Zanussi Zrt 324 W Bulgarian Version Manual
Have a look at the manual Zanussi Zrt 324 W Bulgarian Version Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 276 Zanussi manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.
Подвижни полици На ѕидовите на фрижидерот се монтирани низа држачи, така што полиците може да се наместат по желба. ВАЖНО Не поместувајте ја стаклената полица над фиоката за з е л е н ч у к з а д а н е ј а пореметите циркулацијата на воздухот. Местење на полиците на вратата За да се овозможи чување пакувања во разни големини, полиците на вратата може да се стават на различни височини. Постепено влечете ја полицата во насоката на стрелките додека не се ослободи, потоа наместете ја по желба. Помошни напомени и совети Нормални работни звуци • Кога разладното средство се пумпа низ намотките или цевките, може да се слуша звук на тивко гргорење и клокотење. Тоа е нормално. • Кога компресорот е вклучен, средството за ладење се пумпа низ системот и од него ќе слушате звуци на шумење и тропање. Тоа е нормално. • Термичката дилатација може да предизвика ненадејни звуци на пукање. Тоа е природен, безопасен физички феномен. Тоа е нормално. • Кога компресорот се вклучува или исклучува, ќе слушате слабо "кликање" на температурниот регулатор. Тоа е нормално. Совети за штедење енергија • Не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно. • Доколку околната температура е висока, регулаторот за температура е на најголемата поставка и апаратот е целосно наполнет, компресорот може да работи непрестано, што ќе предизвика формирање мраз на испарувачот. Ако се случи тоа, свртете го регулаторот за температура кон помалите вредности за да овозможите автоматско одмрзнување, со што ќе заштедите и електрична енергија. Совети за ладење свежа храна За да добиете најдобри перформанси: • не ставајте топла храна или течности што испаруваат во фрижидерот • покривајте ја или виткајте ја храната, особено ако има посилен вкус • ставајте ја храната така што воздухот може да кружи слободно околу неа Совети за ладење Корисни совети: Месо (сите видови) : виткајте го во пластични ќесички и ставајте го на стаклената полица над фиоката за зеленчук. Најбезбедно е да го чувате на овој начин само еден или најмногу два дена. 71
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба да се покриени и може да се стават на која било полица. Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво измиени и ставени во специјалните фиоки за нив. Путер и сирење: тие треба да се во посебните херметички садови или завиткани во алуминиумска фолија или пластични ќесички за да се спречи допирот со воздух. Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и да се ставаат на полицата за шишиња на вратата. Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако не се спакувани, не смеат да се чуваат во фрижидер. Совети за смрзнување За најдобро користење на смрзнувањето, еве неколку важни совети: • максималното количество храна што може да се смрзне за 24 часови е покажано на плочката со спецификации; • смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се додава храна за смрзнување во тој период; • смрзнувајте само квалитетна, свежа и убаво измиена храна; • поделете ја храната во мали порции за да може брзо и целосно да се смрзне и за да овозможите одмрзнување само на потребните количества; • завиткајте ја храната во алуминиумска или пластична фолија убаво и стегнато; • не дозволувајте свежата несмрзната храна да ја допира храната што е веќе смрзната, за да не ја загреете вторава; • немасната храна се чува подобро и подолго отколку масната; солта го намалува векот на чување на храната; • водениот мраз, ако се конзумира веднаш по вадењето од преградата на замрзнувачот, може да предизвика смрзнатици на кожата; • препорачливо е да се запише датумот н а с м р з н у в а њ е н а с е к о е п а к у в а њ е з а д а можете да водите сметка за времето на смрзнатост. Совети за чување смрзната храна За да добиете најдобри перформанси од апаратот, почитувајте ги следниве напомени: • проверувајте дали комерцијалните смрзнати прехранбени продукти биле соодветно чувани кај продавачот; • внимавајте смрзнатите прехранбени продукти да се пренесат од продавницата до замрзнувачот во најкраток можен рок; • не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно. • Штом ќе се одмрзне, храната се расипува брзо и не може повторно да се смрзне. • Не надминувајте го препорачаниот период за чување. Нега и чистење ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од струја пред да вршите каква било постапка за одржување. Апаратот содржи јагленохидрати во уредот за ладење; одржувањето и повторното полнење може да ги вршат само овластени техничари.Периодично чистење Опремата треба да се чисти редовно: • измијте ги внатрешноста и додатоците со млака вода со малку неутрална сапуница. • редовно проверувајте ги заптивките на вратата и бришете ги за да бидат чисти и без нечистотии. • избришете и исушете целосно. 72
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги и не оштетувајте ги цевките и каблите во фрижидерот. Не користете детергенти, груби прашоци, многу парфимирани средства за чистење или восок за полирање за чистење на внатрешноста, бидејќи така може да се оштетат површините и да остане силен мирис. Чистете ги кондензаторот (црната решетка) и компресорот од задната страна на апаратот со четка или правосмукалка. Со тоа се подобрува работењето на апаратот и се штеди електрична енергија. ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите системот за ладење. Многу средства за чистење кујнски површини содржат хемикалии што може да ја нагризат или оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа, се препорачува надворешноста на апаратот да се чисти само со топла вода со малку течност за миење. По чистењето, приклучете ја повторно опремата во електричната мрежа. Одмрзнување на фрижидерот Мразот автоматски се отстранува од испарувачот во фрижидерската преграда секогаш кога моторниот компресор ќе престане да работи во текот на вообичаената употреба. Водата од одмрзнувањето истекува во посебен сад од задната страна на апаратот, над моторниот компресор, од кој што испарува. Важно е повремено да се исчисти дупчето за истекување на водата од одмрзнувањето на средината на каналот во фрижидерската преграда за да се спречи прелевање на водата и нејзино капење врз храната внатре. Користете го приложениот специјален чистач, што ќе го најдете веќе вметнат во дупчето за истекување. Одмрзнување на замрзнувачот На полиците на замрзнувачот и околу најгорната преграда секогаш ќе се формира малку мраз. ВАЖНО Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm. За да го отстраните мразот, постапете на следниов начин: 1. Исклучете го апаратот. 2. Извадете ја храната, завиткајте ја во неколку слоја весник и ставете је на студено место. 3. Оставете ја вратата отворена. 4. Кога ќе заврши одмрзнувањето, исушете ја внатрешноста темелно и вратете го капакот на место. 5. Вклучете го апаратот. 6. Поставете го регулаторот на температурата да добиете максимално ладење и оставете го апаратот да работи два-три часа со оваа поставка. 7. Вратете ја извадената храна во комората. ВАЖНО Никогаш не користете метални алатки за гребење на мразот од испарувачот, зашто може да го оштетите. Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето освен оние што ги препорачува производителот. Покачувањето на температурата на смрзнатата храна за време на одмрзнувањето може да го скрати нивниот век на чување. 73
Периоди неработење Кога апаратот не се користи подолго време, преземете ги следниве предострожности: •откачете го апаратот од електричната мрежа • извадете ја сета храна • одмрзнете 24)и исчистете ги апаратот и сите додатоци • оставете ја вратата или вратите подотворени за да спречите непријатни мириси. Ако фрижидерот треба да остане вклучен, замолете некого да го проверува повремено за да не се случи храната да се расипе во случај на снемување струја. Што да сторите ако... ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред решавање на проблемите, извадете го приклучокот за струја од штекерот. Само квалификуван електричар или компетентно лице смее да ги решава проблемите што не се опишани во упатството.ВАЖНО За време на нормалната употреба се слушаат звуци (од компресорот и од кружењето на средството за ладење). ПроблемВеројатна причинаРешение Апаратот е бученАпаратот не е добро потпренПроверете дали апаратот стои стабилно (сите четири ногарки треба да се на подот) Апаратот не работи. Ламбата не работи.Апаратот е исклучен.Вклучете го апаратот. Приклучокот не е добро ставен во штекерот.Ставете го приклучокот во штекерот добро. Нема струја во апаратот. Нема напон во приклучокот за струја.Поврзете друг електричен апарат во приклучокот за струја. Контактирајте со квалификуван електричар. Ламбата не работи.Ламбата е неисправна.Видете во "Замена на ламбата. Компресорот работи непрекинато.Температурата не е поставена правилно.Ставете на повисока температура. Вратата не е правилно затворена.Видете во "Затворање на вратата. Вратата се отворала премногу често.Не оставајте ја вратата отворена подолго отколку што е потребно. 24) Ако е предвидено. 74
ПроблемВеројатна причинаРешение Температурата на продуктите е превисока.Оставете ги продуктите да се изладат до собна температура пред да ги ставите внатре. Собната температура е премногу висока.Намалете ја собната температура. Тече вода по задната плоча на фрижидерот.За време на автоматското одмрзнување, мразот се одмрзнува на задната плоча.Тоа е нормално. Во фрижидерот тече вода.Одводот за вода е затнат.Исчистете го одводот. Продукти спречуваат водата да тече во садот за вода.Проверете некој продукт да не ја допира задната плоча. Истекува вода на подот.Испустот за водата од одмрзнувањето не е во садот за испарување над компресорот.Ставете го испустот за вода од одмрзнувањето во садот за испарување. Температурата на апаратот е прениска.Температурата не е поставена правилно.Ставете на повисока температура. Температурата на апаратот е превисока.Температурата не е поставена правилно.Ставете на пониска температура. Вратата не е правилно затворена.Видете во "Затворање на вратата. Температурата на продуктите е превисока.Оставете ги продуктите да се изладат до собна температура пред да ги ставите внатре. Многу продукти се ставени истовремено.Ставајте помалку продукти истовремено. Температурата на фрижидерот е превисока.Во апаратот не кружи студен воздух.Овозможете кружење на студениот воздух во апаратот. Температурата во замрзнувачот е премногу висока.Продуктите се премногу блиски едни до други.Сместувајте ги производите така што ќе овозможите циркулација на студениот воздух. Има премногу мраз.Храната не е завиткана правилно.Завиткајте ја храната правилно. 75
ПроблемВеројатна причинаРешение Вратата не е правилно затворена.Видете во "Затворање на вратата. Температурата не е поставена правилно.Ставете на повисока температура. Замена на сијалицата Ако сакате да ја замените сијалицата, постапете вака: 1. Исклучете го апаратот од струја. 2. Повторно зашрафете го капакот од пумпата. 3. Откачете го подвижниот дел со притискање, како што е прикажано на сликата. 4. Заменете ја сијалицата со иста таква (максималната снага е прикажана на капакот на сијалицата) 5. Повторно зашрафете го капакот од пумпата. 6. Повторно зашрафете го капакот од пумпата. 7. Приклучете го апаратот повторно. 8. Отворете ја вратата и проверете дали се пали светлото. Затворање на вратата 1. Исчистете ги заптивките на вратата. 2. Ако е потребно, приспособете ја вратата. Видете во "Местење". 3. Ако е потребно, заменете ја неисправната заптивка на вратата. Јавете се во сервисниот центар. Технички податоци Димензија Височина1404 mm Широчина545 mm Длабочина604 mm Време на одржување 19 h Техничките информации се наоѓаат на плочката со спецификации од леватастрана внатре во апаратот и на етикетата за енергија. Монтажа ВНИМАНИЕ Прочитајте ги "Безбедносните информации" внимателно пред да го наместите апаратот за да бидете побезбедни и апаратот да работи правилно.Поставување Наместете го апаратот на место каде што околната температура е соодветна на климатската класа укажана на плочката со спецификации на апаратот: 76
Климатс ка класаОколна температура SN+10°C до + 32°C N+16°C до + 32°C ST+16°C до + 38°C T+16°C до + 43°C Задни разделници Во кесата со документите се наоѓаат два разделника кои мора да се монтираат како што е прокажано на сликата. 1. Вметнете ги разделниците во дупките. Уверете се дека стрелката (А) е поставена како што е прикажано на сликата. 2. Вртете ги разделниците во лево за 45°, додека не се вклопат. 45˚A Нивелирање Кога го поставувате апаратот, уверете се дека стои рамно. Ова може да се постигне со две вртливи ногалки на долниот дел од предната страна. 77
Местоположба Апаратот треба да се инсталира на добра оддалеченост од извори на топлина, како што се радијатори, бојлери, директна сончева светлина итн. Погрижете се воздухот да може слободно да струи околу задниот дел од апаратот. За да обезбедите најдобри перформанси кога апаратот е монтиран под некој висечки елемент, минималното растојание помеѓу горната страна од кабинетот и ѕидот мора да биде најмалку 100 mm. Во идеални услови, овој апарат не би требало да се поставува под висечки елементи. Правилното нивелирање се обезбедува со една или повеќе вртливи ногалки во основата на кабинетот. Ако кабинетот е поставен во агол, а страната со шарки е завртена кон ѕидот, растојанието помеѓу ѕидот и кабинетот мора да биде најмалку 10 mm за да може вратата да се отвора доволно за се извадат полиците.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Мора да овозможите апаратот да се исклучува од напојувањето; оттаму, по инсталацијата штекерот мора да биде лесно достапен. min.100 mm 15 mm 15 mm Менување на страната на отворање ВАЖНО За да ги изведете следните операции, предлагаме ова да го правите со помош на друго лице, што ќе ги држи цврсто вратите од апаратот додека работиите. З а д а ј а с м е н е т е н а с о к а т а н а о т в о р а њ е н а вратата, постапете вака: 78
1. извлечете го штекерот од приклучокот. 2. Отворете ја вратата од комората за замрзнување. Олабавете ја шарката.3. Полека извлечете ги вратите и отстранете ја шарката 1 2 3 4. На спротивната страна, извадете го маските на дупките.5. Одвртете ги двете вртливи ногалки и шрафовите на шарката од долната врата. Извадете ја шарката и монтирајте ја на спротивната страна. 6. Отшрафете го најдолниот шраф и монтирајте го на спротивната страна.7. Отшрафете го клинот што ја држи горната врата.8. Повторно зашрафете го на другата страна.9. Поставете ги вратите на клиновите и монтирајте ги. Монтирајте ја шарката. 3 2 1 79
10. На спротивната страна, монтирајте ги маските на дупките, испорачани во вреќичката со приборот. 11. Затегнете ја шарката. Уверете се дека вратите се порамнети.12. Извадете ја рачката и монтирајте ја 1) 13. Вратете го апаратот во својата положба, нивелирајте го и почекајте најмалку четири часа пред да го вклучите во струја. 1) Ако е предвидено Проверете уште еднаш: • дали сите шрафови се стегнати. • дали вратата се отвора и затвора правилно. Ако температурата на околината е ниска (не. пр. во зима), дихтунгот може да не прилега добро на кабинетот. Во тој случај, почекајте дихтунгот природно да легне. Доколку не сакате самите да ги изведувате горе наведените операции, обратете се во службата за односи со корисниците. Стручњак од службата за односи со корисниците ќе го изведе менувањето на насоката на вратите на ваш трошок. Поврзување на електриката Пред да го приклучите, проверете дали напонот и фреквенцијата прикажани на плочката со спецификации одговараат на вашата домашна електрична мрежа. Апаратот мора да биде вземјен. Приклучокот на кабелот за напојување со струја е со вземјување. Ако штекерот од домашната електрична мрежа не е вземјен, поврзете го апаратот со посебно вземјување во согласност со прописите за електрична енергија и откако ќе се посоветувате со квалификуван електричар. Производителот одбива каква било одговорност ако горенаведените безбедносни мерки не се испочитувани. Апаратот е во согласност со следниве Директиви на ЕЕЗ. Еколошки мерки Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во Вашето место на живеење. 80