Electrolux Ewf 106410 W User Manual
Have a look at the manual Electrolux Ewf 106410 W User Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 208 Electrolux manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.
12 3 4 5 6 1Фиока на дозерот за детергент 2Контролна табла 3Рачка за отворање на вратата 4Плочка со спецификации 5Одводна пумпа 6Ногарки за нивелирање Фиока за детергент Преграда за детергент, што се користи во фазата на претперење или киснење, или за средство за отстранување дамки, во фазата на дејство против дамките (доколку ја има). Детергентот за претперење и киснење се додава на почетокот од програмата за перење. Средството за отстранување дамки се додава во текот на фазата на дејство против дамките. Преградата за детергент во прав или за течен детергент се користи за главното перење. Aко користите течен детергент налејте го пред самото стартување на програмата. Преграда за течни додатоци (омекнувач, штирак). Следете ги препораките на производителот за количините што треба да се користат и не пречекорувајте ја ознаката „MAX“ во фиоката на дозерот за детергент. Сите омекнувачи или адитиви за штиркање мора да се налеат во преградата пред самото стартување на програмата за перење. electrolux 31
Табела со програми Со апаратот се испорачуваат разни табели со програми на разни јазици. Една е на предната страна на фиоката на дозерот за детергент, а другите сеприложени со упатството за употреба. Табелата на фиоката може лесно да се замени: извадете ја табелата од фиоката влечејќи ја надесно и ставете ја табелата со саканиот јазик. Контролна табла Подолу е слика на контролната табла. На неа се прикажани тркалцето на програматорот, како и копчињата, контролната сијаличка и екранот. Тие се претставени со соодветните броеви на следните страници. 12467893510 1Селектор на програми 2Копче за ТЕМПЕРАТУРА 3Копче за намалување на ЦЕНТРИФУГАТА 4Копче за ПРЕТПЕРЕЊЕ 5Копче за ДОПОЛНИТЕЛНО ПЛАКНЕЊЕ 6Копче за ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОК 7Екран 8Копче СТАРТ/ПАУЗА 9Контролна сијаличка за ЗАКЛУЧЕНА ВРАТА 10Копчиња на ВРЕМЕНСКИОТ УПРАВУВАЧ Табела на симболи = памучни= спортска опрема, благо = синтетика= специјални програми = чувствителни= температура = волна= ладно перење = свила= ноќен циклус = женска долна облека= запирање на плакнењето = цедење= предперење = плакнење= дополнително плакнење = центрифугирање= одложено почнување = економично= старт/пауза 32 electrolux
= лесно пеглање= вратата е заклучена = џинс= временски управувач (Time Manager) = спортска опрема, интензивно= блокада за деца Тркалце на програматорот Овозможува вклучување и исклучување на апаратот, како и одбирање програми. Температура Ова копче ви овозможува да ја зголемите или намалите температурата на перење. Намалување на брзината на центрифугата Со притискање на ова копче можете да ја намалите брзината на центрифугата за избраната програма или да ја изберете некоја од достапните опции. Задржано плакнење Со одбирање на оваа функција водата од последното плакнење не се црпи за да се спречи туткање на ткаенините. Пред да ја отворите вратата, неопходно е да се испушти водата. За да ја испуштите водата, прочитајте го поглавјето "Кога ќе заврши програма". Ноќен циклус Со одбирање на оваа функција машината нема да ја испушти водата од последното плакнење и сите фази за центрифугирање се исклучени за да не се истуткаат алиштата. Овој циклус за перење е многу тивок и може да се одбере за навечер или за периоди со поевтина струја. За некои програми плакнењата ќе се извршат со повеќе вода. Пред да ја отворите вратата, неопходно е да се испушти водата. За да ја испуштите водата, прочитајте го поглавјето "Кога ќе заврши програма". Претперење Со одбирање на оваа опција машината врши претперење пред главнотоперење. Времето за перење ќе биде подолго. Оваа опција се препорачува за многу извалкани алишта. Дополнително плакнење Апаратот е конструиран да штеди енергија. Ако е потребно плакнење на алиштата со дополнително количество вода (дополнително плакнење), изберете ја таа опција. Ќе се извршат неколку дополнителни плакнења. Оваа опција се препорачува за лица алергични на детергенти, како и за подрачја со многу мека вода. Одложен старт Со ова копче, програмата може да се одложи за 30 мин - 60 мин - 90 мин, 2 часа, па потоа по 1 час се до максимум од 20 часа. Старт пауза Ова копче ви овозможува да ја стартувате или да ја прекинете избраната програма. Временски управувач (Time Manager) Овие копчиња ви овозможуваат менување на времетраењето на програмата автоматски по предлог на апаратот. Контролна сијалица за заклучена врата Контролната сијалица 9 се пали кога ќе стартува програмата и укажува дали вратата може да се отвори: • свети: вратата не може да се отвори. Машината работи или престанала да работи, но има вода во кадата. • не свети: вратата може да се отвори. Програмата завршила или водата е исцрпена. • светлото трепка: вратата се отвора electrolux 33
Екран 7.47.57.1 7.27.3 Екранот ги прикажува следните информации: 7.1: •Траење на избраната програма По одбирањето програма, времетраењето се прикажува во часови и минути (на пример 2.05 ). Траењето се пресметува автоматски врз база на максималното препорачано полнење за секој вид на материјал. Откако програмата ќе стартува, преостанатото време се ажурира секоја минута. •Одложен почеток Избраното одложување, нагодено со притискање на соодветното копче, се појавува на екранот во траење од неколку секунди, па потоа повторно се прикажува траењето на избраната програма. •Шифри за тревога Во случај на проблеми во работењето, може да се прикажат некои шифри за тревога, на пример E20 ( п о г л е д н е т е г о пасусот „Што да сторите ако...“). •Неправилно одбирање на опција Доколку некоја опција не е компатибилна со нагодената програма за перење, во долниот дел од екранот на неколку секунди ќе се прикаже пораката Err , а вградената црвена сијалица на копчето 8 ќе почне да трепка. •Крај на програматаКога ќе заврши програма, се прикажуваат три нули што трепкаат, контролната сијаличка 9 и контролната сијаличка на копчето 8 се гаснат и вратата може да се отвори. 7.2: Икони за фазите на програмата за перење • Перење • Плакнења • Цедење • Центрифугирање Со бирање на програма за перење,во долниот дел од екранот се прикажуваат иконите за фазите од програмата, соодветни на разни фази од програмата. Откако ќе го притиснете копчето 8 , останува вклучена само иконата за тековната фаза. 7.3: Фаза на загревање За време на циклусот за перење, на екранот се прикажува икона за температура што покажува дека апаратот почнал со греењето на водата во кадата. 7.4: Икони за степен на валканост • Интензивно • Нормално • Секојдневно • Лесно • Брзо • Супер брзо • Освежување • Супер брзо 34 electrolux
Кога ќе се одбере програма, на екранот се појавува икона што го прикажува степенот на извалканост што машината го предлага автоматски.7.5: Безбедносно заклучување за деца (видете пасус „Безбедносно заклучување за деца“). Прва употреба • Проверете дали електричните и водоводните поврзувања се согласни со упатствата за местење. • Отстранете ги блокот од стиропор и сиот останат материјал од барабанот. • Истурете 2 литри вода во главната преграда за перење на фиоката на дозерот за да се активиравентилот ECO . Потоа вклучете циклус за памук на највисока температура, без алишта во машината, за да ги отстраните производните остатоци од барабанот и кадата. Турете 1/2 мерка детергент во фиоката за главно перење на дозерот и вклучете ја машината. Персонализација Звучни сигнали Машината е опремена со звучен уред кој се огласува во следните случаи: • на крајот од циклусот • ако има дефект. Откако истовремено ќе ги притискате копчињата 4 и 5 околу 6 секунди , звучниот сигнал се исклучува (освен во случај на дефект). Со повторно притискање на овие 2 копчиња, звучните сигнали повторно се вклучуваат. Безбедносна блокада за децата Овој уред Ви дозволува да го оставите апаратот без надгледување и да не се грижите за тоа дека децата може да сеповредат или да го оштетат. Оваа функција останува вклучена и кога машината не работи. Има два начина да се нагоди оваа опција: 1. Пред да го притиснете копчето 8 : стартувањето на машината е невозможно. 2. Откако да го притиснете копчето 8 : менувањето на која било друга програма или опција е невозможно. За активирање или дезактивирање на оваа опција притискајте ги истовремено околу 6 секунди копчињата 5 и 6 , до де к а иконата не се појави или изгуби од екранот. Секојдневна употреба Полнење на алиштата Отворете ја вратата со внимателно влечење на рачката кон надвор. Ставете ги алиштата во барабанот, едно по едно, протресувајќи ги што е можно повеќе. Затворете ја вратата. electrolux 35
Измерете детергент и омекнувач Извлечете ја фиоката од дозерот додека не застане. Измерете ја количината потребен детергент, всипете ја во главната преграда или во соодветната преграда, ако тоа го бара избраната програма/опција (повеќе детали ќе најдете во "Фиока на дозерт за детергент"). Доколку е потребно, всипете омекнувач во преградата означена со (количината не смее да ја надмине ознаката "MAX" во фиоката). Полека затворете ја вратата. Изберете ја потребната програма со вртење на бирачот на програми (1) Завртете го бирачот на програми на потребната програма. Машината за перење ќе предложи температура и автоматски ќе избере максимална вредност на центрифугирање, достапна за избраната програма. Овие вредности можете да ги промените со притискање на соодветните копчиња. Зелената контролна сијалица од копчето 8 п о ч н у в а да трепка. Програматорот може да се врти в десно или в лево. Свртете го во положба за ресетирање на програмата/исклучување на машината. На крајот на програмата, програматорот мора да биде свртен во положба , за да ја исклучите машината. ВНИМАНИЕ А к о г о з а в р т и т е б и р а ч о т на некоја друга програма, додека машината работи, црвената контролна сијалица од копчето 8 ќе трепне 3-пати и ќе се прикаже пораката за грешка Err за да укаже на погрешното бирање. Машината нема да ја изведува новата избрана програма. Копчиња за опциите на програмите Зависно од програмата, може да се комбинираат различни функции. Тие мора да се избираат по одбирање на саканата програма и пред притискање на копчето 8 . 36 electrolux
Изберете ја температурата со притискање на копчето 2 Со бирање на програма, уредот автоматски прелага зададена температура. Доколку сакате да ги перете алиштата на друга температура, притискајте го ова копче повеќепати за да ја зголемите или намалите температурата. Намалете ја брзината на центрифугата со притискање на копчето 3 Кога ќе се одбере програма, апаратот автоматски ја предлага максималната брзина за центрифугирање овозможена за таа програма. Притискајте го копчето 3 повеќепати за менување на брзината на центрифугата ако сакате алиштата да се вртат со друга брзина. Светнува соодветната сијаличка. Одберете ги достапните опции притискајќи ги копчињата 3, 4 и 5 Зависно од одбраната програмата, може да се комбинираат различни функции пред да се притисне копчето 8 . По одбирањето опција, се пали соодветната контролна сијаличка. Ако се одбере неправилна опција, вградената црвена сијаличка на копчето 8 трепнува 3 пати и пораката Err се појавува на екранот неколку секунди. За компатибилноста на програмите за перење и за опциите, погледнете го поглавјето „Програми за перење“. Одберете го одложеното почнување притискајќи го копчето 6 Пред да почнете програма, ако сакате да го одложите почнувањето, притискајте го копчето 6 повеќепати за да го одберете саканото одложување. Се пали соодветната сијаличка. Одбраната вредност на времето за одложување (до 20 часови) ќе се појави на екранот неколку секунди, а потоа повторно ќе се појави времетраењето на програмата. Мора да ја одберете оваа опција откако сте ја поставиле програмата и пред да го притиснете копчето 8 .Може да го откажете или смените времето на одложување кога било пред да го притиснете копчето 8 . Одбирање на одложеното почнување: 1. Одберете ги програмата и потребните опции. 2. Одберете го одложеното почнување притискајќи го копчето 6 . 3. Притиснете го копчето 8 : – машината почнува со одбројувањето часови. – Програмата ќе почне по истекувањето на одбраното одложување. Откажување на одложеното почнување откако ќе се притисне копчето 8 : 1. Поставете ја машината за перење на ПАУЗА притискајќи го копчето 8 . 2. Притиснете го копчето 6 еднаш за да се прикаже симболот 0' 3. Притиснете го копчето 8 повторно за да ја почнете програмата. ВАЖНО Одбраното одложување може да се смени само после повторно одбирање на програма за перење. Одложеното почнување не може да се одбере со програмата Црпење . Стартувајте ја програмата со притискање на копчето 8 За да ја стартувате избраната програма, притиснете го копчето 8 , зелената контролна сијалица од копчето 8 престанува да трепка. За да ја прекинете програмата што е во тек, притиснете го копчето 8 : зелената контролна сијалица почнува да трепка. За да ја продолжите програмата од точката каде што била прекината, притиснете го копчето 8 . Ако сте избрале одложен старт, машината ќе почне да одбројува. Ако сте избрале погрешна опција, црвената контролна сијалица од копчето 8 ќе трепне 3-пати и во траење од неколку секунди ќе се прикаже пораката за грешка Err . Изберете ја опцијата Временски управувач со притискање на копчето 10 Со повторено притискање на ова копче, траењето на циклусот на перење се зголемува или се намалува. Иконата за нивото на извалканост ќе се појави на electrolux 37
екранот за да го прикаже одбраното ниво на извалканост. Оваа опција е достапна само со програмите Памук , Синтетика и Чувствителни . Ниво на валканостИконаВид на ткаенина ИнтензивноЗа многу валкани алишта НормалноЗа нормално валкани алишта СекојдневноЗа секојдневно валкани алишта ЛесноЗа малку валкани алишта БрзоЗа многу малку валкани алишта Супер брзо 1)За предмети, кои се користени или носени кратко време Освежување1) 2)Само за освежување алишта Супер брзо 1) 2)Само за освежување многу малку алишта 1) Препорачуваме да ја намалите количината на полнење (погледнете ја табелата Програми за перење). 2) Кога ќе ја изберете оваа опција, соодветната икона ќе се појави само на кратко, а потоа веднаш се губи. Менување опција или пуштање програма Менувањето на некои опции е можно пред извршување на програмата. Пред да извршите каква било промена, мора да го ПАУЗИРАТЕ апаратот притискајќи го копчето 8 ( а к о с а к а т е д а ј а смените опцијата Одредување на времето, мора да ја откажете програмата во тек и повторно да одберете програма). Менувањето на програма во тек е можно само со нејзино ресетирање. Свртете го програматорот на , а потоа на новата програмска положба. Почнете ја новата програма притискајќи го копчето 8 повторно. Водата за перење во кадата нема да се испразни.Прекинување на програма Повторно притиснете го копчето 8 за да ја прекинете програмата, која е во тек, соодветната зелена контролна сијалица ќе почне да трепка. Повторно притиснете го копчето за да ја одново да ја стартувате програмата. Откажување програма Свртете го тркалцето на програматорот на за да ја откажете пуштената програма. Сега можете да изберете нова програма. Отворање на вратата Откако програмата ќе стартува (или во текот на одложеното време) вратата е заклучена, ако сакате да ја отворите, прво ставете ја машината на ПАУЗА со притискање на копчето 8 . По неколку минути контролната сијалица 9 се гаси и вратата може да се отвора. Ако контролната сијалица остане запалена, тоа значи дека машината веќе се загрева или дека нивото на водата е превисоко. Како и да е, не обидувајте се да ја отворите вратата на сила! Ако не можете да ја отворите вратата, а ви треба да ја отворите, ќе мора да ја исклучите машината со вртење на бирачот на O . По неколку минути вратата може да се отвори (обратете внимание на нивото и температурата на водата!) . Откако ќе ја затворите вратата, одново ќе треба да ги нагодите програмата и другите опции и да го притиснете копчето 8 . Kога ќе заврши програмата Машината запира автоматски. Три 0.00 кои трепкаат се појавуваат на екранот, а контролната сијалица на копчето 8 се гасне. Се огласуваат звучни сигнали. Ако е одбрана програма или опција што завршува со вода во кадата, вратата останува заклучена како показател дека водата мора да се испушти пред да се отвори вратата. Постапете на следниов начин за да ја испуштите водата: 1. Завртете го програматорот на O . 2. Одберете програма за испуштање водата или за центрифугирање. 38 electrolux
3. Доколку е потребно, намалете ја брзината на центрифугирање притискајќи го соодветното копче. 4. Повторно притиснете го копчето 8 . На крајот на програмата, вратата се ослободува и може да се отвори. Завртете го програматорот на O за да ја исклучите машината.Извадете ги алиштата од барабанот и внимателно проверете дали барабанот е празен. Доколку немате намера да изведувате друго перење, затворете ја славината. Оставете ја вратата подотворена за да спречите создавање на мувла и непријатни миризби. Нега и чистење Подготвеност : штом ќе заврши програмата, по неколку минути ќе се вклучи системот за штедење енергија. Осветленоста на екранот се намалува.Апаратот ќе излезе од состојбата за штедење енергија со притискање на кое било копче. Помошни напомени и совети Сортирање на алиштата Следете ги шифрираните симболи за перење на секој дел од облеката и упатствата на производителот за перење. Сортирајте ги алиштата на следниот начин: бели, во боја, синтетика, чувствителни, волнени. Пред ставање на алиштата Никогаш не перете заедно бели и шарени алишта. Белите би можеле да ја изгубат својата "белина" при перењето. Новите шарени алишта може да испуштат боја при првото перење; затоа треба да се перат одвоено првиот пат. Закопчајте ги навлаките за перници, патентите, куките и дрикерите. Заврзете ги ремените или долгите ленти. Отстранете ги тврдокорните дамки пред перење. Истријте ги особено извалканите места со специјален детергент или паста. Третирајте ги завесите со посебна грижа. Извадете ги куките за закачување или заврзете ги во вреќа или мрежа. Отстранување дамки Можно е, тврдокорните дамки да не излезат само со вода и детергент. Оттаму, препорачуваме да ги третирате пред перењето. Крв: третирајте ги свежите дамки со студена вода. Кај исушените дамки, натопете преку ноќ во вода соспецијален детергент, па потоа истријте со сапун и вода. Боја на база на масло: натопете со бензински отстранувач на дамки, положете го делот од облеката на мека крпа и тапкајте ја дамката; повторете повеќепати. Исушени дамки од маст: натопете со терпентин, положете го делот од облеката на мека подлога и тапкајте ја дамката со памучна крпа на врвовите од прстите. Рѓа: оксална киселина, растворена во жешка вода или производ за отстранување рѓа, кој се користи студен. Внимавајте кај старите дамки од рѓа, бидејќи целулозната структура веќе е оштетена и ткаенината може да се продупчи. Дамки од мувла: третирајте ги со белило и добро исплакнете (само за бели алишта и алишта со трајни бои). Трева: насапунете малку и третирајте со белило (само за бели алишта и алишта со трајни бои). Пенкало и лепило: натопете со ацетон 2), положете го делот од облеката на мека крпа и тапкајте ја дамката. Кармин: натопете со ацетон, како што е опишано погоре, па потоа третирајте ги дамките со метилни алкохоли. Третирајте ги сите преостанати трагови со белило. Црвено вино: натопете во вода и детергент, исплакнете и третирајте со 2) не употребувајте ацетон на вештачка свила electrolux 39
ацетатна или лимонска киселина, па потоа исплакнете. Третирајте ги сите преостанати трагови со белило. Мастило: зависно од типот на мастилото, прво натопете ја ткаенината со ацетон 2) , па потоа со ацетатна киселина; третирајте ги сите преостанати трагови на белите алишта со белило, па потоа добро исплакнете ги. Дамки од катран: прво третирајте со отстранувач на дамки, метилни алкохоли или бензин, па потоа истријте со детергент во паста. Детергенти и адитиви Добрите резултати на перењето зависат и од изборот на детергент и од користењето на правилните количества за да се избегне непотребно трошење и да се заштити животната средина. Иако биолошки се разградуваат, детергентите содржат материи што во големи количества можат да ја разнишаат чувствителната рамнотежа на природата. Изборот на детергентот ќе зависи од типот на ткаенината (чувствителна, волнена, памучна итн.), бојата, температурата на перење и степенот на валканост. Со овој апарат може да се користат сите вообичаено достапни детергенти за машини за перење: • прашоци за перење за сите видови ткаенини • прашоци за перење за чувствителни ткаенини (до 60°C) и волна • течни детергенти, претежно за програми за перење на ниски температури (до 60°C) за сите видови ткаенини или специјални само за волна. Детергентот и адитивите мора да се ставаат во соодветните прегради нафиоката на дозерот пред почнување на програмата за перење. Ако користите течни детергенти, мора да се одбере програма без претперење. Вашиот апарат е опремен со систем за кружење што овозможува оптимално трошење на концентрираниот детергент. Почитувајте ги препораките на произведувачот за количествата што треба да се употребуваат и не ставајте повеќе од ознаката "MAX" на фиоката на дозерот за детергент . Количество детергент што треба да се користи Видот и количеството детергент зависи од видот ткаенина, полнењето, степенот н а и з в а л к а н о с т и т в р д о с т а н а в о д а т а ш т о се користи. Следете ги упатствата на производителот на производот за количествата што треба да се користат. Користете помалку детергент ако: • перете помалку алишта, • алиштата не се многу извалкани, • во текот на перењето се создаваат големи количества пена. Степени на тврдост на водата Тврдоста на водата е класификувана во таканаречени "степени" на тврдост. Информациите за тврдоста на водата во вашето подрачје можете да ги добиете од одговорното претпријатие за водоснабдување или од локалните служби. Ако степенот на тврдоста на водата е среден или висок, препорачуваме да додадете омекнувач на вода секогаш следејќи ги упатствата на производителот. Кога степенот на тврдост е низок, приспособете го количеството детергент. 40 electrolux