 со вртење обратно од стрелките на часовникот, и извадете ја горната шарка 4 . Внимавајте вратите да не паднат врз вас додека ги отстранувате. 3. Отстранете ја вратата на ладилникот од долната шарка 5 кревајќи ја вратата нагоре 6 . 4. Отстранете ја долната шарка 7 од држачот 8 нежно кревајќи ја долната шарка нагоре. ПОВТОРНО ЗАКАЧУВАЊЕ НА ВРАТИТЕ НА ЛАДИЛНИКОТ Откако безбедно го поставивте ладилникот на предвиденото место, време е да ги поставите вратите назад. Повторно закачување на вратата на замрзнувачот 1. Заменете ја вратата на замрзнувачот со вметнување на цевката за вода 1 назад во левиот агол од вратата во отворот на долната шарка 2 .Нежно повлечете ја цевката за вода надолу за да биде исправена, без завртувања и искривувања. 2. Вметнете ја осовината на горната шарка 3 во отворот на аголот од вратата на замрзнувачот 4 . Внимавајте шарката да биде порамнета помеѓу горниот отвор за шарка 5 и отворот на ладилникот 6 и повторно спојте ги горните завртки на шарките 7 и долните завртки 8вртејќи ги во насока на движење на стрелките на часовникот. Повторно поврзете ги жиците. 3. Поставете го предниот дел од горниот поклопец на шарката 9 пред горната шарка 10 и спојте ги користејќи шрафцигер. 4 2 3 1 4 5 67 8 3 1 2 10 9 %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.
10_ поставување Повторно закачување на вратата на ладилникот 1. Вметнете ја долната шарка 1 назад во држачот на долната шарка 2 . 2. Поставете во отворот на аголот од вратата на ладилникот 3 над долната шарка 4 . 3. Вметнете ја осовината на горната шарка 5 во отворот на шарката 6. Внимавајте шарката да биде порамнета помеѓу горниот отвор за шарка 7 и отворот на горниот дел од ладилникот 8 . Потоа, повторно спојте ги горните завртки на шарките 9 и долните завртки 10 вртејќи ги во насока на движењето на стрелките на часовникот. 4. Поставете го предниот дел од горниот поклопец на шарката 11 пред горната шарка 12 и спојте ги користејќи шрафцигер. Повторно спојување на цевката за довод на вода 1. Вметнете ја цевката за вода 2 во спојката 1. 2. Цревото за довод на вода мора да биде целосно вметнато до центарот на транспарентната спојница за да се спречи истекување на вода од преградата. 3. Вметнете ја штипката во комплетот за инсталација и проверете дали добро го прицврстува цревото. Повторно закачување на преден ножен поклопец Пред да го прикачите поклопецот, проверете го конекторот за вода за евентуално течење. Заменете го предниот ножен поклопец со вртење на три завртки во насока на движење на стрелките на часовникот, како што е прикажано на илустрацијата. 1 2 1 2 3 4 12 11 Центар на Центар на транспарентната спојницатранспарентната спојница штипка A (1/4”)ÓÍÃÊÅ» A (1/4”)(6,35mm)(6,35mm) %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.
поставување _11 01 ПОСТАВУВАЊЕ НИВЕЛИРАЊЕ НА ЛАДИЛНИКОТ Сега кога вратите се вратени назад на ладилникот, треба да бидете сигурни дека ладилникот е нивелиран за да можете да правите финални подесувања. Доколку ладилникот не е нивелиран, ќе биде невозможно вратите да бидат наместени совршено еднакво. Предниот дел на ладилникот е исто така прилагодлив. Кога вратата на замрзнувачот е пониска од ладилникот Вметнете шрафцигер со рамна глава во засекот на ногарката, свртете го во насока спротивна од движењето на стрелките на часовникот или спротивно од движењето на стрелките на часовникот за да го нивелирате ладилникот. Кога вратата на замрзнувачот е повисока од ладилникот Вметнете шрафцигер со рамна глава во засекот на ногарката, свртете го во насока спротивна од движењето на стрелките на часовникот за да го нивелирате ладилникот. Погледнете во следниот приказ како на најдобар начин да изведете многу мали прилагодувања на вратите. ИЗВЕДУВАЊЕ НА МАЛИ ПРИЛАГОДУВАЊА НА ВРАТИТЕ Запаметете, нивелирањето на ладилникот е неопходно за совршено изедначување на вратите. Доколку ви е потребна помош, прегледајте ја претходната секција за нивелирање на ладилникот. Процесот на прилагодување е еднаков за двете врати. Отворете ги вратите и прилагодете ги, една по една, по следниот редослед: 1. Одвртете ја навртката 1 од долната шарка се додека не го достигне горниот крај на машинската завртка 2. Кога ќе ја ослободите навртката 1 , внимавајте да го користите вклучениот имбус клуч 3 за да ја одвртите машинската завртка 2 во насока спротивна од движењето на стрелките на часовникот. Тогаш ќе можете да ја одвртите навртката 1 со вашите прсти. 2. Прилагодете ја разликата во висината помеѓу вратите со вртење на машинската завртка 2 во насока на движење на стрелките на часовникот или обратно од насоката на движење на стрелките на часовникот . Кога ќе завртите во насока на движење на стрелките на часовникот , вратата ќе се придвижи нагоре. 3. Откако ќе ги прилагодите вратите, свртете ја навртката 1 во насока на движење на стрелките на часовникот додека не достигне до долниот крај на машинската завртка, потоа зацврстете ја машинската завртка со клуч 3 за да ја фиксирате навртката на своето место 1 . Доколку не ја зацврстите навртката, машинската завртка може да се разлабави. Ногарка Шрафцигер Шрафцигер д Ногарка Дел за подесување Кога вратата на замрзнувачот и повисока од ладилникот 3 2 1 КлучМашинска завртка Навртка жењенастрелкитен 3 2 Клуч Машинска завртка 3 2 1 КлучМашинска завртка Навртка %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.
12_ поставување ПРОВЕРКА НА ДОВОДОТ ЗА ДИСПЕНЗЕРОТ ЗА ВОДА (ОПЦИНАЛНО) Диспензерот за вода е уште една корисна карактеристика на вашиот нов Samsung ладилник. За промоција на подобро здравје, Samsung филтерот за вода ги отстранува несаканите честици од вашата вода. Меѓутоа, не стерилизира или уништува микроорганизми. Потребно е да набавите систем за прочистување за да го направите тоа. Со цел автоматот за мраз да работи правилно, потребен е притисок на вода од of 138 ~862 Kpa. Во нормални услови, 170 cc хартиена чашка може да биде наполнета за 10 секунди. Доколку ладилникот е поставен во простор со низок притисок на вода (под 138 Kpa), можете да инсталирате хидрофор за да го надоместите нискиот притисок. Внимавајте резервоарот за вода во ладилникот да биде правилно наполнет. За да го проверите ова, притиснете ја рачката на резервоарот за вода се додека не протече вода од излезот за вода. Вклучени се Пакувања за монтажа на водоводната мрежа. Можете да ги најдете во некоја од фиоките од замрзнувачот. ПОВРЗУВАЊЕ НА ДОВОДОТЗАДИСПЕНЗЕРОТ ЗА ВОДА За Внатрешен модел Делови за поврзување на доводот за вода Поврзување со цевката од доводот за вода1. прво, исклучете го главниот довод за снабдување со вода. 2. лоцирајте ја најблиската цевка за ладна вода за пиење. 3. следете ги упатствата за инсталација на цевката за вода во инсталационото пакување. 4. Откако ќе го поврзете доводот за вода со филтерот за вода, вратете го главниот довод за вода во претходна позиција и одвојте околу 1l за да го исчистите и подготвите филтерот за вода. Поврзување на цевката за вода со ладилникот 1. Отстранетего заштитното капаче против прашина од цевката за вода на задниот дел од единицата и додадете ја навртката за компресија од инсталациониот комплет. 2. Отстранете ја цевката за вода од инсталациониот комплет и додадете ја навртката за компресија на крајот. 3. Поврзете ги двете цевки користејќи спојница за компресија од инсталациониот комплет и внимавајте поврзувањето да биде цврсто. 4. Поврзете го другиоткрај од инсталационата цевка на главниот довод за вода и пуштете ја водата за да проверите дали протекува. Поврзете ја цевката за вода само со извор за вода за пиење. Доколку е потребно да ја поправите или да ја одвоите цевката за вода, пресечете 6.5mm од пластичната цевка зада обезбедите добро прилагодено поврзување без протекување. Пред да се користи, протекувањето на овие места треба да се испита. ВНИМАНИЕ Доводот на вода мора да биде поврзан на цевката за ладна вода. Доколку е поврзан на цевката за топла вода, тоа може да предизвикапречистувачот да не работи. Зацврстувач и завртки на цевката за вода Поврзувач на цевки Довод на вода Филтер за вода Затворете го ¢»Í½ÉËÀÍÀ го главниотглавниотДовод за водаДовод за вода Затворете го ¢»Í½ÉËÀÍÀ го главниотглавниотДовод за водаДовод за водаБЕЗ œ ¢ МЕЃУПРОСТОРМЕЃУПРОСТОР Отстрани ©ÍÌÍË»Èà КапачеКапаче Довод на водаДовод на водаод уредотод уредот Довод на водаДовод на водаод комплетотод комплетотБез œÀ меѓупростормеѓупростор ОдвртиОдврти ВНИМАНИЕ %3 JOEC4FD%3 JOEC4FD1.1.